Се консултирав со докторката, истото ми го потврди и таа... но сепак да видам ваши мислења и искуства... со тежината сум во ред, немам покачено ни 1 кг напротив 1 кг помалку сум а не држам на диета... кожата ми е супер и имам нови подниктоци во косата.. ноктите никогаш поцврсти не ми биле . А причината што ги пијам е еден од хормоните ми беше поткачен. Немам ХПВ никакви инфекции... циклусот од секогаш ми бил редовен. Ви благодарам што одвоивте време и ме посоветувавте.
Здраво пијам апчиња Јасмин еден месец сега веќе ги допив и имам циклус се е во ред но еве од претходната недела добивам остра болка во главата кај слепочниците која трае неколку секунди и прекинува дали има врска некаква со таблетите? Доколку имала некоја слично искуство ?сакам да ве прашам бидејќи матичната не ми кажа ништо посебно
Не би требало да е од таблетите, сепак хормонска терапија се, консултирај се со д-р. Симптомите се индивидуални, секој организам не реагира исто. Да не си настината, па од тоа да имаш таква болка...
Пијам диане35 подолг период првпат ми се случува 5-ти ден веке одкако ги завршив а уште немам добиено Обично добивав 2-3дена најмногу, дали на некој му се има случено вака и дали е можно да е во прашање бременост и покрај апчињата иако не верувам дека е тоа ама сепак да си прашам
Гинекологот ми препиша Диане 35 бидејќи имам покачени хормони. Втор пат испитувам во период од две години и го добивам истиот резултат. Имам акни веќе 10 години и очигледно од таму произлегува проблемот. Да беа само на лицето можеби и ќе се помирев со тоа, но имам и на грбот и деколтето. Ме интересира какви искуства имале тие што ги користеле некое време. Ве молам без коментари какви што се изначитав во претходните страни од типот на Се умира од нив, тумор ќе ти се појави, нема да можеш да имаш деца, на другарка тоа и тоа и се деси и сл. Поради таквите коментари скоро еден час читам на темите каде што се спомнуваат апчињава и едвај дојдов до неколку реални мислења и лични искуства.
@Elence93 Јас ги пијам моментално и искрено сум задоволна, но јас ги пијам за заштита Ги пиев и пред 6-7год тогаш имав полицистични јајници но одкако родив ми се среди За време на пауза од нив останав бремена така да не пречат за забременување, за онаа другото незнам што можат да предизвикаат ама сепак знам дека не се баш добри сепак се хормонски апчиња Јас ги пијам веке скоро 2год со 2 паузи од по месец-два Лицето ми е стакло од нив а имав и јас преголем проблем со акни Кога побарав од гинекологот да ми препиша контрацептивни апчиња ми ги препиша Јасмин но јас ги побарав Диане-35 бидејки ги имав пиено и предходно и ми одговараа најмногу
Zdravo devojki☺ Pred 14 dena operirav miom i cista,ginikologot mi gi preporaca jasmin tabletkite da gi pijam.Dali nekoi imal vakvo iskustvo,da gi pie tabletkite postoperativno ? Mozebi pisuva vo forumov,ama mnogu stranici se , ne mozam da gi iscitam
Јас ги пиев 6 месеци континуирано после операција на циста. Гинеколог рече да ги пијам 1 година најубаво било, ама јас во консултација со неа ги прекинав после 6 месеци, зошто барем јас имав чуство дека почнаа да ме дујат. Ама не мора да значи дека кај сите е така.
Јас сум пиела Yazz две години без прекин,имав циста,супер ми беа,од болен и обилен циклус со нив имав скроз нормален,секој организам е различен.
Јас имам болен циклус уште од кога прв пат добив. Апчињата не ми играа никаква улога во болката , иста си беше и си остана. Така да секој организам- своја приказна.
Штета,јас се преродив нив ко ги пиев,си викав леле шо значело нормален циклус,блазе си им на другите,ми се плачеше кога ги прекинав и одма од наредниот циклус пак стара песна
Девојќи пијам микрогинон, од прв ден циклус па еве уште 4 апчиња имам... гин не ми е тука, ме интересира сеа ново пакување да продужам или пауза... не ми текнува за жива глава како ми кажа докторката
Кога ќе ги испиеш тие 4 таблети, се прави пауза 7 дена. Во тие 7 дена или ништо не пиеш или тие апчиња што ќе ги пиеш немат хормони во нив, а тоа ти е колку да не го одвикнеш редоследот. И потоа на 8миот ден, почнуваш ново пакување.
Како без доктор? Не се работи за витамини па да ги земаш на своја рака, дури и тие се препорачани од доктор. За здравје се работи, не знам како толку лесно сами одлучувате за такви сериозни работи..
jas gi pijav dianeto skoro 2 godini poradi problemi so kozata, imav mn akni na dopir mn bolni. Imav policisticni jajnici. Togasniot ginekolog mi gi prepisa dianeto, jas od sto citav komentari deka se umiralo neznam so drugi gluposti, mi bese strav i sakav da gi pijam jasmin. Toj samo mi rece “ ako dianeto treba da gi pijas 1 godina i da ti go resi problemot, jasmin treba da gi pijas 3 godini i prasanje e dali ke ti se sredi liceto. Iskreno so strav gi pijav, ama mozam da kazam deka poubava ne sum bila ))) kozata mi bleskase, staklo mi se napraj liceto, kosata ne mi opagase, ne se zdebeliv ( citav komentari deka popravale)... ednostavno se prerodiv. Od kako gi prekinav po 5-6 meseci ostanav bremena. Imam sega dve decina i povtorno imam problem so liceto. Naredna menstruacija gi pocnuvam dianeto povtorno Se nadevam deka pomognav nekomu, moeto iskustvo so dianeto toa e.
Фала ти многу на одговорот. Знам дека поминало многу многу време, но дали на почетокот имаше главоболки и чувствуваше гадење? Јас ги пијам скоро две недели и почнува да ми се врти и повраќа, а читав во нус појави дека е можно. Ме интересира дали проаѓа со тек на време.
nemav nikakvi nus pojavi. Mozebi ti e od pshiata sto citas komenatri )) vidi uste nekoj period, ako ne konsulturaj se so doktor