Може ли да ми пишеш во порака, јас не можам бидејќи ти е ограничен профилот ,инаку и јас ги пијам за акни , сакам да те прашам по детално ако може да ми објасниш некои работи.❤️
Здраво треба да правам хистероскопија и ми рекоа од втор ден да пијам микрогинон контрацептиви. Некоја искуство да сподели од таблетите ако ги има пиено?
Едно прашање. Како се викаат апчињата кои се пијат два,три дена пред циклус и после кога ќе ги завршиш после 2 3 дена може да се добие циклус. Сакам да одложам па да прашам и дали се штетни?
Примолут нор се апчињата и последици секако дека има. Јас ги пиев минатото лето и наредните добивања ми се пореметија и болките беа милион пати појаки. Јас такви болки немав почувствувано до тогаш, а имам јаки болки секој циклус.
Другарка ми лани доби ненадејно некој ден порано на одмор , и бараше од доктор таму да и препише да и стопира циклус, тој не сакаше да и даде. Штом доктор вели не, не си прави играчки со здравје.
Некој што пиел апчиња за одложување на циклус? Имам многу болен циклус и страв ми е таму да не ми се слоши.
Колку време ви требаше да ви се навикни организмот на таблетите? Користам веќе 5ти ден..осеќам некои главоболки што доаѓат и си одат, некои како топли бранови и како некои зашеметувања. Ваљда во ред е да е така??
Скроз е нормално, може да трае и до 2-3 месеци. Јас првиот месец секогаш сум повраќала, страшни главоболки ,грчеви во рацете и нозете, жешко-топло промена на температура особено на ноќе дури спиев.. Првиот пат кога пиев ептен испаничив, веднаш направив крвна слика тестови мислев којзнае што ми се случува после гинекологот ми кажа дека е нормално.