1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрацептивни таблети

Дискусија во 'Секс' започната од strawberry18, 26 ноември 2009.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    А што конкретно имаш проблем, кои хормони треба да се средат? Проблем со менструација? Чудно ми е зошто само еден месец, обично таа терапија не се дава толку кратко.
     
  2. Стефанија12

    Стефанија12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ми рече хормони да се средат и менструација затоа што во март имав менструација од 6 до 12 и од 21 до 25 и ја прекинав со примолут нор
     
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    А откривте што е причината? Имаш проверено хормони?
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Стефанија12, имаш проверено хормони? Односно, дали точно знаеш кои хормони треба да ги средиш. Зошто гинеколозиве кај нас пилули препишуваат ко бомбони а всушност ендокринолози се тие кои треба да ги оправаат фрките со хормоните.
    Исто така, нека ме поправи некој, ама хормонална терапија се пие минимум три месеци. Со едно пакетче само `ршум ќе направиш во организмот.

    едит:
    @Jana06, во исто време сме пишале :)
     
    На Biljarkata и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Ти препиша да пиеш хормони без претходно да ги испиташ хормоните?
     
  6. Стефанија12

    Стефанија12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не сум проверувала хормони
    Ги пиев примолут нор за да ми прекине крварење и ми рече кога ќе ти дојде менструација на втор ден пак ќе дојдеш отидов и така ми рече да ги земам јасмин за да ми се среди менструација и хормони
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Не знам како е сега ситуацијава со коронава, дали може да ти закаже на ендокринолог да си испиташ хормони. И јас имам пиено ама никогаш не се согласив да ги пијам без претходно да испитам и да видам до каде ми се вредностите на хормоните.
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Стефанија12, побарај второ мислење и смени го гинекологот.
    Не пиј ништо додека не слушнеш што друг гинеколог ќе ти каже.
    Ако не е тајна, кај кого одиш?
     
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Не знам каква историја имаш со докторот, колку време се обидувате за бебе ама јас најпрво би отишла кај специјалист да ме види на ехо и да ми каже што понатака. Испитување на хормони и спермограм е стартот доколку подолг период имате проблем со забременување. Доколку проблемот е нередовни менструации се согласувам дека Јасмин би помогнал ама треба прво да се испита зошто имаш такви менструации.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Да ти се средат хормони, а немаш проверено хормони...океј:drunk:
    Долго време ли имаш проблем со менструација?
     
  11. Стефанија12

    Стефанија12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Прв пат ми е вака
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Стефанија12, најпрво побарај упат да провериш хормони.
    Батали Јасминот сега засега, тој не ти бега ако стварно треба да го пиеш. Јас го пиев три години, така да немај гајле, супер се поднесува, нити се здебелив, ниту мустаки ми никнаа, ниту коса ми падна ама пак затоа знам дека најмалку се пие три месеци.
    Исто, направи ехо кај некој кој важи за одличен гинеколог, да се исклучи некоја друга причина.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Стефанија12

    Стефанија12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Фала ќе побарам упат
     
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Мене хормони катастрофа ми се. Двајца доктори ми кажаа Микрогинон, Крицеа или Крипинеа. Не пијам ништо. Не сакам да се дебелам, во процес на слабеење сум. До кога ќе одолговлекувам не знам. Во октомври го послушав докторот земав Крицеа, имав тахикардии, се јавив, ми рече да престанам. Потоа ми рече да пробам Крипинеа, но се плашам малку. Пролактин под граница ми е, тестостерон на горна граница, и другиве не се сеќавам ама не беа и тие сјајни, само естрогенот беше во нормала..
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Се додека ви е поважно да не се здебелите..да бидете витки и посакувани од некој дебил на кого му е важно жената да му е 50 кила со се кревет, а не здрава права весела и среќна и не си го гледате здравјето... Нема да не биде
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, H.VAGA и 8 други им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    И тоа на 20 и кусур години..
     
