Јас првично користев вагиналети Микорил, ама слабо делуваа...сега ставам Вагисан и незнам дали ќе помогнат
Фала Инаку ова го пишав во Труднички, ама тука е вистинското место Кога сме кај брисевите и мене не ми се јасни некои работи - дали се земаат 3 бриса или само еден брис? Јас имам направено само еден и тоа малку подоцна го направив.
Јас користев сега едни донафил за кандида , само незнам дали може за трудници прашај лекар,јас не сум бремена.
Вкупно 4 бриса се: кламидија ; микроплазама и уреоплазма; брис од вагина и брис од цервикс. Тој едниот е стрептококус агалактае, и тој се прави некаде во последните недели од бременоста. И мене во 12 недела ми правеа само еден брис, зошто ги имав правено месец пред забременување, па докторката ми рече, подобро малку подоцна да се повторат. Ми правеше само брис од цервикс за секој случај бидејки пред бременост долго време ја имав стрептококус агалактае. Сега брисот беше чист.
Zdravo zenski! Pravev brisevi kaj maticnata ,primerocite gi odnesov sama vo institut za javno zdravje.Rezultatite od brisevite treba sama da gi zemam pa me interesira dali sekoj den i vo koj period od denot izdavaat rezultati ?
Здраво мамички и идни мамички. Денеска ми стасаа резултатите од брисевите и имам позитивна уреаплазма. Се изначитав на интернет све и свашта и сега само повише ме фаќа паника. Ве молам да споделите искуства и некоја терапија на природен начин. П.с. Ни дадоа таблети и мене и на сопругот, еритромицин.. вагиналети не ми препишаа. Инаку сум 14 недела и 4 дена... Хелп
Јас имав друга бактерија во 15 недела. Ми дадоа мене еритромицин и полигинакс вагиналети, а на сопругот флажил таблети. Доста е антибиотикот. Од него ми се исчисти бактеријата, полигинакс не ми помогнаа џабе ги ставав.
13 недела сум,правев брисеви ми покажа брис од вагина резултат TPHA-POZITIVEN Дали некој имал ваков резултат не ми е јасен а и на мојот гинеколог,ке им се јави во вторник да и објасната ама мисла ми е до тогаш
Истражував малце ме заитересира твојот случај бидејќи и јас наскоро ќе правам ТОРЧ. Тоа е тест за присутни антитела во случај на инфекцијата сифилис. Нема простор за паника истото се решава многу лесно со антибиотици/пеницилин во било која фаза на инфекцијата. Биди спокојна лесно ќе се среди. Мојот извор на информација беше- https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/syphilis/diagnosis-treatment/drc-20351762 доколку сакаш уште нешто да прочиташ.
Немам поим од кај го извадила тоа. • Т - Токсоплазмоза (Toxoplasma gondii) • О - Останати инфекции - сифилис, варичела, херпес инфекција • R - Rubella • C - Citomegalovirus (CMV) • H - Herpes Simplex Virus (HSV) За рубела сме вакцинирани и веќе треба да имаш антитела. Нема активна епидемија на рубеола во Мк, нема заболени. Варичела ваљда имаш прележано и тоа ќе покаже антитела. Битна е и токсоплазмозата, јас ја имав и ја лечев 2ипол години. Значи резултатите ќе содржат два параметри IGG - ако е позитивно значи ја имаш прележано болеста или имаш вакцина примено и имаш антитела IGM- треба да е негативно за сите, бидејќи тоа индицира активна инфекција.