Кои таблети ги користевте вие? Бидејќи некаде прочитав дека менструациите им биле само неколку пати годишно на повеќето жени.
Прво Јасмин, потоа Диане 35. Откако ќе ги испијам таблетите (21 таблета има кај двете), менструацијата ми доаѓа 2-3 дена потоа. Не ми се случило поголемо доцнење.
Да Јас користам микрогинон, правам 7 дена пауза и после 3 ден од паузата ми доаѓа, знам и кој ден точно ќе дојде. Моментално правам пауза и знам дека во петок ќе ми дојде.
Јас си земав Јаз, не ми биле Јасмин препишани. Задоволна сум многу, уште по првото испиено пакување престанаа да ми се појавуваат акни. Менструацијата ми беше два/три дена само и тоа ептен малку ми течеше и порано ми дојде ама мислам дека со второто пакување ќе ми се нормализира.
Jas pocnav da gi pijam Jasmin za vreme na ciklus edna nedela i sega edna nedela pravam pauza, ama narednio den od koga go ispi poslednoto apce pocna da krvaram po malku kafeno so krv kako da sum dobila, i se poveke krvaram i imam bolki, a i plodni denovi mi se. Dvoumam se dali da odam kaj ginekologot, i se prasuvam, dali ke dobijam pak na denot koga treba? (za nepolni dve nedeli)
1. Немаш плодни денови кога пиеш контрацептивни. 2. Си го испила последното? Па нели после последното треба да добиеш? АМАН ЛУЃЕ ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ ШТО ПИЕТЕ. Пиев и јас контрацептивни, ама секогаш знаев што и како. Како се впуштате во нешто што не го знаете и познавате? Па дали сте вие нормални, си играте со телото.
@blagica_a, јас пијам Јасмин. Како што кажа @DAngel, кога пиеш контрацептивни пилули, нема овулација и нема плодни денови, затоа и не можеш да забремениш. Обично се почнува со нивното користење на седниот ден од кога ќе добиеш. Пиеш 21 апче, 7 дена ништо не пиеш (за време на паузата „добиваш“) и после, на 8-миот ден продолжуваш со ново пакување. И секогаш се е на истиот ден. Пример, ако си почнала во вторник да ги пиеш, секоја наредна кутија ја почнуваш во вторник а секое последно апче од пакувањето го пиеш во понеделник и според тоа си планираш кога ќе добиеш. Најчесто ќе добиваш на истиот ден, евентуално со ден растојание. Ти кога почна да ги пиеш?
Почнав да ги пијам четврток и во четврток го испив последното, али ок е, сега прочитав во упатството и појасно ми е
@blagica_a, имаш утнато ден штом си почнала во четврток и си завршила во четврток. Си требала да завршиш во среда. Претпоставувам дека си добила во петок? Таман два дена после завршувањето на кутивчето. Последното апче и не прави толку разлика, организмот веќе се спрема да добие. Нареден пат, ако пропуштиш ден, не го допивај заборавеното апче.
Па да, петок добив. Ама првиот ден-два не беше толку обилно крварењето, а сега мислам дека ми е пообилно од пред да почнам да ги пијам, како и да е, нема врска. А според мојата математика и тоа како ми кажа докторката мислев дека треба во четврток да завршам и сега пак во четврток да почнам.
Девојки, јас заминувам на одмор и само што ги почнав Primalut Nor., но не знам зошто 5 дена порано ми дојде циклусот. Мислите ли дека ќе ми прекине до утре?
Здраво женски , јас пијам јаз таблети еве веке 9 дена докторот ми ги препиша ради цисти дека не можам да забременам ради цисти , почнав да ги пијам од првиот менструален ден , искрено имав незаштитен однос на 3-от ден од менст. И денеес ми е 9 ден како што ги пијам таблетите .. што значи пред 4 дена ги немам но осеќам болка на градите надуени ме болат исто како пред добивање и ми се лоши од време на време ???
Дали на некој му има доцнето циклусот следниот месец од кога има пиено примолут нор и тогаш има добиено нормално?