Здраво,другата недела имам закажано за прв преглед(да потврди бременост) па ме иинтересира од прилика колку чини ехото(или различно е кај секој гинеколог) и цена за брисевите (да знам колку да "спакувам" )
Матичната ехо ми наплаќа 300 ден. а за брисеви ми зема 400. Некои гинеколози ништо не наплаќаат за трудници, секаде е различно.
Zdravo dali nekoj imal streptokoka vaginalno i kako ja izlecil.. piev amoksiklav i sega stavam vaginaleti na baza cefpodoksim no ne osekam podobruvanje... iskustva ve molam sto ve spasi od ovaa dosadna bakterija...
Искуства со лечење Гарднерела? Ми препишаа Флажил 10 вагиналети и пробиотици..Дали е потребно и партнерот да испитува/пие нешто?
Не, и мене само тоа. За мм ништо не ми рече матичниот. Веројатно зошто ја имаме постојано таа бактерија во вагината, само се намножува некогаш. Не е сексуално пренослива.
Можеби ќе звучи смешно за некои, ама дали се пренесува уреаплазма контактно освен преку сексуален контакт? Вчера бев принудена да користам јавни вецеа и ми работи анскиозноста, па ми е страв дека допирајќи ги рачките од вратите некако сум пренела бактерија и долу. И кога е најдобро да се направи брис за евентуално да се детектира?
Na brisevite bo 12 nedela mi najdoa vaginalno enterococcus, antibioticite se penicilinski (ampicilin,amoxicillin,piperacillin)jas imam alergija na penicilin, vo senzitivni e vancomycin ali toj ne gi davaat, prepisani mi se samo neo penotran vaginaliteti … ima li nekoj iskustvo ke se izlece li samo vaginaliteti?
Која недела си? Јас имав уреаплазма на брисевите во 12та недела и во 14та недела пиев еритромицин. Сега наредната недела ќе одам да направам пак брисеви да видиме дали се повлекла. Што ти кажа матичниот гинеколог?
Јас сум 10та недела. Докторот ми рече во 12 недела и јас и сопругот да пиеме сумамед. Некако не очекував позитивен резултат се исплашив. Немам ни симптоми, дали може и сама да се повлече? Се надевам не е нешто старшно, не сакам да гуглам така повеќе се вознемирувсм, затоа мислев некој овде ако има искуство да сподели. Претпоставувам и не треба да имаме односи со сопругот додека не се среди за да не си ја пренесуваме меѓусебе.
За односи ништо не ми кажа матичната, ние во првите три месеци и онака немавме, а сега од второ тромесечие имаме ама со кондом баш поради уреаплазмата... се надевам дека овие брисеви ќе бидат чисти. Не се плаши викаат дека со терапија се средува, има овде тема уреплазма, можеш да прочиташ различни искуства
Zdravo devojki, da prasam kolkumpati se pravat brisevi vo bremenosta? Jas sum 24+2 i do sega samo ednas imam praveno vo prvotromesecje..
Уште едни има во 35/36та. А ако има потреба т.е ако имаш некои симптоми можеш да правиш кога сакаш контролни.
Дали некој ги правел последните контролни брисеви во 32-33 недела? Матичната ми го закажа следниот преглед за тогаш и ми рече тогаш и брисеви ќе земеме и со тоа, здравје, завршувам со прегледите кај неа, но секаде читам дека последните се прават во 35-36 недела. Има некој упатен колку е битна неделата за нив?
Јас правев во 29 недела, сите четири брисеви. Бидејќи ќе бидам царски матичната ми рече немам потреба од тој во 35-36 недела.
Девојки во петок треба да ми земе матичната брисеви,14 недела сум.и ми кажа во пролече да ги однесам.некој брзо да бил таму? Дали има се,и дали треба да се закаже
За уреоплазма ми препишаа Еритромицин белупо 250 мг. Овде читав дека повеќето од вас пиеле Еритромицин, дали се истите? Еве и слика. Докторката ми рече 3х1 после јадење, а на упатството пишува на гладно еден час пред јадење.