Прашај за Јаз или Јасмин, никогаш не ми влијаеле лошо. За акните и влакната значи ти се покачиле машките хормони и врти сучи пак доаѓаш до хормонска терапија. Еве сега гледам составот на Крицеа и Јасмин е ист. Може си во таков период сега, среди се и можеш да идеш до приватните Ремедика, Систина или Њу борн да видиш што ќе ти дадат да испиташ пред да дадат терапија.
Гинеколог. Ендокринолог нема во болницата тука, на интернист одат со резултати од хормони и ако е за тироидна. Бев и јас бидејќи фт4 беше чудна вредност. Ми ги гледаше и градите дека се некако бледа боја и ми кажа за 2 месеци пак да одам, пролактинот многу ми беше низок, ама не беше заинтересиран докторот, не било ништо веројатно. Имам истражувано но не можам да се придржувам од причина што не јадам никакво овошје (исклучок се:малини,портокал,лимон,мандарина и грејпфрут кои исто не можам да ги јадам но ги ставам во протеински шејкови), а од зеленчук само компири јадам. Колку што можам се придржувам да не јадам брза храна и се што е junk food. Јадам многу месо и јајца,млечни производи. Оброци некогаш заменувам со овесни снегулки и протеин плус наведените овошја, какао и цимет.
Многу добро прашање и насока Фала богу, со ништо од ова немам искуство, ама знам дека треба да се постави вистинското прашање. Зошто се случува ПЦОС? Што тригерира повишени андрогени хормони кај жени? Како природно да се намалат/ кои тригери да се исфрлат? Не разбирам како екстра хормони го решаваат проблемот @Fallen.Angel ендокринолог тене ти треба и тоа добар. Со месеци те читам, се вртиш во круг. А исто не е на одмет, сама да си побараш одговор на прашањата од погоре. И нема јадам-не јадам, мислам возрасни сме, само твојата воља и дисциплина можат да ти го решат проблемот.
И јас сум ДЕБЕЛА не затоа што јас сакам туку затоа што и јас пијам рака апчиња за други здравствени проблеми(и не знам да речам - доста јадам!) , вклучувајќи ги и твоите пцос ... вклучувајќи ја и ендометриозата која што ми ја дијагностицираа пред 150год.. И уште полна шака дијагнози за полна шака апчиња.. Јас пијам Јасмин може последниве 10-13год.. пијам поради здравствените проблеми , пијам успат и како контрацептиви.. И ете мене можеш да ме ставиш во тој кош дека успат ги пијам за да имам секс без кондом .. Не се здебелив поради јасмин, туку поради други причини.. И ти нема да се здебелиш поради јасмин или др.таблети ако си ставиш патент на уста, броиш калории и вежбаш.. не може да се здебелиш ако не јадеп дополнително повеќе калории Може да се подуеш од задржување вода, тоа е па друга мака.. Згора на се, има голем избор на контрацептиви, не се само тие 2-3 .. Тебе ти требаат нови доктори.. нов гинеколог, ендокринолог, па дури и интернист затоа што можеби тахикардиите ти се јавуваат од друга причина... Не е битно дали имаш 74 или 84кг ако телото ти е здраво и сите органи ти функционираат како швајцарски саат.. Мускулната маса тежи повеќе од салото.. И да..не е исто 92 кг на човек од 152цм и 92 на 172цм ... Смени ги докторите, оди на друго место макар и во друг град затоа што овие твоите делуваат незаинтересирано, смени го начинот на живот (твојов е полн со стрес) , смени ја причината поради која што сакаш да ослабеш (да си здрава, а не поради тоа што маж ти не сака да има секс со дебели т.е му се неатрактивни..тебе те прочитав некаде за нешто во овој контекст пишано).. смени ја терапијата.. Ќе бидеш и поздрава и посреќна..
