Јас носев во центар за јавно здравје во февруари. Имав симптоми на инфекција и точно ми покажа кандида албиканс во вагина. За кламидија немаа реагенси па брисот го однесов во Пролет. Инаку ако не го примеа таму,прашував во Авицена беше 800ден.
Со оглед на тоа што секогаш сум правела брисеви сабајлечки, до кај 12ч, 1 ч, сум ги носела. Имам правено и во ИЈЗ и еднаш на Микробиологија.
Девојки искуство со Стрептокока при вагинален и перианален брис? Ми излезе позитивен, 34та недела сум,има и антибиограм. Јас немам никакви симптоми Со кој антибиотик сте ја лечеле и дали правевте контролен брис?
Еве сега читав дека пуштале антибиотик и на пораѓај. Малку се сомневам во веродостојноста на резултатот, ги носев во Пролет. Вработената ги зема ги стави пред неа,никаков извештај не ми даде,готово оди си ми вика. А гужва беше невидена. Ај барем се тешам подобро да е позитивно да примам терапија отколку да се негативни а навистина да има бактерија. Јас сум алергична на пеницилин,претпоставувам нешто друго ќе ми дадат @0ли Правеше ти контролен брис? Како се порѓаше,царски или спонтано?
Ќе ти дадат друго. Прво што ме прашаа беше дали сум алергична. Не правев контролен, ми рекоа дека нема потреба бидејќи ќе сум со царски. Ама ти мислам природно си, па можеби ќе треба да направиш.
Ми се јавија денес стигнале резултатите од брисевите (сите 4) негативни Се надевам вака ќе остане до крај
На Вагинален и цервикален брис резултатот е: Од примерокот не се изолирани патогени бактерии. Од примерокот не се изолирани candida albicans i candida spp. Дали ова значи дека има или нема Кандида. Матичната не е заинтересирана и вели добри се резултатите.
Здраво девојки, денес сум 12+2 , сабајле бев на преглед и ми земаа брисеви. Но кога ми ги земаше докторката ми рече имаш инфекција/секрет и ми препиша два вида вагиналети Макмирор комплекс и Микотрит 1. Резултатите од брисевите ќе бидат во среда… дали некоја ги има користено овие вагиналети? Ве молам за совет доколку имате искуство и дали сте користеле два вида вагиналети во исто време.
Pa centar za javno zdravje e prolet, ili prolece ko sto gi vikaat. Ti vo institut za javno zdravje si nosela valjda.
Еве почнав да ставам и јас, вчера вечер ставив пред спиење и еве сега после повеќе од 14h имам доста исцедок жолт како што е вагиналетата. Дали и тебе толку ти тече или јас не сум ја ставила добро?
дечки, 26+2 сум, правев микробиолошка анализа на урина, чисто е се, немам бактерија, ПХ вредноста ми е покачена и имам некогаш чешање и црвенило. секс не сме имале со мм, брисеви чисти, не знам што да правам. некогаш се мачкам со микорил крема и се смирува и ми е пријатно, но инаку премногу имам чешање. дали сте се соочиле со нешто слично?
Можеби е кандида иако на брисеви не ти ја покажала штом и поминува од микорил земи и вагиналети и види.