Во 35та недела се зема брис од вулвата и околу анусот за испитување на стрептокок (не вагинален, не цервикален). Ако има присутна бактерија, се дава антибиотска терапија и со оглед на релативно краткото време до породување, би требало една доза да е доволна за да се излекува инфекцијата. За царски рез нема никакво влијание дали е или не е присутна, бидејќи бебето нема никаков контакт. Кај мене бебето во 32ра беше карлично и докторот ми рече ако не се сврти до 35та и одиме со царски, не мора да земаме брис за да испитаме стрептокок.
Фала ти многу. Кај мене се очекува порано да се породам од 37 недела и затоа сега направив брис. Ама и баш заради тоа ми е страв, ако е бебето прематурче поголеми се шансите за потешки последици. Изгледа ќе биде царски
Не мисли на тоа сега, какви се шансите за што. Сѐ ќе биде во ред, ама мајка ко мајка да ги сврти сите можни лоши исходи низ глава и да ги исплачи без потреба. Без разлика на кој начин ќе се породиш, со терапијата има време да се исчисти бактеријата. Во случај кај некое бебенце да се пренеси било каква инфекција, ќе го стават на терапија и пак се ќе биде во ред. Имаат докторите контрола на сѐ, наше е да мислиме само како ќе се гушкаме со сонцињата. А 37ма недела ич не е прематурче, таман си е бебенцето. Со лесно мајка, породувањето најубаво искуство да ти биде.
Не се секирај, и јад ја имав, пиев амоксиклав и во болница кога ќе те примат обавезно треба да наведеш дека имаш бактерија и таму ќе ти дадат пак терапија. Бебчето не ми фати ништо така да немај гајле.
13+3 и ешерихија, ми препишаа панцеф и пробиотик и полигинакс, а утрогестанот да ги пијам, но за разлика од утрогестанот имам поинаков исцедок па дали е нормално
Здраво, Ме интересира резултатите од брис од вулвата и околу анусот за испитување на стрептокок каде треба да ги однесам за проверка? Исто колку време се чекаат резултатите? Фала многу. Поздрав,
Едно прашање. Денес правев брисеви 13 недела сум. На бришење имам како кафеава стара крв,. Има ли простор за паника или тоа е нормално да се случи
Може и да е од стапчето за брис, иритација, но следи како ќе биде.. јас во 12та после брисот имав, 2 пати во тоалет, така како кафено, и до вечерта се исчисти... Види со каков интензитет ќе биде...
Слабо онака, сигурно е од тоа ама пусти страв. Малку имаше само на бришење сега е ок, ќе видиме, се надевам ќе биде ок
Нема ништо ок е, веројатно иритација од стапчето ама некако многу ми беше језиво, цела истрипана дека нешто ќе му се случи на бебчо. Сега ми се чини можам да дишам, 13 недела сум до сега одев секоја неделана контроли, трансфузиолог, реуматолог сега ќе одморам до 15г16 недела..
И мене секогаш ми е шубе денот откако ќе ми земат брисеви, секогаш имам промена на боја на исцесокот. Штом се смирило, смири се и ти.