Околу 400-500 ден вкупно, зависно дали ќе правиш комплетна крвна слика. Повеќе хормони се, ќе ти каже гинекологот кои и што треба.
Вака сега. Многу ми е важна оваа информација. Земам контрацептивни апчиња. Ако после една доза продолжам веднаш со другата без пауза, сигурно ли нема да добијам циклус? Ако знае некој да ми одговори. Фала.
Најчесто ДА, нема да добиеш. Ама може да ти се јават неколку капки.. тоа ми се случи еднаш мене, ама во неколку наврати морав да не правам пауза. Инаку убаво е и препорачливо да си правиш пауза.
Zemam dijane 35 skoro 2 meseci, megutoa se osekjam mnogu emocionalno se me nervira , za gluposti mozam da se rasplacam . Dali ste imale vakvi nuspojavi tie sto zemate i kolku vreme obicno traat ?
Мене ми траеја додека ги пиев. Едноставно пробував да ги тргнам мислите и да размислувам позитивно. Сега кога престанав ми се врати се во нормала.
Дали може да се пијат за време на доење? И кои се подобри што не предизвикуваат такви чувства како погоре. ..
Јас работам со Хормони мислам испитувам и многу често доаѓаат мажи и жени со доста многу хормони и секогаш кога прашувам од што се толку пореметени најчесто добивам одговор од апчиња за секс, теретана..
Па ако пиеш вијагра секој ден... Испаѓа дека контрацептивите ги рамниш со неа..и со оние пумпачките глупости што ни на крави не е убаво да се даваат а не па на луѓе
Не знам колку е вистина, а ич не сакам рекла-казала, ама ми беше кажано дека токму поради батковците од теретаните контрацептивните пилули мора да се издаваат само со рецепта од доктор. Наводно, ги користеле за сосема да го сузбијат лачењето на женските хормони. Односно, кога прашав зошто хормонална терапија мора да оди на рецепта, зошто побогу некој би ја пиел на своја рака, знаејќи каков крш може да се направи во организмот, тоа беше одговорот. Разбирам дека требаше да се контролира слободното купување на антибиотици и седативи, ама кој би се клукал непотребно со хормони. И зошто? Епа, тоа беше одговорот- билдерите
Не. Други батковци користат женски контрацептивни таблети Не ги сузбиваат хормоните контрацептивните, напротив, додаваш женски хормони во телото. Практички, те тераат во менопауза. На психичка страна, воопшто не се наивна работа, ама за тоа никој не зборува. Сега допрва почнуваат голем број истражувања за "your brain on birth control" да се прават. Со тоа знаење што го имам сега, никогаш не би ги пиела. А ги пиев, самоволно. Телесно никогаш подобро не сум се чувствувала. И форма, и тежина, и се. Психички... сосема друга приказна.
@DAngel, нормално, секој си одлучува за себе ама да не морав, немаше да ги пијам. Јас лично никогаш не би ги користела како начин на контрацепција. Ама пак ќе кажам, секој си одлучува за себе. А за батковците и пилулите, навистина не знам,а и немав размислувано на таа тема. Додека јас да разберам дека и мажи на своја рака ги користат, веќе не беа во слободна продажба. Мене највеќе ми беше тоа што требаше секој месец да одам по рецепта
Дали има некој пиено микрогинон таблети и дали може да се има незажтитен однос? И колкави се шансите до бременост? Јас планирав за бременост бев овај месец со терапија за бременост и добив и ми ги даде овие таблети и нареден месец со комифлен пак? Со овие таблети ако ги пијам и имам незаштитен однос дали е дпбро или не.?поз
Јас ги пиев, ама не првенствено не беше заради контрацепција. Потоа знаејќи дека се и контрацепција си имав опуштено незаштитени односи и не останав бремена се додека не ги прекинав. Веднаш откако ги прекинав истиот месец останав бремена, но малку ми се имаше пореметено циклусот, добив силни болки и ми се одложи овулацијата за 10-ина дена. Овие се контрацептиви, додека ги пиеш не можеш да останеш бремена, а штом ги прекинеш полесно може да дојде до бременост.
Дали некој има пиено јасемин таблети и дали може да се има незажтитен однос? Колкави се шансите до бременост? После колку дена по прекинувањето треба да добијам, односно се нормализира циклусот?
фала ти многу..имам уште 5 дена да пијам и кога ке добијам треба да одам зашто и мене минатиот месец не ми дјде баш добро и затоа ми ги даде овие таблети..сега се надевам на другиот месец.. поз
Pijam diane 35 veke 3 meseci i imam nakaceno 4 kila i vidno sum naduena.. Dali celo vreme ke nakacuvam kilaza?? Doktorot mi rece podolgo vreme deka ke treba da gi zemam za pcos i akni , vlaknetost.
Батали ги одма, ама одма... Од нив пред многу години се здебелив цели 8 кг. Ќе качуваш, задржуваат многу вода во организмот, а и нема воопшто да ти помогнат за акните, макар на хормонална база ти биле. И да си најдеш салам доктор, само се шлаеш со опасни работи. Те читам и за Роакутан, треба одлична крвна слика, а и мислам некој други параметри треба да бидат исполнети пред да ги пиеш. Акутан и адапален (сона) и лаик ќе ти каже дека не се мешаат, многу веројатно е дека ќе ти предизвика дополнителни иритации, бидејќи акутанот страшно суши... тоа си требала да го знаеш пред да почнеш да ги пиеш. Изгуглај има многу видеа за Роакутан и како делува на организмот, ако правилно го користиш, немаш гајле. Again, најди си салам доктор.