Мамички, 31 недела сум и вчера отидов на приватно на крвна слика сами хемоглобин да проверам пошто пијам дипла терапија (долга приказна). Но на резултатите гранулацитите ми се покачени што значи имам некоја бактерија утре одам кај матичната но денес место не ме фаќа мислам да барам уринокултура да правам има ли некоја искуство?
Мамички, дали сте биле во ситуација да имате негативен брис за Кламидија, а преку крв Кламидија Iga Antitela позитивен?
Мене ми закажа др за 33+3,значи 34-та. И ми нагласи дека кај матичен ми е тоа последен преглед,рече после ќе одиш таму каде што ќе се породуваш
Мене ништо не ми спомна освен дека треба да одам во 37ма недела.. а јас да одам кај матичната во 34 та и да ги направам
Дани ти знам во Германија беше, ме интересира дали ти земаа вагинално брисеви во бременоста? Зашто мене ми рекоа само на крај дека земаат мислам за стрептокока беше, и на почетокот листерија,кламидија преку крв, збунета сум
Tочно. Листерија и кламидија преку крв, стрептокока брис, кај 36 недела. Кламидија е бесплатен, заедно со хепатитис, ХИВ, херпес, сифилис, рубеола(и уште неколку плус беа) во 6 -7 недела, кога ќе се чуе срценцето. Листерија, токсоплазмоза не е задолжително и се плаќа.
Значи не прават други брисеви измеѓу? Мене баш чудно ми беше зашто читам во мк се прават почесто Фала ти
Брисевите јас сите кај матичниот си ги правев. Мешиња и мамички, последниов брис со спекулум ставање е? Железото што ни ги шири дун*ите
Женски да ве прашам некој искуство со бактерија стрептокока? Правев брисеви пред еден месец, пиев антибиотик 10 дена, и сега на контролни брисеви пак ја има. Еве пак ми дадоа терапија со антибиотик и вагиналети, сменив и исхрана дека читав не треба шекер да се јаде, ама ете пак ја има
Матичната ми рече брисеви и приска 1 да направам во 13г.н., да не е касно за приска тогаш? некако се ми се врти во глава дека во прва бременост правев во 12 г.н.
Пиј чај од брусница, ама не филтер ќесичка туку таков што има највисок % на брусница во него и апчиња на база на брусница. Покрај антибиотик јас и тоа го пиев и контролни брисеви ми беа чисти. Последни брисеви јас правав вчера во 35 +5, ми земаа 2 бриса, од вагина и анус и ми земаа плус крв но не разбрав што се изпитува преку крвта, само заслушнав хепатит б....( имам заборавено ) Инаку како што вика мојот докт. ова се најлесните брисеви