1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Негативните ефекти од контрацептивните никој не ви ги кажува, сите само кажуваат "де бе, безбедни се", "тоа само на такви и такви се случува", "абе не ти е од контрацептивните, шо ти е"
    Не сметаш дека е круцијално да идеш информиран за нешто што го пиеш секојдневно?
    99% од тие што пијат контрацептивни не ни знаат како делуваат и што се случува со организмот.
     
    На viktorij и Nausicaa им се допаѓа ова.
  2. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Никој не го спори тоа. Зборувам конкретно за ризикот од цигарите посебно во комбинација со контрацептивни таблети.
     
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не испитав се уште. Се слушнав со друг гинеколог и ми кажа дека не можам сега хормонален статус да проверам бидејќи пијам контрацептиви, а тоа се хормони.. Требало да бидам бар еден месец без ништо да примам па да проверам.. Ми се јави кафеавко неколку капки, ама знам дека е нормално се прилагодувам на апчињата. Е завчера малку повеќе крв од неколку капки имав и тоа од светло црвена до темна варира еве веќе трети ден. Не е обилно ама има..Докторот пак го побарав на телефон, вика не може ништо сега, допиј ги до крај па дојди и ќе видиме што следно да се прави. Претпоставувам ќе ми каже 3 месеци да ги пијам или други ќе ми препише. Не знам што е толку тешко еден упат да издаде..
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.634
    Допаѓања:
    176.874
    Хормоните настрана, оди кај друг гинеколог физички преглед да ти направат.И пап.
     
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    ПАП немам правено скоро, ама за ехо овој доктор е навистина стручен. Жените од 4 околни општини одат кај него, друг подобар нема овде.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Нека е он колку сака стручен, гледаш дека со месеци веќе не ти нуди никакво решение нити пак дијагнозстика за проблемот. Барај второ мислење, од пролетта си породена.
     
    На Annath и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  7. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel

    Јас ги имам пиено Јаз долго време поради ПЦОС, не сум имала никогаш негативни ефекти како покачување кг итн. Само најубаво е 3 месеци да се пијат па пауза па пак, така ми има објаснето гинекологов. Не е убаво ептен долго време да си на контрацептивни без пауза. Инаку точно додека ги пиеш не испитувај хормони лажни резултати ќе ти покаже. Почекај еден месец да си без нив па после проверувај хормони. Се надевам ќе ти се регулира крварењето.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Inamya

    Inamya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Сакам да прашам, почнав со Јасмин таблети и адпирин од прв ден на циклус, имам огромна подуеност, болки во јајниците и нелагодност. Дали е нормално?
     
  9. Ivanana17

    Ivanana17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Пијам дејане,не по своја воља, бидејќи само тие имале антиандроген ефект. Немам друг избор, сите три андрогени хормони ми се покачени. Ми рекоа една година редовна терапија, па после ќе видиме. Многу сум биполарна дури и тешко се контролирам. На програма за исхрана сум, не слабеам на вага. Ова и не е толку важно, важно ми е само да не пијам апчиња,па ме интересира дали некој има искуство со нешто слично и кога ќе ги прекинам, дали постои шанса андрогените да се вратат во нормала.
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Ivanana17, најпрво- кој ти ја препиша терапијата: ендокриолог или гинеколог? И да е ендокринилог, побарај си второ, трето, четврто мислење ако имаш било какви сомнежи.

    Народски го користиш изразот во значење на нервозна, со променливо расположение или дијагностицирана ти е биполарност и примаш терапија? И ако да, дали докторот знае дека си на хормонална терапија?
     
  11. Ivanana17

    Ivanana17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Најпрвин ендокринологот ми кажа за дејането, ама не пиша во извештајот, ми рече да се консултирам со гинекологот. На гинекологот не му спомнав за дејането, кога ги виде резултатите сама ми предложи.
    Моментално сум во таква ситуација да прифатам се што ќе ми кажат, па и една година да ги пијам, само да знам дека нема да морам тоа да го правам до крај на животот. Начинот на живот пополека го менувам, стресот го минимализирам, начинот на исхрана го променив.

    Народски го користам, не пијам ништо. Многу потрагично ги доживувам настаните од што тоа го правев обично. Разговарав и со ендокринологот и со гинекологот и двете ми рекоа дека е нормално додека не се изрегулираат хормоните.
     
  12. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја на форумов која пиела подолго време вакви таблети па ги има прекинато? Ми треба да прашам нешто? :)
     
  13. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас имам, прашај слободно :)
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како реагира организмот, во смисла враќање на менструација, преосетливост, акни?
     
  15. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас ги пиев скоро 8 години... проблем со лицето имав и ми се среди со нив. Откако ги прекинав, лицето ми остана чисто до третиот месец и третиот месец останав трудна :) сега сум 16та недела и повторно ми се нафрла... меѓутоа кај секој е индивидуално. Откако ги прекинав, се издишав. Мснструацијата ми каснеше, ама ќе се изрегулира во рок од 6 месеци. Не знам од која причина ќе ги прекинуваш, меѓутоа нема да згрешиш. Ако си ги пиела подолго време како мене мнооогу се мали шансите да се нафрла телото, лицето повторно со акни :)
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Ги прекинувам од причина што во иднина сакам да останам бремена. А ги почнав поради нередовна менструација и бонус лечење на акни. Анкните ги средив, сега не знам дали ќе се вратат па и да се вратат се надевам во мал процент ќе биде тоа. А за менструацијата не знам... Искрено се мислев за емоционално, да не станам поосетлива или такви работи додека се враќаат хормоните во нормала. Ама па кога ќе ми текне пред да ги пијам таблетите бев како камен, ништо неможеше да ме расплаче а сега што се вика да ме погледне некој настана се насолзувам :D
    Фала ти и со лесно нека ти е бременоста :)
     
    На Lili90 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.746
    Пол:
    Женски
    @M.laDy јас пиев Крицеа. Откога почнав да ги пијам немав некои симптоми на пример гадење, повраќање, намалени менструални болки, акни и пред тоа немав така да немам промени таму. Количина на менструација ми остана исто. Единствено што осетив дури ги пиев е промена на расположението, многу почесто плачев, тешко ги издржав првите три месеци. Откога ги прекинав (на сред циклус) за некој ден добив, па после тоа редовно ми иде. А никакви промени немам во однос на акни или емоции. Сега сум емотивна ама поради тоа што имам проблеми што ме растажуваат, дефинитивно не е поради тоа што ги прекинав. Може ако претходно не си била толку емотивна, сега ќе си се вратиш во нормала.
    За да не добиеш, може да испиеш цел циклус па да ги прекинеш на 28/29ти ден. Не читај многу за ефекти ако ги прекинеш оти може и тоа ќе ти влијае потсвесно.
    За регулирање на менструација на моја другарка и дадоа едни апчиња на природна база, таа е со полицистични јајници. Па побарај од докторката нешто слично. Кај неа беше успешно, и иде секој месец редовно после 2-3 години со нередовен циклус.
     
    На M.laDy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ivanana17

    Ivanana17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш како се викаат тие таблети на природна база?
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.746
    Пол:
    Женски
    @Ivanana17 за жал не знам, ама на рецепт идат, прашај кај гинекологот.
     
  20. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Јас ги пиев 2 години диане35 ги прекинав пред 3месеци лицето ми е катастрофа и 2месеци немам добиено
    Бев вчера на гинеколог ми рекоа да испитам хормони,веке незнам кој пат испитувам и секогаш диане 35 е терапијата
    Па затоа сега ке продолжам со диане и ке ги пијам подолго од 2години да видам дали ке ми се среди лицето и циклусот