Така ами како поинаку? Зошто ти е пауза? Многу лошо е да му правиш шок на организмот еднаш пијам еднаш не Ја паузирам еднаш годишни или еднаш на две години а не ни мора са паузирам ама ај ја така сакам инаку др кажа нема потреба од пауза Терај си ги
Не ја разбра. Збори за 7 дена пауза да не прави. Инаку за другата пауза, да, дефинитивно не треба престани па почни. Да си ги пиеш додека не решиш да ги престанеш.
Па кажав дека ќе патувам за да не се мислам кога се почнува следата кутија и такви работи и да не ги изумам.
Zdravo, imav odnosi i se skina kondomot ispiv tableta za kontracepcija odma od koga decko mi svrsi vo mene. Posle kolku vreme mozam da imam odnosi
Испи таблета за контрацепција или апче за ден потоа? Како се вика апчето што го испи? Секс можеш одма да имаш.
Гинекологот ми препиша да пијам Микрогинон 6 месеци. Е сега правев пап тест се си е ок, ехо исто, испитував и хормони тестостеронот ми е покачен и ми кажа дека заради тестостеронот што ми е покачен имам акни. Ме интересираат тие контрацептивни таблети бидејќи за другите сум слушнала за Јаз, Јасмин, Диане за овие не многу. Ме интересира дали помагаат, дали на некоја лично тука и помогнала, дали им се очистило лицето. Ми кажа кога ќе ми дојде нареден месец да почнам најдобро од вториот ден да ги пијам и кога сите апчиња ќе ги испијам ново пакување да почнам нареден пат кога ќе ми дојде циклусот. Мислам дека @ALISA0000 ги имаш пиено? па ако сакаш са нив мислење да ми кажеш и која било друга којашто ги има користено.
или јас грешка те разбрав или скроз различно од тоа шо треба гинекологот ти кажал да ги користиш на излегување сум сеа ама пиши ми лп ке ти објаснам таму подетално и од прв ден на добиено почни си ги зошто од втори ден? за да првата недла не бидиеш заштитена од бременост глупост невидена е тоа
После 8месеци пиење диане35 направив пауза Диане35 ми беа препишани од приватен доктор заради полицистични јајници но прашав аптека дали можам да продолжам да ги користам како контрацепција ми рекоа да но да направам пауза после подолг период користење Потоа бев кај матичниот прашав за контрацептивни апчиња ми ги препишал Јасмин и ми рече помеѓу 3-4ден од циклус да ги почнам Но јас сакам да продолжам со диане35 бидејки организмот добро ми ги прифаќа и лицето ми се чисти многу од нив Дали да си ги продолжам нив и колку време можам да ги пијам без да правам паузи бидејки мн од страна ми префрлуваат дека биле мн штетни
пиј си ги тие што ти се веке изпробани дека ти одговараат јас некаде годишно правам пауза од еден месец мојот гинеколог ми рече дека немора да правам пауза ама јас ете така си правам
Здраво девојки, По препорака на мојот гинеколог, како заштита од несакана бременост купив Јаз таблети. И еве денес ми е прв ден од циклусот, и знам дека треба денес да го испијам првото апче ама страв ми е од несакани ефекти. Читав дека имало случаеви на зголемување на тежината, појава на акни итн итн. Дали некоја од вас има искуство со Јаз? (ама имаше рима ова )
Здраво девојки .... сакав да Ве прашам ако некоја од вас знае да ми каже од искуство... гинекологот ми препиша контрацептиви ,,Јасмин", почнав да ги пијам веднаш штом добив циклус... тоа беше 31.12.2018 година. Се чувствувам одлично немам никакви емоционални промени и т.н. но сеуште не ми е прекинато крварењето.... онака само на бришење некогаш е бледо розево а некогаш како кафени парталчиња. Дали имал некој до сега вакво искуство???
Немој да се секираш затоа што е нормално, тоа е начин како телото си се навикнува на хормонската терапија од таблетите. Обично е нормално да имаш кафен исцедок или мало количество на крв првите 3 месеци откако ќе почнеш да ги пиеш таблетите. Потоа ќе си се навикне телото. Но ако трае подолго од 3 месеци, или пак забележуваш значителни нус појави (кои ти се објаснети во упатството на таблетите) тогаш треба да си го посетиш гинекологот. Крварењето може исто да биде предизвикано и ако заборавиш да земеш таблета, имаш сексуално пренослива инфекција или пак пиеш некои други медикаменти кои кога ќе се спојат со контрацептивната таблета му прават шок на телото. Во секој случај, не се плаши затоа што е нормално, јави се кај гинекологот, ќе потврди ова што ти кажав. Прати си ја тежината и состојбата на кожата за да видиш дали ти одговараат таблетите.