1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контрола врз децата

Дискусија во 'Дете' започната од Giovanna, 24 јануари 2014.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    9.621
    Бев сведок на некои случки деновиве па сакав да го видам размислувањето и овде.
    Имено, до кој степен одите/ би оделе со контрола врз децата? Дали мислите дека детето иако е мало сепак треба да има своја приватност?
    До кој степен и како би го проверувале дали го поприма тоа што секојдневно сакате да му го всадите во глава? Применувате ли мерки од типот, претресување јакни, џебови, ранци, фиоки, следење кога е излезено каде оди, со кого, што прави и сл?

    Која ви е или која мислите дека би ви била методата на воспитување во однос на ваки работи? Мислите ли дека со погрешен пристап може да се предизвика оттуѓување и недоверба помеѓу родителите и децата којашто понатаму ќе се рефлектира и на останатите работи?
     
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.574
    Добра тема...
    Моите дечиња се мали,но кога ќе пораснат сакам да имам најпријателски и отворен муабет,без предрасуди
    Колку повеќе ги стегаш,толку ќе се оддалечуваат
    Со убаво ќе им објаснувам што и зошто нечини,а не како психопата да врескам по нив ,па да имаат страв и да кријат работи од мене,да морам да буричкам како лопов по нивните работи
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.479
    Претрес...зависи на која возраст е детето. Ако се сомневам во нешто, сигурно дека ќе го претресам.
    Не знам, со денешнава младина и околината и општеството во кое растат...страв да те фати.
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Најубаво нешто е мајката да биде приврзана со децата...Јас со мојата мајка уште од малечка сум навикната да и кажувам се, онака ептен другарски,пријателски настроени сме...
    Кога и е нејзе тешко јас сум и секогаш другарка,може да ми се отвори. Тоа ми е една поука за и јас здравје кога ке бидам мајка да воспоставам таков контакт со децата. :)
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    184
    најважна е довербата! ЈАС јасно им кажав дека имаат целосна доверба и треба да внимаваат да не ја изгубат! керка ми никогаш не ја изгуби довербата и е прекрасно воспитана и веке зрела личност студенка со високи оцени . Но машкото проба со мали испади да фатит кривини и му кажав ако ја изгубиш довербата лошо ке бидит и сега е постабилен ! Значи ке им кажете на децата све што мислат дека треба да го прикријат да ви го кажат и дека нема да бидат казнети туку ке го решите то заедно ! и така нема да кријат лоши таботи !
     
    На gangstergirl и SimonaTino им се допаѓа ова.