Мешиња дали некоја има носено брисеви во Пролече? Ме интересира дали имаат реагенси за тие во 35 недела што се прават.
Кога ги правев претходната бременост ми кажуваше сестрата што од брисевите може во Пролече а што мора приватно ради немање реагенси, ке ти кажат кај матичниот сигурно.
12та недела сум и на брисевите имам гарданела и кандида. За една недела треба да почнам со терапија. Матичната ми рече да не се грижам ама како што прочитав бактеријава била опасна за трудници. Некој со искуство?
Денес добив резултати од брисевите.Позитивна на уреаплазма и гарднерела вагиналис.Искуство со овие две?Најверојатно ќе ми препише антибиотик
Во првата бременост имав уреаплазма и со три антибиотици не ја средив па се откажавме на крај се беше во ред
Пробиотик не ти даде со нив ? Јас еве има два месеци како испив една доза еритромицин орално и вагиналетки плус една доза сумамед и уште не е исчистена ама се консултирав со уште двајца доктори покрај матичната веќе нема да ми даваат антибиотик, продолжувам со пробиотик орално и вагинално.
На брисевите на крај на прво тромесечие имав кандида. Ставав Канестен 3, потоа пробиотик вагинално Вагилакт и ми помина.
Правеше потоа контролни брисеви? Мене ми рече др дека нема потреба. Јас имам уште една вагинална Микорил и крем Микорил мачкам надворешно. Симптоми речиси и да немам(и кога се појави не беше изразена) освен пецкање на перинеумот при мокрење. За среќа рече дека не влијае на цервиксот.
Не, не направив, приметив по исцедокот дека го снема таков каков што беше. И мене ме тешеше тоа што не е опасна за бременоста. Немав прво проблем, па ми рече ако почнам да осеќам чешање, пецкање, да земам Канестен. Така, кога ми се појави нелагодност и такви симптоми, почнав да ставам.
Дали ви ги правеле брисевите во 34 н. што се прават и во прв триместар? Денес бев кај замената на мојата матична и ми зема брисеви со спекулум, но малце прокрварев и затоа некако ми дојде шубе
Здраво, моментално сум 16+1 ќе ве замолам за искуство со уреоплазма, првпат во живот добив вагинална бактерија ниту знам од каде ни како. Ми дадоа сумамед 2 дози + Нео пенотран Форте, но на контролен брис пак ја има
После колку време го направи контролниот брис? Кај мене после 8-миот ден од последното испиено апче ми беше сеуште присутна, но на контолните во 26та недела немаше присуство на бактеријата.