Бидејки форумов е преокупиран од деца кои имаат сексуални односи, а не се доволно информирани, па после поставуваат чудни прашања, затоа ја отварам темава за подобро да се информираат, а модераторите би ги замолила ако може да ја означат како ,,важна,,. Белки ке прочита некој пред секс. Што е контрацепција?Под контрацепција се подразбира употреба на различни сретства, мерки и методи со кои се спречува оплодувањето. Постојат повеќе типови на контрацепција. Кои типови на контрацепција постојат? Постојат повеќе различни типови . Со некои ( како што е хируршка интервенција кај жената и кај мажот), се обезбедува трајна заштита од забременување. Со примена на некои методи или сретства , кои се опишани подолу, се постигнува привремена заштита и сигурна заштита. Апстиненција Прекинат однос Спермициди Кондом Контрацептивни таблети Дијафрагма Интра утерини влошки (спирали) Инекции Импланти Ургентна контрацепција Што треба да знаете за овие методи? Некои од овие методи ќе ве заштитат од забременување и од сексуално преносливи болести, други само од бременост. Биолошка претпоставка е дека јајната клетка има способност за оплодување 6-12 часа од ослободувањето а сперматозоидите во женскиот генитален тракт 2-3 дена. Прекинат однос. Бременоста се спречува така што, машкиот партнер го прекинува сексуалниот однос и ејакулира надвор од вагината. Нема споредни ефекти и не чини ништо, но не заштитува од СПБ и ХИВ и не е така сигурна метода. Спермициди. Спремицидите се наоѓаат во форма на пасти, пени, креми, гел или супозитории. Може да се и во форма на семитранспарентен филм кој по поставување во вагината се претвара во гел. Спермицидните сретства ги користи женскиот партнер а се поставуват во вагината најмалку 10 минути пред сексуалниот однос. Тие делуваат така што ги запираат сперматозоидите да не се движат и со тоа да не можат да стигнат до јајната клетка. Делумно штитат и од СПБ, но не штитат од ХИВ. Покрај спермицидот, за да се заштитите од ХИВ, користете и кондом. Може да се купат во продавница и без рецепт и не се многу скапи. Пред контакт, препаратот се става во вагината (понекогаш при ставањето може да се почувствува мала нелагодност). Кондом. Кондомот е гумичка направена од латекс или друг материјал. Штити од забременување и од СПБ и ХИВ. Може да се купи во продавница, без рецепт. Достапен е за машки и за женски. За да заштитата биде ефикасна, треба да се користи според упатството. Прочитајте ги инструкциите . Проверете дали поминал рокот на употреба! Машките треба да го стават кондомот, кога пенисот е во ерекција пред да навлезе во партнерот. При извлекување на пенисот надвор, држето го кондомот наспроти пенисот. Поефикасен е во превенција од забременување кога мажот го извлекува пенисот надвор, пред да ејакулира. Погрешно се верува дека два кондоми еден преку друг, штитат подобро. Контрацептивни таблети. Тоа се хормонски таблети, кои го спречуваат ослободувањето на јајната клетка. Штитат од бременост, но не штитат од СПБ и ХИВ. За да се заштитите од СПБ, покрај таблетите користете и кондом. Таблетите не може да се добијат без лекарски рецепт. Треба да се земаат секојдневно во исто време. Ги има во пакувања од 28 и 21 таблета. Ако не ги земате според упатството, помалку се ефикасни.Доколку жената заборави да земе таблета еден ден, наредниот ден треба да земе две таблетки,( една наутро и една навечер). Прекинот на земањето на таблетките подолго од 36 часа ја загрозува сигурноста на сретството. Кај некои жени може да се јават некои мали несакани ефекти најчесто во првите три месеци од употребата. Жените кои земаат таблети, треба да избегнуваат пушење. Цената е повисока од онаа кај другите сретства но затоа се со висока ефикасност. Пожелно е пред да се употребат девојката да има најмалку 5 менструални години. Спирали. Направени се од пластична материја а дел од нив е обвиткан со тенка жичка од бакар или сребро. Имаат висок степен на сигурност од забременување. Ги поставува лекар, најчесто во почетокот на менструалниот циклус. Пред поставувањето потребно е да се направи кај жената бриз од грлото на матката, да нема инфекции во вагината или во јајчниците, да нема бременост и да има регуларни менструални циклуси. Не штити од СПБ и ХИВ. Обично се поставува кај жени кои завршиле со својата репродукција. Ретки се несаканите ефекти од поставувањето како крвавење или неподнесување на