јас намалив доза од два пати по 1/2 на еднаш по 1/2, па после по 1/4 и од прилика 12 недела прекинав. Ова за достинекс, а иначе ендокринологот ми кажа дека требало одма со бромергон да ми сменат терапија, ама чим сум ја намалила веќе не било валидно (јас намалив по инструкции на гинекологот)
Полна 11гн. Вагинален и цервикален ентерокока, урина ешерихија. Амоксицилин, пробиотаки вагиналети, брусница. Не знам дали се жалам или барам совет.
Имунитет паѓа.. И јас мака мачам со уреаплазма и покрај 3 антибиотици сега пак треба да правам брис да видам до каде сум.. Тоа е секоја трета е со по некоја бактерија.. Чекам и јас уринокултура резултати... Ќе се тешиме друго нема.. Пиј ги антибиотиците и работи на имунитетот..
Devojki zdravo, 17+6 nedela sum. Bev na pregled. Dodeka mi go merese grloto na matkata mi primeti nekoj infekcija koja ja vika sladz i se naogja kaj grloto na matkata. Ne se pojavuva na mikrobioloski brisevi. Mi dade da pijam sumamed po dve na den/ 7 dena. Mozela da predizvika predvremen poragjaj no i nemoralo. Dali nekoja znae sto e ova ili mozebi inala iskustvo? Dali so antibiotikov bi ja izlecila ?
Искрено не го сфаќам имево на инфекцијава. Сумамедот е безбеден во бременост бидеќи не ја пробива плацентата. НО знаеш ли што ќе ти стори на имунитетот ако испиеш по 2 на ден 7 дена ??? Прво без паника второ под итно да одиш и на второ мислење кај друг доктор .
Да имам закажано кај Димчев следна недела. И мене ми е јака дозата . Така и ми го напишала во извештајот. Видлив слаџ- потребна терапија. Како партали некои беа ми ги покажа.
Оди кај Димчев, чим си нашла термин толку брзо. По мое не го ни почнувај - не се салам значи докториве. Јас на матичната и пишувам на Вибер 2 дена пред пораѓај (и нагласив дека за 2 дена треба да се пораѓам) и бев дента како затната, омалаксана - женaта на невидено, онака ми враќа на пораката да земам Антибиотик 7 дена алооо каков антибиотик жено — за омалксаност и во 40та недела, на невидено?! Истата таа кога дојдоа резултатите од Приската не ми се ни јави (сестрата по меил само ми ги прати) за на крај да завршам со Нифти по препорака од др доктор. Имам пишувано за ова во други теми. Кога појдов да ја прашам дали се ок рез. ми вика аа бројкиве не треба вака, ако мајка, направи си тест ми вели! Како да не ја задавиш тука?! Да направам во 6ти месец? А зашто не ми кажа во 12та недела… ќе си ја преправев Приската, имав фора. Ама неее бе, ништо не ги интересира (чест на исклучоци) кај на приватно и одиш, плаќаш и тоа што не треба а она мува не ја лази за тебе! Така да, појди си на второ мислење. Димчев е супер! Лелее забегав со муабетов, sorry
Fala mnogu na mislenjeto, Kaj Elena Petrova vo Remedika bev, citav ja falat mnogu. Strucna doktorka mislam e sto znam, dokyorksta sto me vodi ne go ima videno ova. Sakav vtoriot skining kaj nea da go pravam. Kje pocekam edna nedela i kje vidam za mislenje uste edno.
На последниот брис излезе позитивна streptococcus agalactiae B, досега сите брисеви ми беа чисти. Докторот ми даде амоксиклав рече со него сигурно ќе се исчисти и не требало контролен брис. Плус рече да земам и вагиналети полигинакс за да не сум добиела кандида од антибиотикот. Сте имале искуство со ова, како сте поминале и ме зачуди за вагиналетите.
11+2 сум. Кога да одам за брисеви? Боли многу во бременост?! Пред бременоста одвај издржував. Уплав имам од самата помисла на спекулумот
Јас бев после скрининг. Може и 13та 14та да бев. Вриштев на столот од што бев стегната. Страв ми беше да не ме повреди. Абе будалска работа.
Обично ги земаат заедно со прв скрининг, јас ги правев во 16та недела дека имав кафеав исцедок баш ко требаше да ми земат. И искрена да бидам, ме болеше, ама се’ си е индивидуално и многу зависи од тој што ги зема. Ама се издржува, тоа е, среќа немав пак некој исцедок после тоа да се вадам од памет.
@Bubce38 јас бев после скринингот како @brm_brm исто и исто едвај издржав на столот. Што од стегната што од затнато се внатре оти немаме односи што од психа да не ме повреди... поголем ужас беше од што замислував. Да напоменам дека редовно, уназад 16-17 години, секоја година брисеви проверувам ниту сум осетила спекулум ниту сум осетила брис како ми зимат. Сега исто брисот не се осеќа ама тоа спекулумот ау ауууу стискај заби шо да ти речам друго
За мене не е толку страшно. Доколку не се стегаш и слушаш што ти кажува доктор. Јас вчера 3 пат правев во бременост, сега сум 30недела, не е болно, непријатно е секако, ама болка може да има само ако се стегаш самата. Не се плаши.
Jas ne sum vo Makedonija so ivf sum, od prviot pregled prasuvav za brisevi, mi vikaa prvo rano e, posle toa toj doktor shto me prevzede ne me razbirase shto baram bese mnogu vozrasen pred penzija, koga mu rekov da mi napravi priska mi vika toa e zastarena moda hahahah mi reche se shto treba da se pravi e napraveno i mi napravi samo prenatalen test i pap test. Koga otidov kaj ,,najdobriot,, spored site preporaki na net, poznanici, zvezdicki, ocenki toj mi rece vo 36ta nedela, eve gi dolu ispituvanjata koga shto pravam i ne popustaat nisto poveke od toa, barav, molev, insistirav i ete nikoj nesaka da mi napravi. Inaku vo MK gledam, chitam vo 12ta nedela gi pravat, nekoj i vo 17ta, nekoj osekjaat bolka, nekoj ne, kaj nekoj znae da se pojavi denta malku kafeavkasno, rozevkasno no nemora da znaci, toa e iskustvo od se shto procitav ovde izminative 5 meseci, sepak doktorot shto ve sledi najdobro znae shto treba za vas i koga.
Најважно е да се види дали има или не инфекција...а брисот? Ништо страшно, односи сум немала од лани од ноември, претходнава недела правев во 35та, олабави се, и полека... сепак од таму излегуваат главчиња и бебиња од по 3-4 кг, спекулумот не е страшен...
Јас цел живот стегната сум, ни провокации ни инекции ме отвараат. Катетер да ми се стави, тоа научна фантастика. Со мм секој пат како прв да ми е, од едниот крај на креветот до другиот ќе ме најдеш за секунда. На преглед кога одам, уште не седната згрчена. Муабетов ми е, јас кога не осетив ништо нит на првите нит на вторите брисеви, значи не е страшно ич. И да, многу зависи кој ти ги зема, до докторот е. Олабави се, некоја сцена во глава тие 10 секунди и готово. Во 13та правев, btw.
И јас ја имав на последниот брис, пиев само амоксиклав, не правев контролен брис и пред пораѓај само им напоменав дека ја имам бактеријата. За вагиналетките не знам што да ти кажам.