Сум пробала, од некои работи се ежам и не можам ни да ги допирам, а некои кога сум пробала да ги јадам веднаш повраќам. Не е баш дека пребирам и не јадам тоа зашто не ми е вкусно, не ми оди. Кои доктори не знам веќе. И во Систина бев кај Никола Панчевски, тој пак ме убедуваше дека немам ПЦОС, а после неколку месеци на преглед заборави што кажал, ми вика немаш шанси за бременост, барај ваучер за ивф.
https://www.verywellhealth.com/foods-to-lower-testosterone-2616293 За првото, што да кажам За второто- ако не решиш сама да си го решаваш проблемот, никој нема да ти го реши. За некого си вреќа пари, што си самата за себе, ти треба да решиш. Ако апчиња не ти го решаваат проблемот, а веројатно не го решаваат, кои ти се опциите? Дебелината е најмал проблем, со општото здравје си играш. https://www.womenshealth.gov/a-z-to...drome (PCOS),,creates problems in the ovaries.
Нема потреба да го рефлектираш твоето лично здравје и искуство врз членката. Немојте сѐ лично да сфаќате, не е сѐ напад над вас. Очигледно е дека членката има проблем, а гинеколозите не и се од помош. Најлесно е "еве ти хормони сѐ ќе биде супер". Контрацептивни не лечат ПЦОС. Контрацептивни прават пауза да не мора гинекологот да се грижи за причинителот на проблемот, па ако е привремено ќе помине. Ако не е - проблемите ќе ти останат и кога престанеш да ги пиеш. Апсолутно нема поента да пие контрацептивни, посебно кога и дале избор, кога и рекол лекар "како сакаш". Да, мора да среди исхрана и да менаџира стрес. Не мора од секој збор нападнати да се чувствувате.
Точно, контрацептиви не лечат Пцос, всушност ништо не лечи ама со добро информирање може да се подобри квалитетот на живот. Јас пиев контрацептиви и добивав нормално секој месец, што уствари и не е реално крварење. Ги прекинав и пак иста песна 2 пати годишно добивав. Потоа исфрлив прости шеќери од исхрана и јадев редовно три здрави оброци со ужина меѓу нив, почнав да вежбам секој ден по 40 мин., ослабев до сега 5 кг И веќе трет месец добивам по ред без контрацептиви.
Дап, не добиваш. И нема потреба да крвариш на контрацептивни. Паузата за крварење ја додал производителот, т.е. изумителот прв оти се надевал дека католичката црква ќе ги прифати контрацептивните ако повеќе наликува на нормален циклус. И јас не добивав секогаш најредовно, ама менаџмент на стрес, суплементи малку повеќе и искрена базирана на протеини и масти - и ем добивам поредовно - ем слабеам. Од контрацептивни на психијатар завршив, после дури научив што се прават и со телото и со мозокот.
Сакам да ве има вакви повеќе и почесто. Само прости шеќери и активност било чарето, браво. Мислев којзнае шо треба, цвет од магарешко трнче и семки од хималајска тиква. Озбилно браво.
А може ли од контрацептивни таблети да не можеш да забремениш? Ги пиев пред 2 години, ама слушнав дека било тешко после забременување од нив. Мислам не е точно ама сепак да прашам.
Да, баш така прават докторите. Овој матичниот, не ми ни кажа дека е ПЦОС затоа што знае дека ќе го распрашувам. Претходно одев на други, после него пак на друг гинеколог и сите тоа ми го потврдија ПЦОС е. Ама матичниов не сака ни упат за хормони да даде, само препишува и ако не одговарала терапијата да сум ја сменела и се така во круг. Сменив животни навики колку што можам. Теретана почнав да посетувам, сега заради меркиве дома вежбам. Буквално порано живеев на крофни, пици и тостови. Некогаш некое парче месо ќе каснев и толку. Си пиев и алкохол и се што ќе посакав. Проблем немав, телесната тежина ок беше. Кога почнав контрацептиви во 2018 год пиев до 2019 цела година и покачив 10кг. Не се замарав многу, ама потоа следуваше бременост и уште 20+ нови килограми. Тогаш се освестив. Почнав да внесувам овес 1-2 пати дневно, колку и да ми е гаден. Почнав повеќе јајца и месо за да внесам протеин а да не јадам нездрава храна како што си сакав пици,тостови и секакви тестенини и конзерви. Јајцата ми здосадија, не ги откажав, правам сега палачинки од 10 јајца со протеински микс и малку цимет за да ми биде вкусно колку толку. Риба не сакам