И мене порано ми беше Елица матична. Не да не е стручна, кокошка глупа е. Ништо не објаснува, јас идев на обични прегледи кај неа, ни за тие ти кажувам дека не ја бива. Мене ми спомна дека сум имала полицистични јајници еднаш, се утепав секирајќи, се додека не отидов кај друг гинеколог и после тоа уште двајца доктори ми потврдија дека ми се супер јајниците и дека нејзиното немало врска што ми го тропнала. Не живеам во Гвг веќе, знам дека нема никакви доктори, а камоли пак стручни, али бабава смени ја, таа одамна не знае да си ја работи работата и е за во пензија.
Јас после ова слушнав дека на сите им кажувала по нешто. Мене ме изнервира со тоа што последниот пат кога бев за пап и контрола ај што ми го кажа од ведро небо тоа за јајниците, а не знам што гледала претходно кога одев, туку цели 4 месеци, значи цело лето не можев резултатите од пап да си ги земам. Веќе не се вратив кај нив, сега си одам на приватно еднаш годишно, здравје за бременост ќе ја мислам понатака. Ме изнервира што те прочитав, а ја знам што мизерија од доктор е.
Може да ми кажете која цена се брисевите во приватниве поточно за хламидија ми треба контрола да направам авицена/биотек? Фала жени
По 800 денари мислам дека е во Авицена, 3200 платив за четирите. За најточна информација отвори на страницата од Авицена, имаат ценовник онлајн.
За сите микробиолошки брисеви платив 3000 денари во Ремедика. Претпоставувам на приватно горе доле таа е цената.
Ај да пишам и тука, на брис стрептокока излезе позитив, не даде никаква терапија, туку на пораѓај рече да сум примала антибиотик. Искуства, колку и дали е страшна?? 37+2 сум
Зашто без терапија? Јас ја закачив бактеријата во 9ти месец. И ја имав и на пораѓај. Затоа бебето имаше покачени крвни вредности. Ми рекоа дека тоа е од бактеријата. Не ми текнува кој антибиотик го пиев.
А бебето примаше ли антибиотик, му се пренесе ли на него бактеријата.ж?? Па не ми дава никаква терапија, рече нема потреба сега дури на пораѓај. Прашав дали треба и маѓот ми да се испита и он да прима нешто пак да не му е пренесена од мене, рече нема потреба. Малку сум у грижи. 37+ 2 сум
Добро, а нели е поарно сега да примаш терапија уште одма и антибиотик и вагинални антибиотик има и да се исчисти додека се породиш, штом си влезена во 9ти можеш секој момент да се породиш, а може и до крај да тњраш уште 2-3 недели, за тоа време ќе се излечи бактеријата и може се ќе си биде во ред и да не му се пренесе на бебето. За мене баш ми нњма логика тоа што ти рекле дури на пораѓај терапија
Двапати се јавував и прашав, рече нема потреба многу чудно, да имаш бактерија а да не ти дават антибиотик знаејки дека може да направи проблем. И замисли тие брисеви јас сама си ги платив на приватно,т.е ако сакаш да ги правиш ти сама, а не се од здравството. И замисли да не сум ги направила. Мн се нервирам. Плус и алергична сум на пеницилин, и не знам каков антибиотик ќе ми дадат. И од антибиотици ми е мн страв и морам по 100 пати да препрашувам и да напоменувам дека сум алергична и на шо база е антибиотикот??! Уф аман веќе. Ќе и пишам утре на бабицата да видам она шо ќе каже.
И тука во Грција не прават брисеви, ни на почеток ни на крај, никогаш, во претходните бремености не сум испитувала ни пруватниот ни во болницата ми рекле дека треба да се испита, туку во 9 кога влегов само ми дадоа вагиналети да ставам една недела да се прочисти грлото евентуално ако има нешто за пораѓај да е чисто, ама тоа така од ракав, има или нема нешто вика не е штетно, вагиналети се А сега и јас сакам да го прашам докторот наредниот пат кога ќе одам да ми направи брисеви, ќе му кажам демек во минатата бременост сум имала нешто на пораѓај, а не ми испитале, морам да го лажам за да ми направи, инаку не прават никако
Жени, каде ги правевте последните брисеви во 35/36 недела? Од првите брисеви кај матичната се уште имам уплав и не сакам кај неа да одам
Без паника мила, еве што пишува за стрептококата https://acibademsistinababy.mk/index.php/bremenost/skrininzi/8-zadolzitelni-pregledi-vo-bremenosta