Утрогестанот не смета за брисевите, јас ставив вечерта и сабајлето во 6 а од 8ипол ми земаа брисеви. Докторката рече дека не пречи само кога ги однесов во биотек им спомнав дека имам утрогестан и запишаа.
Здраво! Дали може некој накратко да ми објасни за што се земаат брисеви? Исто така, сакам да ве прашам колку коштаат брисевите кај матичната и уште колку пати до крајот на бременоста се земаат брисеви? Ви благодарам однапред!
Здраво, Дали брисевите се задолжителни во бременост ако ти имаат земено брисеви и имаш проверено се' во текот на изминатата година? Колку плативте? Слушнав дека дел од брисевите матичните лекари ги праќале на приватно. Дали може да одбиеш да ти земат брис?
Брисевите матичен ги зема и ти сама ги носиш во институт или центар за јавно здравје. Препорачливи се да се направат во 13та недела и другите во 35та недела зошто и да немаш симптоми може да имаш бактерија и да се третираат.
Благодарам! Ми кажаа дека дел се носат во Институтот за јавно здравје и не се плаќа, но дел се носеле само на приватно и во зависност од тоа што се проверува имало различни цени. Претпоставувам дека има работи што мора да се проверат, но за проверка за сексуално преносливи болести мислам дека е фрлање пари.
4 брисеви се земаат мислам и за сите има на државно, ваљда кога носеле тие што ти кажале за приватно, немало реагенси па ги дале на приватно, затоа има опција на 2 места државно да се однесат. А за земање брисеви, по мене е доста важна работа за следење во бременост зошто и те како инфекциите може да направат компликации.
Благодарам! Најверојатно се тие истите 4 што ги направив пред неколку месеци. Прашувам овде затоа што единствена информација што ја добивам е од докторката и од сестрата. И ова со приватно ми го кажа сестрата денес. Претходно инсистираа да правам приска на приватно затоа што за ГАК требало врски за термин и не било возможно за мене, па откако ѝ кажав дека се јавив на ГАК и дека сакам таму излегоа еден куп слободни термини.
Здраво, да прашам дали има некој искуство со Гарднерела вагиналис бактерија? Користев ацидосалус вагиналети ама изгледа не ми помогнаа. Некоја искуство ? Фала
Brisevite vo 13 nedela dali se zimaat so spekulum, pred edna nedela prokrvariv , najverojatno poradi pukanje na kapilar, mi e strav povtorno da ne se sluci pri zemanje na brisevi.
Да, ист страв имав и јас поради крварење баш кратко пред брисевите но напоменав на докторката полека ги зема и реално ништо не се случи после тоа си бев покриена со терапија, но ако ти е страв прашај дали смее да ти ги земат 1 недела подоцна.
Мене ме интересираше која е процедурата за земање брисеви и дали може покасно од 13 недела да се земат.
После колку време од терапија се прават контролни брисеви, во случај на најдена бактерија и терапија со антибиотик и вагиналети?
Здраво, во 9та недела правев брисеви ми искочи Гарднерела бактерија ? Примав Ацидосалус вагиналети но не ми помогнаа, во потоа правев контролни во 11та искочи истата бактерија и ми даде Антибиотик и др вагиналети , сега ми зема контролен брис но само од Вагина по што искочи дека е чист но имам редуцирана микро флора. Прашањето ми е дали на тој брис би искочило доколку имам друга бактерија, бидејќи пак имам чешање , боцкање дури и жолт исцедок . Фала
Затоа ме интересира гледам дека бавно се топат. Др ми кажа да ставам неколку дена па да одам на контрола . Сабајле станувам воопшто немаше истечено ништо , него во текот на денот ми истече по малку.