Дали се прават втори брисови ако првите од 12 недела биле во ред? Матичната ми има закажано во 31 недела, но ми рече ако се пораѓам државно дека треба 1 брис да ми земи (стрептокока), а ако одам приватно сите 6 или 7 нз точно колку. Не ја сфаќам политикава, а вчера во ремедика заборавив за ова да прашам.
Јас бо систина ќе се пораѓам и ми земаа два бриса во 32 недела за стрептокока и кандида. Ама можеби дека царски ќе се пораѓам.
Од кај ги извадила информацииве матичната твоја. 6-7 ако се пораѓаш приватно Нема логика. Прашај си во ремедика, ама мислам дека максимум се четири ако се пробува спонтано. Нека кажат и другите кои брзо се породиле.
Да, потврдувам дека е еден брис за стрептокока во 36-та недела, денес ми кажа докторката. Пред 3 и пол години јас правев и за листерија, ама изгледа не е задолжителен веќе.
Девојки ги зедов резултатите од тестирањата и брисевите, уреаполазма и мукоплазма негативно, хепатит негативно. хив негативно, рубела позитивен ( ама и требаше да е позитивно на IGg) антитоксопласма негативно двете, бактери нема во урина, кламидија негативно и до овде се е супер и коректно. Во брис од вагина пишува : Во директен микроскопски препарат наједени се епителни клетки, лактобацили и бластоспори ???? ова незнам дали е во ред и плус пишува не се изолирани патогени бактерии присутна изолирана е Candida albacans (знаеше и геникологот за кандидата, ми се направи од утрогестанот што го користев претходно и ми имаше даде терапија за кандидата и најверојатно излечена е) Ве молам за мислење за овој последниот наод мн сум загрижена да не нешто има проблем а дури од понеделник можам да одам кај геникологот да ги види резултатите
Фала мила на одговорот значи овие епителни клетки лактобацили и бластоспори нормално си постојат. За кандидата знаев уште при земање на брис ми виде геникологот и ми даде терапija полигинакс и крема нистанин (така некако беа називите) Ти благодарам на одговорот
Првите две се нормални, бластоспорите се поврзани со габата (кандидата). Терај си ја терапијата. Немај гајле
Devojki, denes zemav rezultati od krv, krvna slika super, no vo urinata leukociti 4-54 premnogu, dali nekoj ima iskustvo so ova. Off taa ureaplazma, cela bremenost si ja imam, uste so ne ispiv I vagunaleti I pak ja imam, IMA iskustva so edno paketce apcinja I vaginaleti pominuva, kaj sekoj individualno. Posledno doktorkata mi rece deka poveke nema da ja tretirame posto neznae sto da mi dade.Daj boze da ja izlecis so prva terapija.
Па испив сумамед една доза и денес крв и урина испитував гледам леукоцити во урина имам...Значи уште е присутна :/
I sumamed piv 2 dozi, eritromicin 2, cefaleksin, pa vaginaleti poliginax, vagisan, edni drugi zaboraviv, betadine...I nisto Ne pomaga.fala mu na Boga od utre 36 nedela. Sansite se mn Mali da napravi problemi neli nedaj boze da pukne vodenjakot...I mene leukocitite vo urinata premnogu gi Imaa.... Ke izdzime uste malku ..morame ❤