21 таблета има Јас пиев во Мк Диане35 сега овде се други но пак се 21 таблета Сепак ви благодарам на сите утре ме примија ке одам
Јас пиев крицеа, па јаз. 28 таблети, од кои, последните 4 бели таблети се плацебо-чисти (не штитат од бременост) Ватевер колку се…..најбитно не се прекинуваат и нема врска си мензисот и се што напиша за реакцијата од нив е нормално.
Јасмин пиев јас, со 21 таблета и правев пауза, а за време на паузата имав циклус. Може има нешто разлика за што се користат, мене ми беше затоа што немав циклус а не за заштита. Инаку заборавив да напоменам дека после терапијата и кај мене се појави трнење во нозете ама не обрнав внимание баш, ми помина за брзо време.
И јас не пиев за заштита, пиев 6 месеци ради здравствен проблем и се пие цело време без пауза. Менструацијата си доаѓа календарски најнормално и не влијае контрацепцијата на неа, не оже да не добиеш, туку само спречува плодни денови и овулација. Затоа и се вика контрацепција. Консултирајте си се друг гинеколог,мое мислење е дека не ве водат правилно,бидејќи се пие минимум 6 месеци последователно за да се среди тоа што е за средување. Трнење нозе и јас имав,
Тогаш јас сум изгледа нешто грешка Јас мислев дека додека ги пијам не треба да добијам Јас имав циклус на 22Јули и сега на 9 а имам уште 7 апчиња што до тогаш секако ке мо заврши циклусот,и кога ке направам прекин ако пак добијам тоа ке биде во рок од 30 дена јас три пати ле добијам циклус Затоа малку се збунив,сепак ке видам утре шти ке ми кажат
Разговарај со гинекологот се. Или пиј ги како што треба или остави ги скроз. Не се труј за џабе и не си ги изместувај хормоните ако ги пиеш “кога ќе ти текне”. Совет
Никогаш не сум играла со такви таблети Си ги пијам нормално скоро 9години Без прекин на ниту еден ден,но и покрај редовноста ете што ми се случува Ги пијам за да регулирам хормони а не да си играм со нив
Otidovte li na lekar sto vi kazaa za tabletite i za krvarenjeto inaku jas kontraceptivni veke ne pijam nikako samo primolut nor bidejki se najslabi i cikloproginova za da dobivam redovno
Во самото упатство пишува како да се зимаат. Гинеколог не знае,ама ти најстручна. Мора да има пауза од 7 дена за да добиеш, и не се дава само за заштита и добивање. Друга работа трнењето на нозете ви се од апчињата во упатството си пишува убаво за несакани ефекти. Јасмин има 21 таблета,тоа што си пиела ти крицеа со јасмин нема допирна точка. Секое апче е различно и не може да биде исто. Јасмин се пие и за регулација на циклус. Не пишувајте глупости дека се пијат без престан, си има упатство,си има стручни доктори за тоа.
Некој од контрацептивите имат блистер од 21 таблета се пијат 21 ден па имаш 7дена пауза и на 8ми ден земаш ново пакување без разлика дека имаш сеуште циклус Некои од контрацептивите имаат 30 таблети 21 се со хормони а 7 се плацебо ефект без хормони али се пијат секоја ден немаш пауза со нив
Од жешко се шират капилари на пр на нос и ни тече крв ама твоево не е можно. Наместо глупости да ти кажуваат нека ти направат снимања/маркери за канцер и тумор (скраја да е) . Не може туку така да крвариш.
Genekologot mi prepisha Yazz kontraceltivni tableti, na moe baranje. Imam rodeno edno dete carski, i bi sakala barem 2-3 godini da pochekame za vtoro. Dali ima nekoj iskustvo so niv? Nekoi negativni pojavi? Upatstvoto so niv e okolu 50 strani. Go prochitav i malku me zamisli. Zgrutchuvanje na krv itn.
Дали има барем едно позитивно искуство некој да сподели дека по прекинување на диане или било која контрацепција акните не се вратиле?
Мисење за јаз таблети? Имам ендометроза на јајник од 3цм и докторот ми ги препиша јаз таблетите да ги пијам 3 месеци. Дали некој ги користил за цисти?
Здраво нова сум на форумов ми треба ваш совет,користам јасмин таблети втор месец ама денес пред да ги завршам таблетите добив циклус,а имам уште 6 неиспиени..дали некоја имала сличен проблем ..фала многу
Му треба време на телото да ги прифати таблетите и стабилизира. Мене ми се има случено да прокрварам со пола испиени и ми рекоа да не ги прекинувам, да го завршам паковањето не се секирај, не е страшно... али сепак можеш и со доктор да се консултираш
Не сакам да плашам никој, но добро е да се знае дека тромбоза можете да добиете од Јасмин. На последната контрола ми беше посочено дека други индикации односно предизвикувачи не постојат освен таблетите. Така да, бидете многу внимателни.