1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. Aleksandra789

    Aleksandra789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    460
    Бидејки сум во процес за ивф, дали е дозволено секс т. Е. Желба за секс јака хаха дали е добро сето тоа.. А и цигарите дали се дозволени со таблетите
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.980
    Допаѓања:
    167.772
    ти од сексот едино можеш некоја инфекција сеа коа не треба да закачиш така да секс со кондом не гледам зошто не би имала до некој ден пре да биде пункцијата
    за поточно прашај си во темата вештачко оплодување
     
  3. Aleksandra789

    Aleksandra789 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    460
    Ти благгодарам
     
  4. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Ги пијам диане 35 веке 6месеци..Некаде после 4-от месец после циклус два три дена немам ништо потоа ми потекува како црна крв пак околу два три дена така ми прави и потоа немам ништо..Дали е од апчињата дали е нормално оваа.?
     
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    здраво на сите, имам 19 години и прв пат ќе се соочам со вакви таблети па затоа би сакала некој кој ги користел да ми одговори. Завчера бев на гинеколог и ми кажа дека десниот јајник ми е зголемен и полицистичен но дека не е опасно, претходно и сама имав прашано за контрацептивни таблети но докторката инсистираше прво да направи преглед . Освен горенаведениот проблем немаше ништо друго и ми кажа дека не постои пречка за да пијам таблети. Ми препиша микрогинон. Се уште не сум почнала да ги пијам бидејќи чекам да добијам. Ме интересираат неколку работи. Прво ме интересира кога треба да започнам да ги пијам бидејќи кога прашав докторката не одговори конкретно а во упатството пишува дека првото пакување се пијат од првиот ден кога ќе добиеш но може и било кој ден од 2-5 тиот. Е сега не можам да и се јавам и да ја прашам бидејќи замина на одмор а според календарот утре треба да добијам. Ако некој има искуство со овие таблети ќе ве молам да споделите и позитивно и негативно. Мене само ми е страв да не покачам некој килограм од нив. И ако знаете ве молам кажете од кога да започнам да ги пијам. Благодарам однапред.
     
  6. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Започни ги на првиот ден кога ќе ти дојде. Инаку за килажа не знам да ти кажам, кај мене не влијаеа на тоа. Сепак на секој организам различно делуваат. Започни да ги пиеш и веќе во првите два месеца ќе забележиш дали ти влијаат добро на организамот или не. :)
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Почни ги кога ќе добиеш.
    И за килажата е индивидуално, јас пиев Јаз и ослабнав ненормално, некои се поправаат.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Фала ви многу, ќе видам како ќе бидат:)
     
    На HoneyBun и DAngel им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.980
    Допаѓања:
    167.772
    јас пијам микрогинон некои 5години со неколку паузи од месец два
    микрогинон се почнуваат од прв ден на циклус ,се пијат секој ден во исто време
    од кога ке ги изпиеш сите21 капсула во рок од 2-5дена ке добиеш циклус кој ке биде ептен слаб и со потемна боја -кафена
    Новото пакување се почнува на 8миот ден од како ке го изпиеш последното апче
    ако ги почнеш од прв ден на циклус си веднаш заштитена од бременост ,ако ги почнеш 2-5 ден во наредните 7 дена треба да користиш заштита дополнителна
    тоа е нормален циклус темно кафена боја и ептен слабо шо дури исо секојдневна влошка можиш да го поминеш циклусот
     
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    е сега не разбрав за второто пакување кога да го почнам?
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.980
    Допаѓања:
    167.772
    8ма ден од последно изпиено апче
    пр последно пиеш петок и наредно почнуваш 8 ма ден т,е,сабота
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Правиш цели 7 дена пауза и го почнуваш на осмиот. Значи ако си го испила последното во понеделник, следниот вторник го почнуваш следното пакување.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883

    леле фала ви јас мислев штом ги испијам веднаш нови се почнува .. инаку дали и вие пиете од истите? ви се појави некаков проблем?
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.980
    Допаѓања:
    167.772
    ако прочита погоре ке видеше дека пишав дека јас ги пијам микрогинон веке некои 5 години
     
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    го видов твојот пост ама прашав за другата девојка инаку може ли да ми кажеш како ти влијаат?
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ако има 21 се прави 7 дена пауза. Еден циклус на било кои таблети треба 28 дена да ти е. Не сум ги пиела микрогинон, пиев јас некои 7-8 месеци. Во однос на циклус: хормони, слабеење, немаб болки, краток циклус. Ги прекинав своеволно и не би ги пиела пак, иако ми делуваа супер физички, мислам дека ми предизвикаа голема анксиозност. Иако веројатно не беше целосно од нив, ама кога е соочуваш нешто, самата помисла дека пиеш нешто секој ден ти ствара додатна нервоза.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Девојки сега и јас имам нешто даа прашам..Прв пат користев таблети Јасмин ми ги препорачаа тие ги земав..Пиев 21 ден и нели треба 7 дена пауза..На 3 ден од паузата ми дојде менструација ама само две три капки и тоа кафеаво не црвено..Вториот ден исто на влошката едно кругче извалкана ни лафеаво ни црвено..Еве денеска 3 ден од менструација цел ден немам ништо..Што можи да е? Јас и онака имав само 3 дена менструација ама си имав крварење и болки а сега вака..Матичната мие во пон на работа сабота и недела не работи па затоа сакав ваше мислење да слушнам..фала ви
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ништо не ти е, нормално е циклусот да ти е намален кога пиеш таблети. Не се здебелува ѕидот на матката и нема што да се лупи. Она малкуто е ептен од што паднале хормоните па мора нешто да се случува.
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Фала ти многу :):)и уште ова те молам..во тие 7 дена можиш да имаш однос нормално или мора заштита?
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Можеш да имаш однос нормално.
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.