значи треба некој од овие антибиотици да го пијам за да се излекува од прилика за колку време може да се стабилизира? чуствувам овие дена печење некако дали може да се измијам пример со сода бикарбона или камилица ?
Кај мене беше позитивна уреаплазма, после абортусот. Имаше листа од 5 лекови и докторот ми ги даде првите на листата, нз како се викаа Лебел мислам, испивме по една доза со сопругот, мора и тој да пија, потоа по месец и пол правев контролни и испадна негативна. И потоа по 2 месеци останав бремена.
Мешиња ова ми е 2ра бременост и сега на првите брисеви во 14та недела кога ги правев ми пронајдоа стрептокока во вагина и ешерија коли во мокрача, дај споделете искуства ве молам. Опасни ли се? Можат ли да наштетат на бебо? Во првата бременост ми беа чисти и сега паника ме фаќа Докт. ми кажа да земам Амоксицилин 3×500мг и од кога ќе ги испијам да земам вагиналети Ацидосалус и плус да сум побарала нешто на природна база да ми дадат, но што? Хелп!
Незнам скрос да ти одговорам на загриженоста но во врска со Ацидосалусот (на Марина лаб од Зегин) сме го користеле (за децата конкретно) ама спрејот за нос и грло за "стафилокока аурелис"(златна стафилокока) ваљда ја погодив ... Презадоволна од лекот бидејќи три антибиотици сменивме и неможевме да се спасиме од неа , после месец време ми препорачаа вака форумџики патилци Ацидосалус и алелуја ја снема . Дури кога ќе видам дека имаат децата нечист густ секрет одма шприцам грло нос да превенирам бактерии габи инфекции . До сега еве 3год ниту болни нит лекови имат видено. 850ден е спрејот веројатно и ваг се поскапи од било кои други а веројатно се и исто ефикасни колку и спрејот. Извинете за офф топикот само сакав да појаснам .
За ешерихијата земи си од зегин BRUSNICIN и збогум ешерихијо најдобри се и на природна база и смеат во бременост.Јас испив 2 дози и чиста сум,а за другото не знам не сум користела. Поздрав и секое добро
За ешерихијата ја излечив со масло од диво оригано. Само тоа ми помогна од се што пиев. Од другото по некое време пак ми се појавуваше. Ама бидејќи си бремена, консултирај си се со матичниот дали смееш да пиеш.
Масло од диво оригано не смее во бременост. Не го чувам упатството, ама го пиев пред некоја година и сум скоро сигурна дека бремени и доилки не смеат да го пијат. @Seduction јас само ќе ти кажам дека имам користено вагиналети ацидосалус и имам позитивно искуство со нив.
Антибиотикот не се прекинува во никој случај освен во случај на алергија. Не се прекинува дури ни кога осеќаш подобрување на состојбата. Се пие комплетно цела доза (значи сите апчиња од кутивчето).
12 гестациска? Оти мене матичната ме закажа во 12 гестациска , а според големина на плодот 10+2 ќе бидам тогаш. Ме загрижи сега од која причина не пред 12?
Мила по големина на плодот според ехо сум 10+2 а по последен циклус сум 12 гестациска недела. Големината на плодот ми е различна од гестациската недела оти подоцна е зачнато бебето.