Денес бев на контрола и и спомнав на матичната дека немам направено TORCH. Добив одговор "Тоа се прави по индикација ако нешто не е во ред со плодот, или по спонтан". Значи треба лошо да се деси за да ти дадат упат. УЖАС се напнав многу
Мислам дека матичната е во право, и јас ја прашав мојата и ми го кажа истото, а и во претходната бременост никој не ми го спомна ова испитување. Истата докторка на другарка ѝ дала упат затоа што во текот на прегледот забележала дека има нешто, така што јас лично имам доверба во мојата матична и мислам дека немаш место за грижи и да не го направиш, ама ако баш те фаќа паника знам дека го прават и во авицена, само што мора да се плати на приватно :/
Здраво девојки, Колку време треба да помини по користење 6 вагиналети полиганкс за да се направат микробиолошки брисеви?
Ми стигнаа резултатите од брисеви, се е ок ама пишува редуцирана нормалната мимрофлора. Ја нема матичната цел ден да ми каже што да земам. Што сте користеле вие?
Ке ве замолам за совет.. Денес правев микробиолошки брисеви сум во 25 недела, ама при земање на брисеви имав крв можам да кажам дека не беше малце и многу се исплашив.Матичниот ми вика нема потреба од плашење затоа што било од земањето брис.
Nesto osekas? Ako nema nisto nema potreba od panika, ama kazi i na maticnata deka bilo poveke krv ne malce
Не ништо само се исплашив многу ..виде матичниот гинеколог тој ми земаше брис и рече поради хормоните е и затоа што е осетливо местото дека има зголемена проток на крв во матката
Nisto strasno ne e ako pri zemanje brisevi nesto se utne, ne daj boze, plodova voda bi proteklo, ne krv. Krvta poradi pogolem protok na krv e i po osetlivo e grloto na matkata sega. Uzifkaj si vo bremenosta ❤️
Здраво мамички матичната ми зеде брис во 33недела ги зедов резултатите пишува ,,не е изолиран streptococcus agalactiae,, и на резултатите од крвта леукоцитите и гранулоцитите ми се покачени... дури во вторник ќе одам на контрола но ако знаете дали ова е ок би ми било од помош оти како што се приближува терминот се повеќе ме фаќа паника
Дали ви се случило на некој после една доза антибиотици за уреаплазма во бременост и повтoрно позитивен брис, доктор да каже дека нема потреба од антибиотици повторно? Не знам што да мислам, матичниот ми препиша уште една доза антибиотици, а докторката каде што одам на приватно вика нема потреба кога еднаш е третирано. Ве молам за некое мислење или искуство?
Ureaplasma i mycoplasma se mnogu teski za lecenje. Mozes da gi tretiras i da ispadnat na nareden bris negativni i po eden mesec pak pozitivni. Cim pak ispadnal pozitiven bris pak treba antibiotik
Задолжителни се проверките и да имаш проблем и да немаш. А по потреба можеш да бараш повеќе од тие што се задолжителни.
треба да ги правам, понекогаш имам исцедок жолт/зелен со малце кафеаво. Сега сум бремена, а секогаш предтохно кога сум ги правела имав крв.. Не знам како ги прават во бременост овие тестови, не се малце ризични особено земање брис од грлото на матката?
Не се ризични. Треба да си го смениш гинекологот јас со првиот пап тест имав такво искуство со крв ама како си го сменив гинекологот немам такво непријатно искуство и пред бременост и сега за време на бременоста пренежна е докторката. едит: Ризично ќе биде да имаш бактерија а да не знаеш и да не ја лекуваш.