Здраво, немам гинеколошки проблем со јајници, хормони и слично се ми е во ред, но гинекологот ми препиша диане 35 затоа што имам акни веќе 2 години и се што пробувам има краткотраен ефект и ми се враќаат. Ме интересира ваше мислење и искуство дали некој ги пие само поради проблем со лицето, страв ми е да не ми се поремети организмот од нив
Да,има многу членки што ги пијат поради акни контрацептивните таблети.Јас конкретно пијам Крицеа за акните ама и плус за пцос.Кај мене се нема ништо лошо случено до сега,но на почетокот додека ги навикне телото ќе имаш некои несакани ефекти подносливи кои за брзо ќе ги снема.
Прв пат пијам Крипинео Денес ми е 6 ден одкако ги прекинав а немам добиено Обично добивав на 3-4ден прв пат ми се случува вака А немам ниту симптоми дека ке добијам Дали пак да продолжам да ги пијам незнам дали некоја имала слично искуство
Jas so kricea, ne dobiv ni po mesec dena, bev na pregled mi rece da pocnam pak da pijam Sega ne te sfativ ako gi pies prv pat i sega treba uste iako ne si dobila pocni si moze da se sluci da ti ripne mesec si pisuva i vo upatstvoto, sepak za sigurnost moze i test da si napravis
Девојки,пијам примолут нор за добивање и од вториот ден навака имам контра ефекти,срцебиење и немање здив при спиење.Имам напади како панични,не знам што да правам веќе страв ми е да легнам да спијам. Некоја искуство и како издржавте?
@buba4e89 од примолут нор и јас имав нус појави како повраќање,губење свест и нон стоп лошење Тие 10дена издржав и повеќе нив не ги пиев
Да, јас првите 12 дена откако ги почнав Јасминот имав крвав исцедок постојано, ама сега се е океј. Имам едно глупо прашање..Дали е можно да останам бремена додека ги пијам? Втор месец инаку
konsultiraj so ginekolog mene mi zamenija so dabroston i mnogu podobro so niv bev zasto i jas ne mozev da gi podnesam primalut nor.
Onaka cisto informativno me interesira. Kako gi piete pod saat se pijat redovno sekoj den ili pred seks nekolku dena? I kako se dvizat cenite so recepta?
Секој ден во исто време, не смееш да ги забораваш оти ќе немат ефект. Јасмин сум ги пиела само и тие се 450 денари, ама мислам дека има и поефтини.
Па тоа зависи, јас ги пиев скоро една година, ти може ќе ги пиеш 2/3 месеци, и во тоа време без разлика колку месеци ги пиеш треба да се секој ден во исто време испиени
Kolku ima vo pakovanjeto? I ne mozi posle toa nekoj posledici na neolodnost ne daj boze kazuvaat mozelo da ima?