Вчера бев на гинеколог и го прашав за „вторите“ брисеви и ми кажа од 34-36 недела. Јас мислев дека тоа ќе бидат пак микробиолошки брисеви, како првите четири во 12та недела, ама тој мислел само за стрептокока. Ми кажа дека нема потреба од правење пак на истите брисеви...Вие ги правевте пак или не?
Едно прашање до сите идни мамички кои правеле микробиолошки брисеви во 16 недела - дали после земањето на брисот можно е да има малку бледа крв на тоалет измешана со бело прање и дали е тоа нормално. Бидејќи јас денеска проверував брис и откако дојдов дома имам по малку крв на тоалет. Ве молам за одговор доколку некој имал вакво искуство. Фала и имајте убав ден
дали некој знае да ми каже што значи во анализа на брис на цервикс - директен препарат, наод : во директен микроскопски препарат најдени се епителни клетки и БЛАСТОСПОРИ. а подолу пишува микробиолошка анализа на брис од цервикс, наод : не се најдени патогени бактерии и кандида. нормална микрофлора присутна. имајте сите убав ден
Бластоспори се пупките со кои се размножуваат габите. Значи освен габична инфекција (кандидата) не ти е пронајдено ништо друго. Но.....не ме фаќај здраво за готово (иако ти дадов мислење од мое знаење), сепак не сум доктор, и баш од тие причини било какви резултати од лабораторија најдобро е да се почека докторот да ги прочита отколку да се бара мислење на форум
Фала на одговорот, резултатите ќе ги носам кај матичниот за една недела,па поради грижа што ја осеќам да не е нешто сериозно,затоа пишав и прашав тука. Убав ден
На 7-ми ми земаа брис за стрептокока и брисот е позитивен. Гинекологот ми препиша вагиналети Флажил и капсули Амоксицилин.
Денес влегувам во 7ми месец и имам многу бел исцедок. На анализите од мокрачата ми пишува доста еритроцити и леукоцити и позитивен наод на протеини. Дали да одам да ми земат брис за да видам да не имам некој инфекција, сигурно имам според овие резултати и што се прави во тој случај?Дали е штетно за бебето?
Луси покачени леукоцити е нормално така бар ми кажа докторката е сега за протеини сигурно ќе ти кажат да направиш уринокултура јас ја правев пред 2 недели во Авицена 350 ден беше,и се беше во ред немав ништо кај мене имаше кај бактерии во мокрача +++ ама се излезе ок така да јави се кај матичната кажи и направи си уринокултура да си бидеш на чисто да не му ја мислиш поздравче
За другите работи не знам точно, но за леукоцитите матичниот ми кажа дека во бременост можат да се качат до 12000 (границата е од 4000 до 9000). Се што е до таа граница е нормално. А за белиот исцедок може да е и некоја раничка (ако во меѓувреме сте имале со сопругот секс кој може бил малку погруб). Мене во 13 недела ми најде раничка, и имав некое бело прање, ми стави само јод на раничката затоа што таа беше веќе зарасната (настаната пред бременоста) и ми кажа дека не е тоа нешто опасно.
И јас имав покачени леукоцити на обичната урина и зголемен вагинален исцедок (без некоја боја и мирис) и за да бидам мирна направив се и микробиолошки (кламидија, уреаплазма....кандида) и уринокултура и среќа резултатите се супер
Мене на првите брисеви ( ги правев кога бев некаде околу 14 та недела) излезе дека имам уреоплазма но после една доза антибиотици и вагиналети , на контролниот брис фала богу излезе дека си заминала е сеа дали ке се врати не се врака незнам ,битно ние убаво се чувствуваме и убаво си напредуваме сега сме 19 + 5 Поздрав на сите и не се секирајте што и да е поминува
Женчиња јас со мака една, па да си прашам. На брисот што се зема 12/13 недела ми испадна дека ми е кламидија позитивно. Знам дека сега докторката ќе ми даде терапија и се лечи ова ама ме интересираат искуства. Колку е ова опасно (не во теорија, знам, читкав), колку од вас реално имале последици од ова? Некако се насекирав, почнаа спонтани абортуси и слични сценарија да ми се мотаат во глава
Ivebrajan мене на првите брисеви ми пронајдоа кламидијата и уреоплазма и примав терапија, тоа беше12та недела, сега тераме 28ма и нема никакви проблеми. И јас испаничив ама докторката ме смири и рече не е ништо страшно. Сега на 30 недели ќе одам за втори брисеви, се надевам ги нема...
А овие бактерии се пренесуваат САМО преку односи? Бидејќи јас и мм сме заедно од деца, не сме имале други партнери (знам дека мислата веднаш е „од кај знаеш„, ама навистина не сме имале други), па не ми е јасно како другачие може да се пренесе. Доколку е само преку односи, морам да почнам да се сомневам и во точноста на резултатите. Не знам дали е паметно да го повторам брисот или едноставно да си ја земам терапијата?
Пишува дека се пренесува само со односи а јас со мм сум 7 години и сме немале други партнери во тој период и искрено не ми се верува да сум ја носела бактеријата 7 год а немав никакви проблеми и релативно брзо забременив. Сигурно има и некој друг начин како се пренела а може и резултатите не беа веродостојни не знам. Јас примив терапија и немав никаков проблем, сигурно ќе ти препишат антибиотик и тоа не некој јак и ќе ја излечиш. Без гајле
девојки каде ги носите брисевите, каде подобро проверуваат? И дали сеуште на микробиологија се закажува како иде тоа? До сега се систина проверував ама многу ми се скапи неможам да си дозволам повеќе