воопшто, ама јадам со сила 1-2 пати неделно. Навечер скокам оброк, наместо да јадам пијам протеин со овес, за да ме засити. Тоа првенствено го правев заради слабеење, но сега сфатив дека е поздраво тоа отколку бејк ролс или шпагети да варам навечер. Јатките не ги ни рачунам, тие секако ми се вкусни, требало или не јас обожавам јатки и си ги јадам наместо чипс. Алкохол немам помирисано одамна. Си сменив навики. Спремна бев да јадам и зеленчук и овошје ама црева си истурив од повраќање, не можам. Малини само јадам и сок си цедам од цитрусни овошја за да внесам некаков витамин. Знам дека не е заебанција ПЦОС, докторката кај која бев последно многу убаво ми објасни дека сега ако не сакам не морам да пијам таблети. Пиела или не скоро исто е, не влијаат таблетите на ништо посебно, само ќе придонесат за редовна "менструација" која уствари не е менструација туку крварење кое се случува на паузите меѓу пакувањата, и дека може да ми се среди проблемот со акни и влакнетост, на друго да не се надевам. Ми рече и таа не е заебанција ПЦОС сега сум млада, но понатаму може да ме одведе кон дијабетес, проблеми со тироидна, и уште нешто наброја. Свесна сум ама не сум одлучна. Имам историја со депресија и анксиозност, не беше толку одамна мојата последна посета на психолог и искрено не сакам пак да западнам. Се држам некако сега за сега. И не знам зошто порано без проблем поднесував додека пиев микрогинон, а сега имам тахикардии од Крицеа. Разбирам друг бренд, друг состав. Ама добро се сеќавам на нус појавите кои ги имав претходно, промени во расположение, депресија и набрекнатост во градите. Последно во октомври кога пиев Крицеа иако беше кратко време, тоа не го почувствував. За психата не знам дали ми влијаеа бидејќи секако си бев растроена, но тахикардија имав прв пат во животот, после неколку часа од таблетата тахикардија и чудно чувство како некој да ме дави. Тоа ме исплаши ептен..
Абе не е баш само прости шеќери исфрли и активност, си има.... хигиена на живеење. Рано легнување, рано будење, малку ху-ха-ху-ха кога ќе удри стресот, па тек после иде исхраната (многу зеленчук, многу протеин, многу масти и малку јх) и физичката активност, со акцент на градење мускулна маса. Али дефинитивно возможно, со добра организација и поставување приоритети во денот. Discipline is freedom Јас веќе 6 години сум офф контрацептиви, си решив здравствен проблем друг и добивам редовен циклус на 28-34 дена, со 10 (потврдени) овулации годишно.
И тебе сакам да те читам почесто. Во секоја здравствена тема ако може. Знаеш како, тоа со дисциплиниран живот, стално го заборавам, јер дифолт ми е. И стално некои апчиња и дијагнози се решаваат по форумов, од не знам перут до не знам тироида, и стално некое решение се нуди, а основата се заборава. Нашата моментална состојба е последица од нашиот животен стил. Нема универзален шампон, универзален крем и универзално апче. Ако сме во дисбаланс, мора сами да најдеме од каде е тој дисбаланс и да направиме баланс.
Не лечат пцос и нема лек за пцос, точно. Се ова што си напишала е така и браво за резултатите. Но, малку да се опуштиш отиде се во вода. За жал искусив 2 пати и бев во многу полоша ситуација од претходно. Пази, внимавај на исхрана, оди на тренинзи (за мене беше мачење зашто не сум веќе таков тип, сакам да јадам, да лабавам во кафанче, алкохол, цигари) и после месеци внимавање си викаш fuck this shit, се опушташ и после господ на помош. Отишле хормоните во хаос, сум се поправила 5кг и губиш волја за живот. За мене контрацептивите беа решение, не знам што ќе правев 10години да не ги пиев. Пцос е начин на живот, си го имаш до крајот на животот само треба да го најдеш правилниот начин. @Fallen.Angel Треба што помалку јајца и пилешко месо да јадеш. @shz Не би требало да е точно. Обично се препишуваат контрацептиви неколку месеци пред обиди за забременување, јас така забременив.
@Jana06 јас пред околу 1 година или 2 беа не знам точно престанав да ги пијам и сега скоро почнавме обиди за бебче. Општо прашав дали од нивно пиење потешко се забременува.