Во ниеден случај да не ги пиеш без претходна консултација со доктор. Доколку сакаш да ги пиеш само за заштита од бременост - немој. Од лично искуство ти кажувам, јас ги пиев бидејќи морав ( пцос и акни ), ги имав сите можни нус појави, крварење првите 2 недели откако ги почнав имам пишувано у темава, мислев дека ќе ми се среди состојбата на лицето, што така и беше, но штом прекинав да ги пијам пак се се врати исто. Ова е моето искуство и најдобронамерен совет
Девојки јас прв пат имам ваков проблем мислам дека тоа не е нормално Пијам контрацептивни апчиња но циклус добивам и додека ги пијам Минатиот месец добив а имав уште 11апчиња за пиење,еве денес пак добив а имам уште 9апчиња Попладне имам термин да видам што ке каже матичната но јас мислам дека не е во ред тоа Плус обично кога сум пиела лицето ми е било ок сега ми е ужас
Здраво девојки, имам мал проблем , на 25ти одам на одмор а баш тогаш ми иде менструацијата и не можам одморот раат да го истерам , па се мислев како можам да ја одложам или пак да ја убрзам пред 25ти да дојде, дали тоа се прави со апчиња за контрацепција? Фала ви однапред
За да ја забрзаш не знам, али за да ја одложиш со примолут нор, 3 дена пред циклус се почнува, по 2 апчиња на ден, секој ден во исто време, 10 дена се пијат, ќе ти дојди 2,3 дена откако ќе престаниш. Одат на рецепта
Планирам малку да паузирам од Крицеа. Шо треба да очекувам? Дали повторно ќе ми се вратат првичните проблеми шо ги решив со апчињата?
Ako sakas konsultiraj se so lekar dali da gi pies i taka mora recepta da ti prepise inaku se hormonski ama najslabi se primolut nor za da nemas nekoj koznae kakov efekt so hormonite mislam deka ke ti dozvoli doktorot
Заради малиот проблем пази да не направиш поголем, по препорака на доктор пиев контрацептиви и после ми се поремети циклусот од идеален циклус на 28 дена дури и после абортус стигнав до тоа да не знам кога треба да добијам.
Пијам контрацептивни и плус веке 3 ден циклус Денес имам појака болка,и трнење во нози незнам како да опишам Матичната неможам да ја добијам,сестрите велат термин после 17август и сега незнам што да правам А имам уште 8 апчиња не сум ги прекинала ги пијам и плус обилно крварам за разлика од предходните месеци
Krvarenjeto moze da e od zeskoto vreme ama pak treba da si pojdes na lekar ako ne na ginekolog na opsti maticen mozebi e potrebno da se poseti i transfuziolog
Ги пиеш контрацептивните за време на циклус? Да не се од тоа симптомите. Јас кога пиев, пиев 21 апче, па за време на паузата имав циклус.
@viktorij @Pinkdust јас контрацептивни пијам долго време скоро 9г Имав прекин скоро од 6 месеци и сега еве веке 5 месеци пак ги пијам И знам како се пијат секогаш кога го пиев последното т.е 21-то апче после 3 дена добивав Но сега јас не сум завршила со пиењето имам уште апчиња за пиење требаше да добијам околу 21-22 месецов а јас добив на 9 Ги пијам заради полицистични јајници без нив немам циклус
И јас исто имам полицистични јајници. Баш и мене вака ми се случи (имав циклус, а имав уште неколку дена од апчињата) и си продолжив да ги пијам (секако во консултација со матичната). Обавезно да се јавиш да прашаш на тел. а и плус закажи си термин.
Треба да се јавиш на лекар. Не можеш да крвариш од жешко време…глупости. Знам дека се чека за термин ама ако си итен случај ќе те примат одма.
Конттацепција се пие цело време i vo edno pakuvanje ima 28 tableti i нема врска со ментруацијата. Примулутнорот не се пие за време за мензис и тоа не е контрацепција.
Трнење во нозе знае да се појави, но и не требс да се запостави. Оди кај матичниот гинеколог или кај негова замена. Крварењето ти е нормално и болките.