Ама пишува во упатството дека незаштитен секс се практикува после 7мата таблета, а јас тој ден ја пиев третата
Не мисли, од мислење глава боли. Ако не веруваш прочитај си го упатството. Или консултирај се со твојот гинеколог. Правилото за 7 дена важи за кога ги почнуваш пилулите за прв пат.
100 пати го прочитав и не знаев паника ме фати. Норлевото секако ме спасува така да не знам. Можеби згрешив што го испив но не би ризикувала ..
Едноставно паника ме фати. Пред две години прв пат пиеб норлево и ми направи хаос во организмот и затоа не сакав сега пак да минувам низ истото. Го испив за да бидам сигурна. Ме очекува стресен период и не би сакала дополнително да се плашам од ризикот за бременост.
здраво женски, од понеделник сакам да почнам со контрацептивни таблети поради заштита, несакам да одам на гинеколог зошто бев пред 4-5 дена се е во ред, ама заборавив да му кажам на гинекологот да ми препиши, е сега кои таблети се најдобри и како треба правилно да се користат, дали можи некоја да ми кажи, инаку утре ми завршува менстр.
Оди пак и прашај. Не се зема така. Гинекологот ке ти каже кои ти одговараат. Не е исто за сите. На некои им одговараат од еден бренд на некои од друг. Не се сите исти. Мене ми препиша микрогинон а мислев да земам Јасмин бидејќи голем дел од девојките ги користат.
Како така тебе ти текнало ејјј ај од понеделник ке почнам со контрацепција? Слушај девојче си има точно определен ден кога се започнува Кај некој е на прв ден кај некој на трети пети ден од циклус Ке се вратиш кај докторот ке проверите хормони и според тоа ке ти препише
Како си со микрогинонот? Нешто њус појави? Колку време ги земаш? И јас сум со истите па чисто за искуство те прашав
Јас не знам зошто не ги препишуваат микрогиномот, а реално најевтини се (нели?) Плус исто се со мала доза на хормони. Најмала имаат Јаз, затоа се прави само 4 дена пауза на нив. Јасмин и јаз имаат исти хормони, а кај микрогиномот е различен синтетичкиот хормон. @Fallen.Angel слободно може да свршува во тебе ако правилно пиеш контрацепцијата. Нема потреба да паничиш друг пат. И на сите што запнавте дека се труела, на крај краева, нејзин избор е. Јас имав милиони позитивни едекти од хормонската контрацепција. Од редовни и тотално безболни менструации до слабеење, до се и сешто. И замислете, не ме натера дечко ми затоа што не му се носело кондом, напротив, целосен противник беше. Сама си ја земав, мој избор беше. Сама си ја престанав, исто по мој избор. Сум имала дечковци кои не сакале кондом па инсистирале да земам контрацепција и никогаш не сум. Да се вратам сега со нив пак не би зела. Макар да ни со овој веќе не би, ама на крај краева и почнување и престанувањето си беше целосно мој избор.
Јас терам некоја 5-6година со паузи од месец два годишно Раат Точно до саат знам кога ке добијам ни болки ни ништо ептен оскудно Штом правам пауза одма имам фоликули и хормоните ми се ок И јас тоа викам шо не ги препишуваат микрогинон ама не заборавај имаат процент од јаз /јасмин а од микрогинон неможе да имаат стари производи де Нез дали си приметила дека на биро кај гинеколог ги имаат на биро дирекно спремни готови рецепти од јасмин или јаз од оние испринтани у боја готови ливчиња Тие им ги даваат они шо одат по ординации трговските патници тука пага процентот
Добро терам. Прво кога почнав имсв неколку дена крварење кое се смири брзо.Малку приметив на градите имав видливи вени, сега и тоа го нема. полека се ми се среди. Ги почнав на прв ден од циклус. Менструацијата ми траеше по 5 дена а сега само 3 дена крварам и немам никакви болки.
Прв месец ти е? Јас повеке години на нив и сум презадоволна Можно е првите 2-3 месеци да ижаш точкесто крварење измегу циклусите додека се навикне организмот и е нормално Би требало да имаш циклус крсток о многи оскуден некогаш и со секојдневни влошки поминувам односно најчесто Заштитена си од бременост уште од прв ден да си знаеш Најбитно е аларм на тел и секој ден у исто време да го пиеш
3то пакување почнав во понеделникот. Пијам секој ден ама не баш секогаш во исто време. се случува да задоцнам 2-3 часа
Да задоцниш 2-3 часа не влијае на заштитата, ама влијае на стабилноста на хормоните. За да имаш што е можно помалку несакани ефекти - пиј ги секој ден во исто време. намести си аларм.
Аларм на тел и немаш гајле Ок е да има разлика од саат два ама некогаш редко коа ке заборавиш а вака сркој ден гледај у исто време да ги пиеш
А да прашам. Имав сретнато некаде декс можам да ги пијам без пауза колку сакам. Сте пиеле така? Можеби ќе треба да патувам следниот месец па не знам дали да пијам 2 кутии без пауза.
Можеш, ама зошто? Ти претставува векој проблем да направиш пауза? Макар да, за сѐ најдобро да си се консултираш со гинеколог.