Секои таблети имаат негативни ефекти а тоа не е бременост туку зависи за кои таблети се работи. На пример може од некои таблети да се има намален апетит или зголемен или опаѓање на коса или променливо расположение ,тоа се негативни ефекти. Срамота е вакви работи да не ги знаеш ако не од друго па од општа култура.
@SugarHoney не сакам да кажам не сум останала бремена фала богу имам две деца сакав да кажам дека нема врска тоа да биде во точен час може било кога да се пијат битно е да се испие А да останав со второто бремена а пиев примолут нор
Баш ми е криво што така матичните даваат контрацептивни као да се бомбончиња и не објаснуваат ни зошто ги пиеш, ни како, ни што значи тоа што ги пиеш. Прво - ги пиеш за цисти кои се создаваат кога овулираш. Со тоа што апчињата спречуваат овулација - значи дека нема да ти се создаваат цисти. Тие всушност не лечат ништо, само „го маскираат“ проблемот. Приказните со „еј, ќе ти одморат јајниците, бла бла бла“ фино звучат, ама се нарушува баланс на цел организам со тоа што му се спречува цикличниот доток на хормони и се преместува на константен. Во однос на паузата - да, во упатстовото пишува 7 и тоа е со цел да се направ круг еден од 28 дена. НЕ сакам да речам циклус, оти никако не сакам да го споредам тоа со нормален циклус. Од таа причина е паузата 7 дена, ама ништо не ја спречува да биде и 5, или пак ич. Тоа искрено ич не е битно затоа што таа менструација помеѓу кутиите таблетки е непотребна. Таму е само за да ти даде некое чувство на постојаност, демек, види, добив. Јухуууу, на 27 дена добивам, нормален „циклус“. А ти всушност не ни добиваш, имаш само мало привидно крварење заради пад на хормоните. На тие информации кои си ги добила од матичната греота е да пиеш хормони. Јас би ја седнала едно по едно се да ми раскаже што ми се случува, а не само на ти хормони оди дома... Ептен разгалени тие матичните...
Немав слушнато за такво објаснувањедека не е ни менструација.. А како можи така дане кажуваат точно матичните ако не нив на кого да веруваме... Кажано ми беше дека апчињата воопшто не се штетни средуваат циклус, акни нема, цисти ема и несакана бременост нема и јас се согласив самата заради што ми се смачи само да одамна секој 2 месеци дали имациста дали расти бидеќи еднаш стаса дири и пред операција со циста голема ама среќа пукна. Па сега ќе ги пијам 6 месеци па ќе видам.
Контрацепција се дава за да се “зачува” матката и ти да имаш баланс со добивањето односно да ти доаѓа редовно. Прв пат слушам да се дава за цисти. А второ изборот е твој дали ти ќе ги пиеш или не. Потоа ако сакаш да си останеш бремена треба да ги прекинеш тие,да купиш други и после три месеци да се обидеш за дете. Фактички контрацепција спречува бременост ако долго време навремено се пие.
Пиј ги. И јас пиев најмногу а контрацепција. Менструацијата од кога ги престанав ми беше како под саат точна, а претходно секогаш нередовна имав. Е, после 6 месеци од кога престанав почна пак да се враќа на старо. Јас тука почнав на исхрана да истражувам и воглавно: Намали шеќер, млечни производи (млеко и сирење), соја, зголеми животински масти. Спојлер Јас почнав и јод да пијам, или некоја комбинација на витамини кои се пијат пред да затрудниш или во прво тримесечје. Овие ги пиев додека бев во МК: сега пијам од ДМ: Mama A-Z Се надевам дека таблетите ќе ти бидат трајно решение на проблемот, макар да сега ти е период, додека ги пиеш, да почнеш да истражуваш за други начини на борба со цистите.
Да, ги пиев цела година пред еден месец ги прекинав. Ми помогнаа. Ако те интересира нешто плус пиши ми
Здраво на сите Нова сум на форумов и со оглед на тоа што гледам дека има добра и пријателска комуникација би сакала да прашам нешто. Користев контрацепција скоро 9 години. Највеќе ја користев заради проблем со мозолчиња. Откако почнав да ги пијам ми се исчисти и до ден денес ми е супер. Сега имам 28 години и желба за бременост. Пиев Јасмин и ги прекинав на 18.07. Уредно добив на 22.07 и од тогаш па до денес немам добиено. Значи скоро 41 ден. Не се работи за бременост, бидејќи направив повеќе тестови. Дали на некому се има случено ова? Дали можеби треба подолго време да помине додека се врати телото во нормала ? Имам закажано на гинеколог на 5ти Август, меѓутоа би сакала да слушнам ваши искуства. Извинете за долг пост и благодарам за одговорите!
Девојки заборавив едно апче вчера и денеска ги испив двете па сега дали сум уште заштитена дали да имам незаштитен однос.?
Требало само едно да испиеш не двете. Во упатството пишува пример колку саата си заборавила и кога можеш да го испиеш.
Vo upatstvoto pisuva koj ce ti tekni deka si go zaboravila da go ispijas.. A zastitna sm od bremenost pak ili?
Ако во упатството пишува дека треба да го испиеш апчето кое си заборавила да го земеш на време, не значи дека двете апчиња треба да ги испиеш истовремено. Конкретно, за контрацептивите баш и не е препорачливо две апчиња одеднаш. Ако вчера си заборавила, денес продолжуваш нормално, со едно апче, не со две наеднаш. За бременост секогаш постои ризик, ниедна метода не е 100% ефикасна, освен апстиненција.
Pa nesakani efekti ako ispies 2 odednas se losenje gadenje pa dosega nemam problem sepak edna nedela ke se pazime za sekoj slucaj pozz