Изместем ти е менструалниот циклус. Со контрацепција нема како да останеш бремена,не ствараш јајце клетки,немаш плодни денови/овулација.Плус, не свршил во тебе. Опушти се, ама никаква опасност не постои од бременост кога си под контрацепција
Ви се случило ли откако ќе прекинете со контрацепција да ви се "поремети "циклусот? Во ноември зимав Крицеа само еден месец и ги прекинав, во декември правев хистероскопија и од ГАК ми дадоа терапија кога ја завршив добив после 4дена после добив на 20 дена и последните два пати на 25 дена , а претходно секогаш добивав на 28.
Дали ви се случило после прекин на терапија со Јасмин/било кои други* да ве болат јајниците? Прво мислев дека ми се причинува од што ми беше таа мисла во глава, после си реков настинка..ама еве двата јајника ме болат и тоа некоја остра болка..
Овулација. Јас имам јаки овулации по раѓањето на второто дете и матичната ми рече да пијам малку контрацепција за да здивнам малку од болките... само не сум се одлучила и сеуште си трпам јаки болки во овулација. Баш така остра болка, па дури на неколку пати и крвче сум имала...
здраво само уште нешто да те прашам дали да очекувам сега крварење додека ги пијам белите таблети денес ја испив првата ? И колку месеци треба да имам крварење во тој период , или само во првите месеци ?
Pijam kricea godina dena i osven prv pat koga pocnav takvo krvarenje mi se ima pojaveno uste dva pati. A za dobivanje po ispiena 3ta tableta dobivam jas a poslednite meseci po 4ta
Јас не можам да се навикнам на ниедни најверојатно. Многу ме прават нервозна и тажна, а воедно многу ми се потребни. Која е тајната да се чувствувате добео со контрацепција? Дали низ исто сте поминувале како мене?
6 месеци пиев јасмин. Последното апче го испив на 23.02, последниот циклус ми дојде на 26.02 но еве овој месец сеуште немам добиено..Дали е нормално ова или е некоја отстапка? Некој вака да му се случувало? Стварно сум многу исплашена, бидејќи секогаш ми бил редовен циклусот
Здраво девојки,пијам Крицеа и обично добивам после втора/трета бела таблетка,но еве вчера ја испив четвртата и треба денес нова розева да пијам.Е сега сабајлево при бришење имав крв како при добивање и ми протече малку.Ама од тогаш не ми тече. Ви се има ова случено?
Прочитав различни мислења и различни искуства тука. Знам дека е најдобро да се оди на гинеколог и да ти препише контацепција па да ја купиш. Меѓутоа ме интересира дали има опција така самостојно (без рецепта) да купиш и да користиш? Ако има, во која Аптека?
Тука кај што живеам во сите аптеки ми даваат без рецепт. Во мојот случај ми беа препишани од лекар, ама да не одам по рецепт ми ги даваа и без, што реално не е исправно. Веројатно за заштита од несакана бременост ти се. Јас сум против земање контрацепција на своја рака, ама сепак ти си одлучуваш.
Дали некој имал ваков случај Пијам контрацептиви за регулирање на циклус,е сега имам уште 10 апчиња за пиење а јас утрово добив Зошто вака? Прв пат ми се случува вакво нешто обично по завршувањето на последната таблета после неколку дена добивав И сега дали да продолжам да ги пијам или да ги оставам тие 10апчиња па да си планирам од денес 7дена пауза и од 8ден да почнам да ги пијам
После терапија со Јасмин 6месеци, целосно ми се поремети циклусот. Еве веќе две години ми е така, од 24 месеци дали 5 вкупно сум имала циклус. (природно, без терапија)
Немој на своја рака да земаш, без разлика дали ќе ти дат без рецепт, посети си доктор, ќе ти објасни се
Јас ги пиев диане, по само 2 дена пиење ја имам тахикардија, јака болка во градите. Плус циклус ми трае обично 6 дена, сега ми траеше 10 и ги прекинав. Мислам дека си имаат нус појави. Мене очигледно не ми одговараат.