За други инфекции не знам, но јас уреаплазмата не успеав да ја излечам, беше резистентна на сите лекови што можев да ги примам, а оние што би делувале не смеев во бременост да ги примам. И кандидата ми се враќаше постојано па ставав при крај Полигинакс за да се исчисти каналот. Се породив природно.
Царскиот ми е закажан наскоро. 37+6 сум денеска. Утре ке одам каj матичниот и ке го распрашам околу тоа што ако постои инфекциjа, а се породиш природно. Пак ке кажам последниот вагинален беше чист, тоj што е за стрептокока. Другарка ми работи на микро и ми кажа дека покраj тоа испитани биле и други, дека се се покажувало и на тоj. Само ме мачат цервикалните. Дали би ми зеле сега брис?
Девојки, некоја проблем со кандида? Другите резултати во ред, само кандида покажува. Знам дека не е кузнај што опасна доколку се лечи. Со што ја третиравте вие? И дали се уништи? Прв пат ми се појавува, не сум толку упатена. Фала ви
Јас лично со probalance lady вагиналети,и немам сега никаков проблем. Дури ако и повторно почуствувам чешање,секрет да си ги земам повторно ме советуваше.
И да ја имаш сеуште не е страшно ке ја снема со тек на време јас примав и еритромицин и сумамед и ништо на крај сама ја снема и еве не 33 гн и сме одлични
Јас во институт за јавно здравје -микробилогија и паразитологија ги однесов во петок во среда ми беа готови резултатите.
Утре планирам да одам за брис,така ми рече докторот но се мислам да не е рано малку? Во среда ќе бидам точно 33 недела.
И моите брисеви беа во 33, затоа што ако има некоја бактерија посебно стрептокока да има време да се излечи.
Фала ви женски,веќе ги направив и фала Богу чисти се Мислев дека ќе има нешто бидејќи имам секрет кој е чисто бел, некогаш и како вода...но ете чисти се
Стрептокока е бактерија која што ако ја имаш може да биде причина за породување со царски рез затоа што при минување низ родилниот канал бебето може да ја закачи и да предизвика инфекции со посериозни компликации. Поради тоа најубаво е да се земе брисот за стрептокока од 33-35 недела како би имало време истата да се излечи со антибиотици.