спиралата. Итна контрацепција. Често се нарекува таблета за утрото-после . Се користи во форма на таблетки. Некои жени ја користат, ако веруваат дека останале трудни (секс без заштита, скинат кондом, жената заборавила да земе пилула, силување и сл.). Најдобро е да се примени што побрзо од незаштитениот однос но најдоцна до 48 часа. Кај најголем број од пациентките се јавува силно гадење и повраќање, набрекнатост на дојките и изместување на менструалниот циклус. Ако сметате дека е потребно, контактирајте го вашиот гинеколог. Не треба да се користи како замена за другите типови на контрацепија. Може, најкасно пет дена од претпоставениот незаштитен однос да се постави интраутерина влошка како начин за спречување од забременување односно како итна контрацепција. Овој тип на контрацепција се користи само како ургентна мерка. Некои корисни совети Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога машкиот партнер излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ. Ако одлучите да користите кондом, користете нов кондом, секогаш кога имате контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција. Измијте си ги рацете со сапун и топла вода, пред да ставите контрацептивно средство во вагината. Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не сте специјално обучени. Не се ослонувајте само на овој метод. Вие може да останете бремени или да добиете СПБ, дури и при вашиот прв сексуален контакт во животот. Не менувајте ги често Вашите сексуални партнери/партнерки бидејќи постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката) Рани знаци на бременост Каснење на менструацијата Напнатост на дојките Гадење Повраќање Промена на телесната тежина Секогаш уморна Промени во расположението Промени во вкусот Мокрењето е почесто
Не,ако прв пат се употребуваат не е загарантирана заштитата.Дури после второто пакување веќе се гарантира заштитата
Исто како прво да ти е,затоа што не си го испила првото до крај.Ако сакаш да го користиш овај начин на контрацепција мора да се придржуваш на упатството,ако не си сериозна или забораваш да се напиеш апче тогаш подобро врати се на кондомите
Досега само кондом имам користено за контрацепција,а од сега па натаму ке видиме сеуште сум во размислување
Темава треба да биде ставена како важна, на почеток на странава Таблети+кондом.. задолжително! Тенк ју вери мач..
Прочитај го упатството, зависи и ккакви апчиња користиш, на упатството ппишува дека доколку првата таблета ја испиеш со првиот ден од менструалниот циклус имаш одма загарантирана заштита, ама да ги пиеш апчињата редовно, сепак според мене веќе со почнувањето на второто пакетче имаш целосна заштита, и ако првото го употребуваш редовно и според упатствата секако
Ehej! Da ne pretera malce? Ako ima tabla zasho da ima kondom? Pre bi da si svrsham vnatre chim e na tabla. Od mnogu vnimavanje belja se prai taka da znaesh.
Zatoa si vo pravo... totalno! Strikno za tabletata mislenjeto mi e deka e shtetna zatoa mislam deka ako vekje koristish kondom nema potreba da se truesh so anti bebe tableti. Sredi si bolje md tabletka i uzhivaj.
И онака морам да ги пијам...али фала на мислењето Кај мене е повеќе од помош, него штетна. Секоја планина своја тежина..
Ме интересира дали некоја членка користела спеемицидни средства? Ако да кои и искуство ако може да сподели фала
Ова го најдов на википедија, нешто преведов, мада и некои видови не ми се јасни што значат. Првиот процент е ефикасност на методата при типична употреба (просек) а вториот процент е при т.н. совршена употреба - да се примени точно по пропис Па ова се прицентите: 1. Нема контрола на раѓање 85% 85% 2. Комбинирана пилула 9% 0.3% 3. Пилула само со прогестин 13% 1.1% 4. Стерилизација (женски) 0.5% 0.5% 5. Стерилизација (машки) 0.15% 0.1% 6. Кондом (женски) 21% 5% 7. Кондом (машки) 18% 2% 8. Бакарна спирала 0.8% 0.6% 9. Хормонална спирала 0.2% 0.2% 10. Patch 9% 0.3% 11. Вагинален прстен 9% 0.3% 12. MPA shot 6% 0.2% 13. Имплант 0.05% 0.05% 14. Дијафрагма и спермицид 12% 6% 15. Плодни денови 24% 0.4-5% 16. Прекинат однос 22% 4% Малце ми е чудно што броење на плодни денови и прекинат однос се тука некаде - 24 према 22 % за типична употреба.. а некако читајќи по форумов добив впечаток дека прекинат однос е многу поефикасен него ли броење плодни денови.. Еве да го кажам и мојот начин на контрацепција - вадење.. односно прекинат однос... ))