Ми закажаа преглед и брисеви во 33та недела, поточно 32 полни и 3 дена. Сега кога ве читам овде, сите ги правеле во 35 недела па ме фаќа паника да не е тоа рано за вторите брисеви. Правел некој пред 35. недела? Исто така, дали некој од вас ги носел во амбуланта Пролет и за колку време се готови резултатите? Ви благодарам
Јас носев за уринокултура у пролече и беа готови за 2-3дена, а кога прашав за брисеви дали може да однесам таму ми рекоа дека немале реагенси и ме пратиа во државна.
Вчера ги направив брисевите, ви пишам дека буквално ги "отепав" сите по ред за нив. Кај ќерка му на Петановски ги направив пред скрининг. Златни раце има жената. Па ти си се мачела ми вика. Јас цела долу бетонирана буквално од кринонот. Ме исчисти прво. Цели топки кринон извади. Ете зошто таа нелагодност ја имав. Сега се чувствувам 10 килограми полесна. Со најмал спекулум ми ги зема брисевите. Можам само да ја пофалам. Додуша сум имала можност да ја воочам нејзината стручност, ама под нејзини раце не сум била досега. Во консултации со Петановски сменивме терапија, сега сум на Утрогестан од 200 навечер. Важно си го поминав редот за брисевите
Кај мене во 16 недрла на брисевите излезе кламидија позитивно. Послр на торч се негативно. Ставав полигинакс 6 дена и послр пиев еритромицин. Не правев повторно брисеви по терапијата ниту ми мереле цервикс.. сега сум 31 нед. Па здравје за во 35 ми кажаа повторно брисеви
Во Ремедика е и она. Постојано е со него. Вешти раце има. Искрено сум среќна што ќе го пренесе своето знаење на некој близок. Тој за мене е буквално бесценет.
Здраво, ме интересираат вашите искуства со земање брисеви. Јас во претходната бременост кога давав брисеви многу ме болеше, а утредента прокрварев, а за два-три дена имав спонтан. Сега сум 17 недела и треба да давам брисеви и многу ми е страв.
Не се стегај, опушти се. Случајно ти се погодило да имаш спонтан. Не би требало земањето брисеви да ти предизвика спонтан.
Мене земањето брисеви ми беше главна преокупација до 12 недела. Се плашев многу. Плус ставав тогаш кринон и бев буквално зацементирана долу. Се плашев многу, ама многу од тој спекулумот. Го сонував навечер, буквално. Од тие причини не се осудив кај матичната да одам. Ние правевме ивф ви Ремедика кај Петановски, таму си ги направив и брисевите. Супер поминав, со најмал спекулум "ме отворија" . Ама друго ми е чувството таму, чувствувам дека сум во сигурни раце. Незнам дали матичната така би го изведила тоа... Рутинска работа е ама ете јас многу бев оптеретена. Незнам каде ја водиш бременоста, ти препорачувам брисевите да си ги направиш кај доктор на кој му веруваш. Јас да не бев бремена без проблем ќе си ги земам кај матичната, зошто би давала пари, ама во ваква состојба, мојот мир и безбедноста на бебињата ми се пред се (како и на сите други трудници). Во кој доктор си сигурна, таму оди. Ти посакувам да поминеш со лесно
Изгледа само јас сум терсене и не осеќам брисеви коа ми земаат . Буквално ништо не осеќам. Не ми е ни тема за размислување земањето брисеви
Абе не дека кој знае што осеќам, болка воопшто не. Краткотрајна непријатност. Ама битен е моментот ако си правиш филм во глава дека кој знае што ќе се случи кога ќе "брцнат" спекулум внатре. Оти нели бебето одма тука е Знаеш всушност што ми беше најголем проблем. Во ординацијата на мојата матична докторка работата ја превзема друга докторка. Не ја познавав, и наеднаш сега требаше за прв пат кај неа да одам трудна за брисеви. А бременоста моја пекана, чекана со години. За вагинален преглед освен ивф докторот, друг не сакам. Особено не некој што не го знам. Матичната е со долгогодишно искуство, сум била еднаш до сега на ехо (абдоменално), не сум компетентна да зборам за нејзината професионалност. Жената си ја разбира работата и не е проблемот во неа, јас сум бог да чува
Значи дека добрите бактерии во вагината што бранат од лоши ги нема. Затоа земи си вагисан вагиналети или некои други што ја обновуваат природната микрофлора.
Здраво правев контролни брисеви во 13 недела ми се појави кандида, во понеделник ќе одам кај матичниот да видам што ќе ми даде,а и пред бременост цело време ја имав секакви вагиналети имам пробано и незнам дали ке ја излечам веќе почнав промивки со сода ќе чекам понеделник за терапија,некој да сподели искуство со што ја има излечено
Бремена сум 34+2денес на резултатот од брис за стрептокока беше позитивен. Докторот ми даде амоксиклав. Има место за паника некој како мене за совет
Колку што знам и на сам пораѓај се дава антибиотик, и обично нема проблеми. Некој со искуство ако има нека се јави.
Во 30та недела правев брисеви и имав гарденерела и кандида, ставав вагиналети, но мислам дека нема промена. Сега сум 33, некој со слично искуство?
Здраво Феминки, се изгубив некако по форумов, ќе може ли некој природен лек за кламидија? Испив дупла доза сумамед, дупла доза Полигинакс (12) и пак е тука. Сега ми препишаа други вагиналети, Макмирор, дај Боже да помогнат, ама да засилам со уште нешто природно сакам, 26та недела сум, да се средиме за пораѓај. Чај од брусница смее да се пие во бременост? Помага за кламидија? Уште нешто? Благодарам!