1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Контролни брисеви во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од ciribiribela, 17 јануари 2011.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Гледам нема ваква тема , а имам прашање. Направив микробиолошки брисеви и ми излезе позитивна на уреаплазма, другото е ок. гинекологот ми даде сумамед, а во упатството никаде не пишува дека се за таа бактерија. Трудници, дали вие сте имале некоја бактерија додека сте биле бремени, како се решивте од неа и дали е пожелно за кратко време пак брис да правам за таа бактерија???
     
    На mimidjon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Hе се секавам точно,ама знам дека правев брис вагинален и анален,и имав некоја бактерија,и мислам ми рекоја дека ке ми дадат вакцина после порагај или некои таблети,не се секавам добро :?: се секавам дека прикрајот на бременоста во мокрачата имав нешто,дали повеке протеини :^) :$
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Ништо јас ќе ги пијам сумамедот и после 15 дена ќе направам пак брис, се надевам дека ќе ја снема бактеријата. И така во упатството пишува дека не му штетат на плодот после 12 та недела, а на антибиограмот пишува дека е осетлива бактеријата на азитромицин, па веројатно гинекологот знае што ми дава. Јас мислев има некоја со вакво искуство, ама изгледа нема :?:
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Уреаплазмата е многу честа кај жените, барем имам читано дека се среќава кај 40-80% од сексуално активните жени. Веројатно докторот штом ти ги препишал сумамедот има искуство со нив. Сум слушала и читала дека кај некои се давал еритромицин и слични антибиотици, меѓутоа не делувале, а сумамед (азитромицин) веројатно ќе делува. Ама нели тој кратко време се дава, два три дена? Како и да е, искрено се надевам дека ќе ти помогне и дека инфекцијата ќе ја снема. Јас не ги правев тие брисеви после 3 месец, ќе ги правам пред породување.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Да има само 3 таблети во пакувањето,и мене така ми рече гинекологот дека на секој втор резултат од пациентките има уреаплазма, а до сега само кај еден случај се десило на жената предвреме да и пукне водењакот.Јас доста се мислев дали да ги правам брисевите или пред породување, ама ги направив и еве го резултатот.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Поарно што си ги направила. Барем да си бидеш раат, да не му ја мислиш што и како. Јас искрено, немав поим дека требало такви анализи да се прават во 12 недела и нешто после тоа. Секако треба и пред породување, да се види дали има нешто што може да се пренесе на бебето при породување, оти нели и кандидата се пренесува, а да не зборувам за нешто друго. Ама кај нас мислам дека претеруваат со овие прегледи. Имам другарка во Америка, се породи во декември, само три или четири ехо прегледи направила, на почеток, да се види дали ембрионот е во матката, во 12 недела да се види дали правилно се развива, во 20 недела дали е се' развиено и дури на сам крај, во 40 недела (таа се породи една недела после терминот). Таму гинеколог не гледаат, освен ако се работи за патолошка бременост. За вакви анализи не знам дали прават.
     
  7. anuskap

    anuskap Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    eve i jas denes davav brisevi a sum veke 16 nedela i mnogu me bolese koga m,i zemase pa ke vidime rezultati daj boze da e se ok poz

    [mod-kirilica:2f5qojvs][/mod-kirilica:2f5qojvs]
     
  8. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Јас за првата бременост правев во првото тромесечје, негде околу 7-8 недела мислам, и пред да се породам. Овие сега овде ништо не прават, само ме гледаа на ехо и толку. Сакам дома кај нашите доктори, со овие овде мака си мачам :lol:
     