    На cresa-jagoda, buba4e89 и Dust им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Каде напишав такво нешто? Не сакам да бидам дебела. Тоа ЈАС не го сакам. И здравствено не е во ред на моја висина да имам килажа од 92кг. Со моја желба и напор станав 74кг.И не сум задоволна. И не сакам целиот напор да ми биде залуден. Сакам да изгледам убаво и да се чувствувам убаво. Ако пишев ќе ги пијам за да не останувам бремена, ќе ми речевте се труеш хормони за некој да спие мирно и да свршува во тебе. Не знам дали прочита дека имам и тахикардии од таблетите. И јас сум во дилема и не знам што да правам. И докторот ми кажа исто, имам погоре пишано, или во друга тема не знам каде, ама ми кажа дека ако земам микрогинон ќе се здебелам, поради тоа ми препиша Крицеа, и не ги поднесувам, па ајде Крипинеа, а јас се плашам веќе од било кои. Докторот цела бременост ме караше за телесна тежина, и сега истото ми го кажува, не дај боже да осетам што значи да имаш здравствени проблеми од толку вишок килограми.

    И кое здравје? ПЦОС имам. Нема да ме излечат таблетите, само додека ги пијам ќе ме стабилизираат. Знам бидејќи пиев долго време и консултирав многу доктори. Прашав и дали е во ред ако не ги пијам, ми рекоа мој избор. Па избрав да немам тахикардии и нус појави. И психички лошо влијаат и не е така едноставно. Ама мора да се трча да се пише нешто.
     
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    А само тие два избори ти ги даде? Зашто можеш да пиеш Јаз или ако си потежок случај на пцос Јасмин се добри, јас не сум имала никакви нус појави освен периодот кога се навикнуваш на нив што е малку потежок. А зошто да се здебелиш, од што конкретно во апчето се дебелее? Не сум ги пиела, не ми се познати.

    Нема да те излечат ама ќе ти ја одржуваат функцијата на репродуктивниот систем. Без терапија можеш да имаш уште поголеми проблеми понатака. Многу е важно менструацијата да е редовна.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Му реков дека пиев микрогинон долго време и дека ми беа океј. Ми рече дека не би ми ги препишал, составот бил таков ќе сум се здебелела пак, а убаво сум тргнала со намалување тежина. Ми даде Крицеа, подобар состав биле и немало да ми влијаат на телесна тежина. Имав менструации поплави и ми траеја по многу долго крварењата, и после пораѓајот крварев цели 5 месеци и затоа отидов многу пати. Земав Крицеа, планот беше да пијам цела кутија, но некаде на 10тиот ден имав испакнати вени во црна боја и тахикардии. Му се јавив рече продолжи, испиј цело пакување. Утредента уште полошо, тахикардиите ми беа страшни, и ми рече да престанам веднаш. Отидов на преглед побарав упат за хормони, не ми даде. Рече пробај Крипинеа. Не послушав, отидов на друг доктор, ми даде упат, испитував хормони два пати, ме гледаше и на ехо и истото го рече. Крицеа или Крипинеа. Ми рече ако не сакам не морам да пијам, само ќе ми олеснат апчињата. Ми доцнеа менструациите и по 20-30 дена. Сега ми задоцнуваат ама по 5-10 дена. Акни се изнаредив и влакнеста станав на образите.. Ќе пијам веројатно, но сакам уште малку да ослабнам, па да пробам со некои и да видам како ќе ги поднесувам. Пост породилната депресија ме направи и суицидна, и не сакам со тоа да се заебавам, имав mood swings од хормонски таблети претходно и ми требаа неколку месеци пиење за да навикнам на сите нус појави. Да не ми се јавеа тахикардии во октомври кога земав Крицеа веројатно ќе ги продолжев.
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Fallen.Angel, гинеколог или ендокринолог ти ја одреди терапијата?

    Исто, само те молам немој да се навредиш од прашањево- имаш ли истражувано околу што требаш да јадеш а што не со пцос?
     
    На Lavender4, Fallen.Angel и Biljarkata им се допаѓа ова.