Конкретно кој таблети не ти ги дадоа? Јас многу пати сум купувала Јасмин, Јаз, примолут нор, микрогинон, циклопрогинова. Никогаш ми немаат побарано рецепта
Диане 35. Прво ми рече дека не даваат без рецепта, а кога однесов ми рекоа дека немаат никаде во Скопје. А почеток на месец беше.
Немам коментар. Ништо лично за тебе, ама не смеат контрацептиви без рецепт да даваат. Барем не без розев рецепт. Јас пиев Диане со години, секогаш морав со рецепт, цела книшка ми е само Диане, Диане, Диане. Ќе се отруеме како нација од апчиња на своја рака.
Даваат јер имаат договор со доктори кои подоцна им даваат рецепти и така се покриваат. Сите среќни вака - пациент си зема апчиња, аптеката и докторот пари. А последиците на долг рок се небитни.
Јас немам ништо против лекарства, ни пак против контрацептиви, и самата ги пиев долги години. Кога се има потреба, ќе се пие. И за контрацепција поддржувам некој ако сака да ги користи... но се' да биде под надзор на лекар. Каква е оваа распашана команда? Се фрапирам во последно колку несовесно се земаат лекови. Прогуглале, разбрале, не доразбрале... и така лесно може да си најдат што сакаат, немам коментар. Се извинувам за офтопик, но кој и да чита и да планира да си земе, контрацептивни таблети или какви било други таблети, ве молам тоа да се одвива под надзор на лекар. За вашето здравје се работи, не за моето.
Не сме од вчера Дузи, знаеме веќе што ни годи што не кое апче за што е и имаме интернет да провериме. Не дека одиш во аптека и за сериозни проблеми си бираш по вкус, ама ко што знаеме кафетин за глава да се напиеме знаеме и за контрацепција и за смирување Мислиш Македонија држава е каде докторите ти посветуваат многу внимание и ти прават не знам какви анализи пред да ти препишат лек, "од ракав" и тие на секој втор исти апчиња препишуваат. И за редовна терапија секој кај доктор си оди, зошто би купувале на приватно кога може на рецепт, ама за нешто инцидентно...нека пие народ. Инаку на темава, си имам залиха на црно од Македонија, ги користам само ако ми се погоди одмор па да прекинам циклус
И од Норлево си имаш залиха, нели? Никад се не зна, шо си е сигурно, сигурно. Шиткај ги таму, шо. Нека врти парата. Ја будала сум, од сабајле лечам главоболка со магнезиум, вода и кафиња, остајте ме мене.
Во МК не само што сами се лечиме со апови. Веќе е почнато и сами на своја рака да си одат на снимање. Знам за пример каде што една девојка ја болела главата цел месец . Нит на општ др се јавила, нит на невролог. Сама си отишла на КТ на глава на приватно( прочитла на нет). Снимката чиста. Ама поддчула муабет дека таму каде се снимала не биле баш точни резз. Па ајде следна недела и во друга клиника , за посигурно да е . Сега сакала и на МР да оди Што си мисле , тие зрачења многу арни се На темата. Ги земам на приватно ( ретко имам потреба од нив) само зш не ми се исплати да одам кај матичниот кој ми е на 30 км од овде.
По цело ќесе апчиња и витамини си земам, не оти ги користам сите ама нека има, ќе се најде, кој ќе трча по доктори на сред ноќ. За температура, пролив, повраќање, за глава, контрацепција, од мајка нешто и за спиење кога е криза, за нос, за грло, кашлање, витамини...е норлево не сум зела ама арно ме потсети Па за повеќето и не треба рецепт.
Кај ги даваат без рецепта вакви лекови? Ја кај што одев на пракса, ептен строго беше у тој поглед, ништо не издаваа без рецепта. И така треба да биде. Само пациентите се многу агресивни, ќе се тепаат зошто не им се издало без рецепта, па почнуваат со срцепарателни приказни и не знам ти што...
Мене ми имаат дадено во Зегин во Сити мол без рецепт.. и онака таа е само за на приватно ама не ми побараа никаква рецепта.. Инаку ги набавував од Бугарија без рецепт затоа што често сме таму а мојот матичен беше 180км од тука..сега веќе сменив матичен Без попување зошто ги пијам знам дека има и такви што одма ќе почнат да советуваат, вака така онака.. Ги пиев за други проблеми, сега само за контрацепција. Препорачани од гинеколог ама ете без рецепт..
И јас имам веќе втор пат откако ги пијам јасемин, ама не сум помислила дека може да е од нив. Инаку сакам да прашам, што ако не тече менструација во деновите кога не ги пијам? Ако некоја знае..