Јас правев 2 пати, но зависи од резултатите и дали ќе треба терапија, па после терапијата повторно брис дали е во ред.
Јас ја имав пред бременост, пиев 3 месеци пробиотик и ја снема. Ама ваљда ќе ти дадат антибиотик заради тоа што си бремена. Не е страшно....
И јас ја имав пред бременоста ми дадоа антибиотик Флажил за мене и мм и плус вагиналети пробиотик. Со една терапија одма се лекува
Јас ја испив терапијата за бактеријата.. Контрола треба да правам за 10 дена, урина и брис. И сега си правам филм што ако не е излечена и ми направи проблем деновиве? Можно ли е такво нешто?
За gardenella vaginalis дали некој има пиено amoxicillin и вагиналети polygynax? Докторката не ми препиша пробиотик.
Амоксицилин е антибиотик највероватно бактеријата е на него најосетлива и би имала брзи и трајни резултати. Би ти препорачала и пробиотик да си пиеш со тоа за да не ја пореметиш флората во стомакот. Обичен Б6 ќе ти е од полза. Полигинакс имам користено и сум презадоволна тие се вагиналети од широк спектар. Јас исчистив уреоплазма со нив и ми се нема повторено. Само мирисаат јако на прополис и билки и се доста мрсни. Ќе се стрпиш ама се исплати.
Докторката ми рече терапијата трае 1 недела, но во амоксцилинот има таблети за 5 дена. Дали да купам уште, или тие се доволни да се уништи бактеријата?
Dali znaete institutot za javno zdravje- drzavna do kolku casot gi prima brisovite i vo obzir sega so sitoacijava
Мене не ми текнува баш како беше бактеријава па ми даде сумамед да пијам две кутии и ми рече дека мора да се среди до 20та недела џс да не дошло до предвреме да се породам
Јас ја имав пред да останам бремена пиевме со мм Флажил и плус користев вагиналети одма се повлече. Не е страшна е сега не знам што би ти дал доктор и која недела си дали би смеела антибиотици. Ќе сподели некоја што ја имала во бременост сигурно.
јас сум 16+5 и сеуште ми немат земено брисеви , приска направив а за брисеви ме зачуди , има некоја вакво искуство ?