бубаче ја стварно незнам зошто ти ги дал ако не си ги побарала самата ти за заштита од бременост и не се пие по пола апче него секој ден по едно сепак види си ти со гинекологот
Не ги побарав сам ми ги напиша и ми рече за хормони +. Прошлата менструација ми подрани 6 дена + 3 месеци пред добивање имам кошмари,а сега и ми се врти во сон. Јас тоа му го кажав и сам ми ги пиша тие. Јас само прашав какви се и дали е некој поупатен.
Јас крварев без престан од Јасмин. Ама премногу. Бев на доктор и ми ги сопре веднаш, па откако ги прекинав уште 2 цели недели крварев. Ми кажа дека е заради хормонот, телото не ми прифаќало вештачки хормон, и ако е ретка несакана појава, кај мене се јави. Ако продолжиш да крвариш, прашај доктор.
Дали некој кога почнал да ги пие апчињата осетил дека дека се дебелее поради нив? Пред 3-4 години ми беа препишани Диане поради хормонални акни, ама се поправив 3-4 кила за тој месец и ги оставив. Сега сакам пак да почнам (во консултација со гинеколог) ама не по секоја цена.
Кога прашав гинеколог рече дека реално не би требало да се дебелее од микрогинон У мојот случај мислев дека се дебелеам од нив и без нив беше исто Може да се задржува само повеке течности па да бидеш со некои отоци па да ти изгледа дека се поправаш научно немало шанси да се поравиш од нив
Леле јас овој месец се убив од кошмари сонување, вивидни, реални соништа, да не знаеш дали е сон или вистина. Никој не знае како, ама поврзани се соновите со хормоните. Дури и трудниците во рана бременост често имале вивидни соништа. Многу чудна појава.
Јас имам 3 месеци кошмари пред добивањее + прашав во соодветна тема. 3 месеци не спијам асално 7 дена ко што треба, се будам исплашено.А кога ќе помине менструацијата се си е по старо. Пиев б6 не ми помогнаа А сега последниве 3 дена имам и вртоглавици во сон. Јас не сум никогаш користела контрацепција и не знам ништо за нив, сега го прочитав упатството и страв ми е да ги земам.
Јас имам пиено Јаз (исти состав како Јасмин) скоро 9 месеци. И јас паничев за упатството, ама искрено додека ги пиев менструацијата ми беше раат. Без ПМС, без болки, немав никакви негативни ефекти. Е сега, откако настапи топлото, почнав да добивам грчеви во мускулите, страшни и болни. Станав анксиозна. На крај не можев да се трпам, па ги оставив. За неколку недели, додека да ми се исчисти телото од хормоните - ми поминаа најстрашните грчеви. Плус, пред тоа никогаш немав редовна менструација (до датумот), а од кога престанав да ги пијам 6 месеци не ми задоцни ни еден ден, ниту ми беа болни менструациите (овој месец прв пат) Читав дека контрацептивните таблети ја намалуваат концентрацијата на витамините во телото. Пиј ги, ама споредно со нив и магнезиум и витамин ц. Недостатокот на магнезиум предизвикува анксиозност и грчеви во мускулите (значи може тоа да ми било). Друго, не се здебелив ни грам, напротив, ослабев и навистина многу убаво се чувствував во своето тело
Сакам да почнам да пијам контрацептивни таблети, но не сум пиела до сега. Дали ќе ми даде рецепт гинекологот иако немам проблеми освен акните? Искрено и незгодно ми е да побарам.
Како нема да ти даде, па гинеколог е доктор кој треба да ти даде рецепт за контрацептивни лекови. Нема зошто да ти е незгодно, побарај. Дури можеш и да разговараш за акните, да провериш хормони, провери дали имаш цистички на јајниците итн.
Проверив и немам, а хормоните ми беа на горна граница пред неколку месеци, но не над неа. Па затоа и не знаев дали ќе ми даде. Од друга страна веќе 10 год. Се мачам со акните, а дерматолозите ми викаа ,,Од хормоните ти е, ќе се среди'' Фала многу за одговорот.
Нема на што. Побарај слободно, мислам дека најчесто Yaz таблетите ги даваат за полицистични јајници. Инаку акните не мора да се од хормони, можеби имаш таков тип на лице, таков случај сум јас. Хормони во нормала, тироида исто, а комбинирана кожа со комедони кои често постануваат акни. Од прашина и нездрава исхрана состојбата драстично се влошува.
ми препиша гинекологот јаз за пцос исега да ве прашам затоа што не знам кога ке добијам, не ми е регуларна дали ќе има проблем ако почнам од денес со апчето ? Што е разликата ако се почне сега и на прв ден од циклус ?
Малку глупаво прашање, ама прв пат ќе користам контрацептивни таблети, па некои работи не ми се јасни. Ќе пијам контрацептивни таблети Јаз. Е сега треба да ги пијам од првиот ден кога ќе ми дојде циклусот, е сега ме интересира ако ми дојде на пример во 21ч или покасно, треба ли веднаш да се напијам апче или утрето? Може звучи смешно, ама не знам.
Од утредента си почни ако ти дојде после 17ч. И гледај да ги пиеш навечер. Полесно ќе ти е ако недај боже ти се јават некои нус појави
Кога и да ти претече макар и една точка црвено тоа е прв ден циклус и почнувај пример ако ти дојде во 21часот ти пиј у 22 часот апче и наредна вечер у 22 часот поубаво е навечер да ги пиеш баш од тие њус појави гадење повракање наутро ако ги пиеш се поизразени