Да и сестрава кај матичната рече дека за на микробиологија требало термин...Ќе видам ако не на приватно и ајт битно само да ми земе да завршам работа. @kukla21 а те ширеа тебе со спекулум?
Еден oд вaгинa и еден oд цервикс сo спекулум вo 32рa неделa ми земa. Вo 35тa нaдвoрешнo зa стрептoкoкa. Ги нoсев вo прoлече и немaше прoблем сo реaгенси и немaше зaкaжувaње нa термин. Бев пред 2 недели,мoже се сменилo нештo вo меѓувреме.
Колку пати се прават брисеви во бременост, првите ги правев во 11 недела, сега следни ми рече докторката во 24?
И јас за 2пати знам. Освен ако има индикации, па да се повторат. Еднаш на крај на прво тромесечие и после пред 9ти месец.
Јас правев во 12 и сега во 34 само за стрептокока ми означил докторот, па ќе одам кај матичната за тоа да ми земе.
Мене три пaти ми нaпрaви. Тoa измеѓу беше кoнтрoлнo бидејќи примaв aнтибиoтик зa уреплaзмa кoјa ми беше нaјденa вo тие први брисеви пoсле првo трoмесечје.
Девојки какво искуство имате со последниот брис без спекулум што се зима? Јас денес бев и не знам дали е до докторот ама многу ме болеше и сега кога одам во тоалет ме пече страшно кога мокрам и имам малку крв при бришењето.
Тој за стрептокока се зема надворешно и само се поминува со стапчето. Невозможно е од него да имаш проблеми
Па и јас така мислев до сега 100пати ми земаа брисеви (лечев уреаплазма 6 мес пред да останам бремена) и никогаш сум немала проблем. И докторов вчера беше многу нежен па успеа да ме изгребе кога го земаше брисот од вагина и одма после тоа болки, сабајлето немав проблем, уринокултурата ми е ок. И он самиот ми рече дека е од брисот за ден два ќе помине и Фала му на бога еве од утрово крв има сосем малку на бришењето а печењето е подносливо. Се наевам до вечер ќе се вратам у нормала
Знаете дека по ново за брисеви се закажува преку МојТермин? Не земањето, носењето на брисевите се закажува! Мене ми ги закажаа за крај на декември, тие што требаше да ги правам 12та недела. Сега се мислам дали да чекам до тогаш или да ги правам на приватно.