  9. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    kolku sto znam jas brisevite treba da se prava 2 pati.ednas vo 12-13 nedela i od 30-33.e sega zavisi i od ginekologot dali ke vi kaze da napravite brisevi ili ne.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  10. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Денес си ги зедов резултатите од микробиологија за последниот брис нели кој се прави во 35. до 37. недела и ми покажа присуство на streptococcus faecalis enterococcus . Не знам многу за оваа бактерија, ама колку што прочитав и разбрав, многу опасно ми звучи. запознат е некој со овој вид на бактерија нејзината опасност ?за пораѓај знам дека не треба никаква бакктерија да има, ама ме интересира и дали е штетна за плодот, бидејќи не знам колку време „си ја носам “ со мене :( :(
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Да не те плашам, ама да, сериозна е ако ја имаш за време на пораѓајот, може бебето да добие некоја инфекција.
    Ова е се што најдов.
    Група Б стрептококи скрининг:
    Вагинален и ректален брисеви се земени во 35 да 37 недели од бременоста да се открие стрептокок од групата Б, бактерии. Иако стрептокок од групата Б може да се присутни во до 30% на сите здрави жени, тоа е главната причина за опасна по живот инфекции кај новороденчињата и, исто така, може да предизвика ментална ретардација, оштетен вид, и губење на слухот. Жените кои тест позитивни се лекуваат со антибиотици, за време на породувањето да го заштити бебето од договорниот инфекцијата на раѓање. Како алтернатива, вашиот лекар или бабицата може да избере да не се тест за стрептокок, но да ве поканам на работна сила доколку некои фактори на ризик се развие.


    A јас да прашам, влегувам полека во 25та недела. И што понатаму со брисеви ? Само ми остануваат оние последните брисеви после 30та недела ? Или има во меѓувреме и нешто друго ?
     
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Се на се, три брисеви се прават сега по ново...
    А тоа и јас го најдов на интернет. Ај тоа ако мора, ќе се пораѓам со царски, ама дали е штетно сама по себе, т.е. пред да се породам каква штета е можна ....оф леле макиии
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Се проценува дека 15 - 40% од сите бремени жени се колонизирани GBS (ја имаат оваа инфекција). Помеѓу 40 - 70% од мајките се породиле со стрептокока. Додека повеќето бебиња не се погодени од бактерии, многу мал број (1 - 2%) од овие бебиња ќе се развие инфекција GBS. Бебињата кои се инфицирани со GBS може да имаат лесни или тешка проблеми кои можат да влијаат на нивната крв, мозок, бели дробови и 'рбетниот мозок. Ниедна заштита не може да ја спречи смртноста кај бебињата заразени со инфекцијата GBS (стрептокока).
     
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски
    Денес си ги земав резултатите од крвната слика и урината , крвта ми е супер ама во урината ми најдоа малку бактерии :( многу се загрижив цел ден на ова мислам ;( се надевам не е некоја опасна бактерија утре ке одам да испитувам пак урина па да видиме што ке каже. Можно е да не е ништо да пијам многу вода и да ја нема потоа ама ако е опасна треба да ми даде некој антибиотик мислам а како ке го пијам ке прави ли проблеми на бебето , ке ми прави ли проблем во врска со доењето потоа :?: многу ми е страв :sweat:
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Може да ти е стерилна урината, случајно со чашката ако си допрела до вагината или уретрата, па затоа може да покаже бактерии. И кај мене во урината пишуваше во наодот „ретко бактерии“, а уринокултурата беше стерилна. Не се секирај, и да има нешто, немаш гајле и да ти дадат антибиотици. Можеш и чај од брусница да си пиеш, нема штета од него.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    јас сум во осмата недела кога бев на преглед докторот не ми спомена никакви брисеви дека ќе требат да се прават а јас планирам дури крајот на месецов да посетам пак доктор па затоа кажете ми кога и зошто се зимат тие брисеви дали само за да се провери да нема некоја бактерија или и за нешто друго
     
  17. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    После 15 та недела треба да направиш микробиолошки брисеви за хламидија, кандида, уреаплазма и микоплазма. Јас тие ги правев и ако е се ок, после 35 та недела за стрептокока. Јас сум 31 недела и другата недела ке го правам тој за стрептокока, тогаш ми закажаа на микробиологија уште пред два месеци.На приватно многу се плаќа 3000 денари, така да не е лошо на време да си закажеш термин.
     
  18. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    ми зима вагинален брис и на резултатот излезе дека не се најдени патогени бактерии и под 2 дека нормалната микрофлора е присутна ___кој знае што е тоа нека ми каже дали е нормално
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски

    Па супер е, нема ништо, освен она што нормално е присутно. Немаш причина за грижа.
     
  20. BeautyS

    BeautyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    sweet.woman колку бриса ти земаа?? само 2? и која недела си?