Колкави се шансите да забремениш додека примаш контрацептивни таблети? Ги користам крицеа веќе 3 месеци, од кога ги почнав менструацијата ми се нормализира(само последната ми траеше 3-4 дена, и откако ми заврши после некој ден почна како по малку крв да ми тече еве веќе петти ден). Дозволувате ли вашиот партнер да свршува внатре? Јас мислам дека откако сврши во мене почна да ми тече крв иста како менструација, не многу ама доволно да морам да носам улошка.
Па зошто да сврши во тебе ако не планирате да имате дете? Не сум користела вакво нешто но во секој случај оди на доктор.И да не си трудна има нешто.А за друг пат јас не му дозволила за секундарно возбудување да си игра со мојата иднина и со нечиј живот.
Премногу се мали шансите да останеш бремена, особено ако ги користиш подолго време. Инаку јас не дозволувам, секогаш користам презерватив иако пијам контрацепција.
Последниот пат се видовме со докторот на 5мин.само и немаше време воопшто за никакви прашања, само ми ги препиша апчињата и понатаму контактирам со него на меил, ама не сакам да досадувам секојдневно со прашања и затоа прашав овде. Идеата беше моја си реков додека ги пијам можеш, мада на почетокот ми беше страв, сеа почнавме ама толку веќе. Инаку обострано ни е задоволството, тој никогаш не инсистирал сам да си "игра" со моето здравје.
@Ladybug98, ќе си прашаш гинеколог за посигурно, ама колку што знам, кога почнуваш прв пат со контрацептивни пилули (сеедно дали како хормонална терапија или за заштита од бременост) првата недела е ризична и затоа се препорачува секс со заштита. Значи, само првата недела од првото пакување. Понатаму си заштитена од апчињата и шансата за бременост е минимална. Ако не се сомневаш во спб, секако дека можете да практикување однос без заштита
мене ми е страв да пијам вакви таблети бидејќи имам читано дека дебелеат, се пореметуваат хормони и останати несакани последици сепак кондом си е кондом
Нема што да ти е страв сепак тоа е 1 случај од 1000, да има негативни последици. Ако само тоа е причина што не сакаш да ги примаш, не е доволна. Јас на почетокот кога почнав да ги пијам страшно ме тераше на спиење и имав онака променливо расположение(повеќе на нервоза) ама кога го прашав докторот рече дека е нормално ако трае 1-2 недели додека се привикне организмот.
Лично искуство со диане: Ми ги препишаја за акни на грбот.. ги пиев 3 месеци,направив пауза и после ги пиев уште 6. Откако ги прекинав многу работи ми се пореметија. Прво циклусот кој секогаш беше редовен.. сега доцни,иди па не иди... пиев и дабростон за да ги разбуди јајниците ама месец два беше ок сега пак е исто. Диоптерот ми се зголеми... нервозна сум како никогаш,притисокот ми варира.... Мислам дека нема полошо од примање вештачки хормони. Никогаш не би примала пак.
Каде даваат без рецепт? Јас бев во Зегин и не ми дадоа Диане 35. Не ги пијам на своја рака, туку не можам секогаш да одам кај гинекологот бидејќи ми е далеку.