@Fallen.Angel јас ги пиев во 10 вечер пред да си легнам, може и тоа има некаква поврзаност. Првиот месец приметив промени во расположение ама периодот ми беше стресен така да мислам дека не беше поради таблетите. Докторите мислат дека ова ќе помогнат за полицистични јајници? Ако е така, можеби ќе најдеш еден тип што ќе ти одговара. Нели има само прогестерон и комбинирани естроген/прогестерон. Се надевам ќе ти се погодат едни од сите тие. Сите различно кажуваат, аман веќе од женскиве проблеми. На другарка ми со полицистични и рекоа контрацепција е само за да ти иде редовно, а нема да влијае на цистите. Па пиеше некои на природна база за регулирање и дури ги пиеше и идеше редовно. За акни не и помогнаа ниедни.
Да знам дека не се лечи. Акните ми исчеснуваа со контрацептивите. Но не можам да ги пијам, не ни сакам искрено. Ќе пробам за ПЦОС да ги земам на природна база оние на синерџи.
Не може да влијае одма на цистите, а и не треба да се решава симптомот туку проблемот. Треба да се прима хормонска терапија во случај на пцос зашто е хормонски дисбаланс. Нема друг начин да се одржува функцијата на јајниците, мора да има месечен циклус. Цистите не пукаат секогаш со тековната менструација туку може да се задржат подолго во јајникот и во тој случај да си направат место и да остане дупка кога ќе пукне. Секако има потешки и полесни форми на пцос, но во случај кога изостанува менструацијата, овулацијата, циклусот е нередовен МОРА да се прима терапија. Само најдете доктор на кој му верувате и да ви ја погоди терапијата. Комбинација од гинеколог и ендокринолог е најдобар избор. Зголемена влакнавост и акни се обично последица од покачени тестостерон и андроген, здебелувањето е обично од покачен инсулин итн, не им ги препишувајте тие последици на апчињата и затоа да ги избегнувате.
@Jana06 и јас мислам дека треба да се регулира. Но девојчево отиде кај три различни гинеколози. Еден и даде контрацепција, втор на природна база некои, трет и рече не ти треба ништо и така си остана. Ја советував да отиде кај мојата докторка, стварно е предобра ама не сакаше. Не знам многу за полицистични јајници ама барем да си ја олеснеше болката и проблемот со акните, кога добива циклус има огромни болки.
Пиев Дабростон за да ми предизвикаат циклус, 10 дена по 2 таблети, по колку дена од завршување на дозата треба да добијам?
@Mxrx сум згрешила, извини. Ги пиев од 16ти до 26ти јануари, исто по две на ден и добив на 28ми јануари.
јас пиев дабростон 10 дена по 2 таблети за да ми предизвикаат циклус. Последните 2 ги испив во недела во 13:30h и навечер во 1:30h, уште немам добиено, рано е уште или
@Mxrx јас добив на вториот ден откога престанав да ги пијам. На твое бебе форумот читав дека кај некои жени откога ќе прекинат добиваат циклус за 2-3 дена. Мислам дека утре или задутре ќе добиеш. Ама ако тоа не се случи јави се кај гинекологот.
Aj ve molam za pomos piev mikroginon od prviot den na dobivanje samo 4 dena i gi prekinav oti mi se otkaza terminot za histeroskopia i mi zavrsi ciklusot..bev cista sega deneska gledam paak ciklus a samo 4 dena gi piev aj nekoe izkustvo ve molam dali r ova normalno i kolku ke mi trajt sega pak ovoj cilus sto za 10 dema dobivam 2 pati
Пиев 10дена дабростон за да ми предизвикаат циклус, добив на 25ти и од тој ден пиам Крицеа, крварењето секој ден е се помалку, само на хартија моментално, нормално е од таблеткиве или
Prv mesec pijam kricea, imam se uste 5 rozevi i 4 beli tableti, a veke dobiv krvarenje. Dali e normalno i dali da se prodolzam da go dopijam kutivceto Pa da si pocnam so novoto!?
Здраво девојки гинекологот ми ги препиша таблетките Јасмин за да ми се средат хормоните кога ќе ги испијам сите после колку време можам да останам бремена бидејки сакаме бебе
Колку време ти рече да ги пиеш? Јас пиев 3 месеци и после 2 месеци останав бремена ама имам 10годишна историја со Јасмин.