Да да домашни конзумираме. Имаме премногу, и затоа плачинки со 10 јајца правам. @Jana06 за пилешкото има логика, вештачко е многу. Јас знам дека како мала јадев премногу пилешко, докторката матична ми рече да престансм бидејќи од тоа се дуваме како балони ,хормонско било купечкото и градите од тоа нагло растеле кај девојчиња. Не знам дали е така навистина, но прекинав да јадам пилешко толку често. Јадев секој трет ден. Сега само ако има домашна кокошка, со ориз, супа пилешка и толку.
Може јајца, јас некои недели јадам и по 14 јајца. Има омега 3, протеини, го регулира инсулинот, итн. Слободно јадете си јајца
А да прашам Јасмин некој да ги пиел, што имавте од несакани ефекти? На мисла сум и со нив да пробам. Читам дека проблемот со акни останувал, единствено за контрацепција помагале. Но докторката во болница рече можам и тоа да земам. Баш ја прашав дали може нешто само со прогестерон, ми рече не, тие на постари жени ги давале. Комбинирани давале на помлади.
Јас ги пиев Јасмин, се отрув од апчиња за главоболки. Бев подуена цело време, расположение менував секои 10 минути. За време на тие 3 до 4 дена во месецот немав јаки менструални болки ама останатите 20 и нешто дена ми беа хаос од тие несакани ефекти. Другарки мои презадоволни беа, јас воопшто не.
Значи сепак мора да пробам за да знам... Аман веќе.. Сите ќе треба да ги испробам за нешто да ми одговара...
Во странски групи и форуми гледам жените се многу задоволни од progestiin only (the mini pill). Прашав и доктор за тоа, ми рече млада сум за тоа. А таму во Америка и млади девојки ги пијат. Не знам дали пак да прашувам, некој има тука што пиел пилули само со прогестерон?
Пијам крицеа, сега го завршувам второто пакување. Од недела започнав со пиење на белите таблети и уште не добив, инаку имав односи заштитени и сите таблети ги имам пиено по редослед
Ништо страшно. Ќе се регулира понатаму. И мене имаше ми се случено на почеток со микрогинон да имам капки крв првите два месеци скоро 15 дена. Потоа кога пиев Јаз два месеца така ми се случи да нема крварење. Крицеа не испив цело пакување па не знам што и како...
Јас ги користам Јасминот, ама имам доста читано и за мини пилулите. Повеќе наменети биле за жени над 35 години, содржат само 1 хормон, и кај тие мораш да ги пиеш секој можен ден, нема како комбинираните да имаш 1 недела одмор. И ако заборавиш такви било по ризично неголи комбинираните. Така да подобра опција ти се комбинираните.
Piev do 13 april kontraceptivni, imav krvarenje normalno. I posle toa prestanav so pienje. Sega neznam koga treba da mi dojdi, dali znaj nekoj kako se racuna
Дали има некоја останато бремена додека ги пие таблетите? И доколку се остане бремена а да не знаеш и да ги пиеш таблетите дали е штетно?
Мене гинекологот ми рече дека не можам да останам бремена додека ги пиев и искрено не внимававме многу со мм, па немаше ништо. Ама затоа само што ги прекинав одма забременив.
Готово ги прекинувам таблетите, здравје се надевам за брзо ќе останам бремена. Сум слушнала дека после нив лесно се останува бремена ги пиев 3 месеци.
Индивидуално е, можно е да ти дојди пак на околу 28миот ден од последниот циклус, а можно е и да ти касни. Во секој случај, нормално е да има промени во циклусот во првите 3 месеци по оставањето на контрацептивите, додека телото т.е хормоните не се вратат во нормала
Ако останеш бремена се препорачува одма да се прекинат. Нема да ти наштетат ако забремениш додека ги пиеш и не знаеш, ама ако ти касни направи одма тест и ако е позитивен, прекини ги веднаш. Бремена немам останато додека ги пиам, а ги пиам од декември, со незаштитени односи нормално. За имаш 100% ефект, треба многу одговорност и пиење во точно време