Зависи од докторот, некои само за стрептокока земаат. Мојот зема и од цервикс еден и плус за листерија. Како што читам овде најчесто само ГБС се прави за природен пораѓај.
Zdravo Jas odam kaj Lozhankovski, vo 32ra nedela mi zema 1 bris matichnata no ne mi kaza za koja namena a pritoa vekje 2 nedeli gi nema da se javat da mi kazat rezultati... Dali e ova posleden bris ili vo 35/36ta nedela treba da se napravat ushte brisevi? Fala odnapred
Претпоставувам кај Биљана си. И јас сум кај неа и кога ја прашав кога брисеви ми рече 35 недела, ама сега па оддамна не сум била зашто продолжив во систина. Да не се на одмор отидени? Јави се прашај до кај ти се резултатите
Дали за закажам царски мора да се достави брис за стрептокока? И друго прашање ме мачи деновиве, првите брисеви се прават дури после 12 недела, што доколку од тогаш до пораѓајот се јавила некоја бактерија, знам дека кламидијата е опасна при пораѓај, а не се манифестирала симптоматски? Во меѓувреме друга тура брисеви не се зема, освен тој за стрептокока нели.
Se pravat uste edna tura brisevi. Ne se sekiraj ama koga tocno ajde nekoja sto taze e trudna neka ti pishe. A stom ke se poragas carski ne se sekiraj bakteriite kako ureoplazma i onie sto se vo rodilen kanal nema da se problem bidejki bebe ne pominuva preku kanal
За царски не треба никакви брисеви мислам но можеш да го прашаш докторот за сигурно. Инаку мене ми излезе кламидија на брисевите во 12та нед и матичната ми рече не треба да се повторат зошто сум испила терапија сумамед и готово било решено. На крај се бара само за стрептокоа но има и доктори што сакаат сите брисеви да ги имаш пак. Најубаво ќе ти каже доктор ако знаеш кој ќе те пораѓа. Мене докторот од Гак ми рече за пораѓај само брис за стрептокока е доволно.
Па јас веќе сум 37+ освен за стрептокока не правев други. И сега ме јади јанѕа да не требаше барем за кламидија да ми земат уште еднаш.
Јас во 12та ги правев беа чисти, во 24 ги направив пак исто чисти. И сега заедно со тој за стрептокока матичниот ми рече пак да ги направам за да ми биде мирна главата и да не ги мислам.
Здраво девојки, дали некој скоро правел микробиолошки и која цена се брисевите, како и пап на приватно колку е? Исто знам дека за курир 250 ден се доплаќа, а за земање брис и пап, по колку ви наплаќаат матичните?
Јас сум 34 недела, денес ми правеше за стрептокока брис матичниот. Ама многу проформа беше земањево брис, само потргни ги гаките, површински се зема. Дали и вас вака ви земаа брис? Други брисеви не ми направи, само во 13 недела што правев микробиолошки целосни.
И мене денес така ми зема брис матичната најверојатно така се прави за да не го повреди бебето незнам
Површински се зима тој брис не е од цервикс. Само тоа бараат за пораѓај обично, другите брисеви не требаат.
Здраво. Јас добив крварење во 12 +5 од хематом . Сега сум 15+5 уште имам кафеав исцедок . Ме интересира дали можам да земам сега микробиолошки брис или да почекам уште да не направам некоја беља да не прокрварам пак повеќе. Страв ми е да не имам некоја бактерија не сум уште направила брисеви. Еден доктор ми вели почекај еден ми вели можеш. Има ли некој искуство. Што мислите вие . Хелп
Денеска ги правев. првите брисеви 12+3сум и пап тест исто така. Имав кафеав секрет на секојдневната и на првото бришење. Матичен вика нормално е. Дали и вас ви се случило така?
Zdravo dali moze nekoja trudnica ili mami pred brzo vreme sto bila na poragjaj da mi kazi. 35+4 dena sum bremena, no imam ureoplazma dali moze da nastani problem na bebus pri prirodno poragjanje ili da zakazam za carski? I dali so carski ke nema nikakov problem? Ve molam mami i stomacinja kazete mi denes cel den zbesnav od mislenje i nervozi. Vi blagodaram mnoguu