Ќе добиеш , иако истечат седумте дена од паузата а ти имаш циклус ќе си ги почнеш нормално новото пакување , со време ќе се направи некој ред
dali nekoja od vas gi piela diane 35, a e pusac? Na internet pisuva deka ne smeat pusaci da gi pijat, i sum mnogu golem skeptik i zaradi site nesakani dejstva. Inaku treba da gi pijam zaradi akni, bidejki 2 ipol godini veke nisto ne mi pomaga za liceto.
Хмм...никогаш не сум земала вакви ствари(стрикно контрацепција ), него еднаш беа поминале повеќе денови по незаштитен и по препорака на ген. земав цикло прогинова. Тие се естроген со прогестерон ваљда и по пиење на 21 таблета добиваш циклус. Поправо незнаев ни дали се контрацептивни, препиша, земав и тоа е. Ако малку се прогугла за естроген и прог секаде стои дека спречуваат бременост.
Сеуште нема ни трага ни глас од менструација. Многу ми е страв заради тоа што секаде читав дека трет ден од паузата доаѓа менструација, а кај мене сеуште нема. Што не е океј? Со апчињата зспочнав на прв ден од минатата менструација(18.9) и пиев секој ден без да пропуштам апче
Mene mi se slucuvalo posleden den pred nova kutija da dobijam ili voopsto da nemam ciklus ne e strasno ke si fati organizmot red
На контрацептивни не добиваш менструација, добиваш само крварење кое е последица на смалување на хормоните вештачките хормони. Нема што да ти е страв. Повеќе би требало да ти е страв од тоа што прават апчињата со твојот организам отколку од дали би прокрварила или не. Зошто ги пиеш?
Пишав и во друга тема. И тука да прашам. Дали некоја пиела Крицеа и покачила килажа? Дали имате добиено некои несакани ефекти? Дали е во ред да се препишат вакви таблети без да се испита хормони? Ми нагласи гинекологот дека морало за регулирање на циклусот. Веќе неколку пати бев заради крварење кај него и запознаен е со се.. Сум пиела микрогинон цела година пред бременоста. Ми беа препишани заради ПЦОС. По породувањето крварев цели 3 месеци без прекин. Докторот не ми препиша ништо хормонско тогаш бидејќи доев. Ми даде Алматекс за крварење и ми прекина крварењето на почеток од септември. На 23 септ. добив менструација и ми траеше се до 4-ти Октомври. Завчера на 17 октомври пак добив ама премногу обилно. Пакување од 20 влошки потрошив за ден ипол. Вчера отидов на преглед. Му кажав на гинекологот дека приметувам зголемено опаѓање на косата. Кажав дека сум под голем стрес и ми снема и млеко и не дојам. Прашав за упат да испитам хормонален статус, одма ми рече дека не треба. Ми кажа на ехо прво да ме види. Му ја покажав влошката виде дека има многу крв и одгоре ме гледаше на ехо. Рече дека не гледа ништо што не би било во ред и што предизвикува крварење и дека штом не дојам ќе ми препише хормонски таблети. Му кажав дека имам пиено микрогинон, ми рече дека на добар пат сум со намалената тежина и дека ако сакам можам да земам пак микрогинон, ама тој би ми препорачал Yaz или Cricea бидејќи спомна некоја состојка и тие немало да ми задржуваат течности и да качувам килажа. Му реков дека баш и не сакам да пијам пак такви таблети ама он ми рече дека друго немало што. Ми кажа витамини кои да ги пијам и ми препиша cricea. Да сум ги пиела едно пакување и пред да го испијам да одам да препише уште. Демек 3 месеци да сум ги пиела па после ако било се во ред ќе можело да ги прекинам. Ми кажа да ги почнам уште веднаш и дека до крајот на неделата треба да намали крварењето. Потоа ми кажа дека е можно да имам малку кафеавкасто ама дека е нормално од таблетите да се јавува тоа. Тоа веќе го знам од порано кога пиев микрогинон.. Ама ич бе не ги сакам таблетиве ... Многу лошо ми влијаат на психа и килажа ставам од нив, а да не зборувам и за пострашните несакани ефекти.. Не знам дали на своја рака да испитам хормонален статус... Мислам дека хормоните ми се пореметени од стрес, а таблетиве ептен ќе ме соборат психички... И така сум многу напната, имам проблеми еден куп и суицидни мисли и се живо.. Уште ова ми фалеше...
Здраво. Дали некоја од вас има искуство да пиела норлево, а веќе следниот циклус да почнала со диане35? Дали е дозволено и препорачливо?
Препорачливо не е никогаш да се пие норлево и да се свирка.. Ама се случува да мора. Јас додека пиев контрацептиви микрогинон морав да испијам и норлево бидејќи докторот ми кажа дека во тој период намалена им е ефикасноста на апчињата(бев настината со дијареа и повраќање).
Пијам контацептивни таблети Yaz, второ пакување ми е. Досега ми се случувало неколку пати да ја испијам таблетата покасно, но во тоа време не сум имала незаштитен однос. Вчера ја испив во 16:00 часот, имав незаштитен однос при што ејакулираше во мене и денес ја заборавив, се напив дури во 21:00 часот. Утре ќе се консултирам со гинекологот секако, само умирам од грижа дали постои можност да останам бремена? Не ми е толку грижа дали ќе останам бремена, туку како би влијаеле таблетите на плодот.
Да си најдеш под Итно нов гинеколог. Ако треба и приватно во Скопје. Косата нормално паѓа после бременост ама толку крварење не ми изгледа наивно. @DAngel ?
Jas gi piev 2 godini yasmin inaku menstruacijata traese 10 dena i pritoa bese obilna so 3 paketcinja uloski pa i 4 da se pocne,ama postepeno pocna da namaluva i grcevite i krvarenjeto toa go pravat hormonite ama postepeno ,megutoa koga piev dolgo vreme veke pri kraj na vtorata godina menstruacijata ne ja osekav se sredi ama edvaj 1 paketce trosev i od toa mi ostanuvase,ama pocnaa veke i kontraindikacii,zasto osekav bolka samo vo desnata noga i na isto mesto,pa se javiv na lekar i kazav deka mora da e od jasminot i taka bev na transfuzologija i ispitav krv pa ispadna deka imam vospalenie na veni sto go predizvika jasminot i doktorot rece da ne gi pijam pa taka gi prekinav i piev pa aspirin 1 mesec . Morav pak da pijam radi cisti vo jajnicite zasto 2 pati bev operirana ama gi smeniv so primolut nor zasto se poslabi i so pauzi od 3 meseci.
I bez toa zgrutcuvanje vo krvta moze da se dobie ne znaci ako ne pusite deka ste zastiteni pa taka gledajte kontraceptivi izbegavajte kolku sto mozete mislam deka vo upatstvata na site im gi pisuva tie nesakani dejstva i jas po mene si znam dobiv vospalenie na veni i vo transfuzologija mi rece doktort da ne gi pijam tabletite a bas ovie yasmin ,yaz se zabraneti vo nekoi zemji vo upotreba.
Што бидна, што направи? Испита нешто? Се консултираше со друг гинеколог? Почна да пиеш контрацептивни?