Здраво на сите,сакам да почнам со користење на контрацептивни пилули и до сега сум немала проблем со хормони. Сум истражувала и мислењата се различни. Ме интересира дали треба гинеколог да ги препише и да одлучи за кои или може на своја рака да се земаат? Благодарам
Мора да ги препише. Единствено ако успееш некако да ти напише два рецепти за да не одиш постојано. Тој ќе те советува и кои да ги земеш бидејќи имаат различни хормони.
Дали има некој кој што е веќе со дијагноза депресија/анксиозност, пие антидепресиви и да зема и контрацепција? Треба да почнам со контрацептивни апчиња зошто имам хормонски пореметувања и проблеми со циклусот, ама сум на антидепресиви и не знам што да очекувам, какви промени би можела да очекувам во однос на расположение.
Нема доволно истражувања за ефектот на контрацептивните пилули над психата, тек сега почна да се истражува истото, ама природните хормони и нивното циклирање ти се директно поврзани со расположението, а контрацептивните баш тоа го спречуваат. Како во менопауза да си, ти се слууваат куп работи кои не би требало, телото реагира панично на тоа, куп жени пријавуваат намалена концетрација, анксиозност, панични напади. Искрено, не ги пиј ако не мораш, пробај други опции. Јас, лично, ги откажав оти имав панични напади од нив, на психијатар завршив со антидепресиви и одма ги прекинав. За 3 недели ни панични напади - ни анксиозност, ни ништо. Одвратна работа се, никогаш веќе не би ги пиела.
Здраво, ми препишаа Крица поради полицистични јајници и ми рекоа да ги пијам од прв ден на циклусот. Кога ќе го завршам пакувањето треба ли да се прави пауза, може ли некоја што ги има пиено да ми објасни
@Mxrx јас ги пиев Крицеа 4 месеци, после ги прекинав. Зависи кај тебе колку време ти рекле да ги пиеш. Ако ти рекле за неколку месеци, не се прави пауза никако, си продолжуваш. Најдобро е да се пијат секој ден во исто време, направи си аларм. Исто така е битно никако да не прескокнуваш ниедна од розовите таблети. Тоа е за да не останеш бремена, но многу битно е хормоните секој ден да ти ги регулира, да ти ги држи на истото ниво како претходниот ден. Белите таблетки не содржат хормони, се пијат за да ти направат рутина. Симни си ја апликацијата Clue на телефонот, има опција да си забележуваш секој ден дали си пиела или не си, за да не се двоумиш. И лентичката со денови што ја даваат во пакувањето обавезно залепи ја кај таблетките.
@Mxrx заврши го првото пакување и одма си продолжуваш со наредно. Кога ќе поминат три месеци претпоставувам ќе одиш на контрола? Закажи си предвреме преглед за да не ги прекинуваш ниеден ден во случај да ти речат да ги продолжиш. Ќе видиш дека ќе ти се регулира, второто пакување кога ќе го почнеш пак ќе ти дојде да го испиеш на прв ден од циклус.
Јас еден месец издржав. И прекинав и со двете. Сега скоро проверив хормони, катастрофа ми се. Но не сум решила пак да почнам со контрацептиви. Едноставно не сакам. Психички лошо ми делуваат. Претходно ги пиев цела година, првите два месеци додека да навикнам беше тешко, потоа се си беше во ред. Но сега никако не можам. Консултирај се со повеќе доктори.
Читав дека е штетно да ги пиеш доколку си пушач, не сум но постојано сум изложена на дим од цигари, дали и тоа има влијание
@Mxrx пушачите што пијат контрацептивни пилули имаат поголеми шанси за формирање на тромбови во крвта бидејќи овие пилули може да влијаат на тоа. Нема да ти влијае изложеност на чад штом не си пушач.
Дали треба да се консултирам со гениколог пред да престанам да ги земам пилулите? Ги користам само заради заштита од бременост, а сакам да ги прекинам дека мислам се здебелив од нив.
@Elena69221 штом ги користиш само заради заштита од бременост, може да ги прекинеш кога сакаш, само може да добиеш порано. Барем кај мене беше така, ги прекинав на сред циклус. Ако се двоумиш јави и се на докторката прашај ја.
Можеш да ги прекинеш, но испиј ги до крај. Тоа ќе ти каже гинекологот. Испиј го пакувањето цело. Тоа е најверојатно за да не ти се измеси циклусот. И јас се здебелив од контрацептиви. Сега пак ми препишаа поради ПЦОС некои други. Друг бренд и малку поинаков состав. Двајца доктори ми посочија дека од нив немало да се здебелам. Матичниот гинеколог посебно е оптеретен со телесна тежина, многу ме караше кога се здебелив, сега кога виде дека се враќам во форма рече дека од Крицеа, Крипинеа или Јаз немало да се здебелам. А пред тоа пиев Микрогинон. Ако е само заради телесната тежина можеш да пробаш со други. Ако ти здосадиле прекини ги слободно чим немаш никаков проблем.
^може е во право докторот за Крицеа. Јас ги пиев и не се здебелив воопшто. Мојата докторка рече кај секој организам дека е различно.
Јас не ги поднесував. Само еден месец ги пиев. Ми правеа тахикардии и ги оставив. Сега ми дадоа Крипинеа, но немам ги земено. Не знам што да правам.