Ајде ти само не се нервирај, се што е откриено со време се лечи така да спокојно. Многу бактерии знаат да се појават и во текот на бременоста, па после се лечат и се раѓаат суперски бебиња. Башка може и ништо да не е, може се грешни резултатите, па како што те советувал докторот оди на испитување преку крв (и јас имам слушнато дека ако си ја имала нема да можеш да останеш бремена, точно).
ми стигнаа новите резултати за кламидија - НЕГАТИВНИ СЕ! Џабе стресови, нервози,плачење , неспиење ....
И јас го имам истото искуство...на брисевите ми се појави позитивна кламидија, не земав ништо, туку веднаш ја испитав преку крв и ми беше негативна. Којзнае како ги испитуваат на државно...
Ве молам, кажете ми густ не многу чест секрет како секрет од нос жолтеникава боја, дали е симптом за некаква инфекција оти пред 3 недели ставав канестен, па ми е страв да не е нешто посериозно! односи сум немала 3 месеци, а ваквиот секрет ми се појави пред 10 тина дена......може да е не дај боже кламидија или некоја јака инфекција?????. инаку ниту ме пече ниту ме чеша...ама забележително е густ секретот! кажете ми од искуство што може да е??? ја прашав ГИН ми рече може да е кандида или нешто пропратно со кандидата? а несакам да ми земат брис оти прокрварев кога ми земаа во 13 недела (тогаш открив дека имам кандида). пишете ми..pleaseee..
Јас сум слушнала а и приметувам кај мене дека е зголемен секретот откако сум бремена. Не е густ, туку како водичка, ама го има ептен. Ова што го кажуваш како да е кандида, ама ќе треба да се прегледаш обавезно. Мене ми најдоа кандида иако не беше густо и немав никаков друг симптом и ми рече докторката 3 дена Канестен вагиналети (тоа е максимум за 1 месец што смееш). Оди на преглед и пиши и не се секирај жити се, пошто знаеме ние да си паничиме а ништо да не е
^ Ах Сноу, ќе се караме . Еве ти, на втора страна од истата тема, пишале кои брисеви се зимат bremenost/kontrolni-brisevi-vo-bremenosta-t4731/10.html
денес ги предадов, дури во вторник резултати ако им е малце една недела следниот петок да одам ако не,....бог да чува.
а јас да си прашам, зашто првите брисеви кога ги правев ми земаа 4 бриса, а еве сега последните ги правев и само два бриса, и резултат од двата меѓу кои на едниот пишува ГБС! Каков е овој брис за ГБС? За што е ? Јес да резултатите ми се негативни ама не ми е јасно зашто само два бриса, а што ако во меѓувреме сум закачила некоја бактерија- уреоплазма, кламидија и сл.? ич не сум спокојна, маж ми вика - да беа позитивни среќна ќе беше, вака одма нешто не е во ред ама па не ми е нормално во 9ти месец да не се провери пак се детано, што дека на почеток сум немала ништо ?!?!?!
Мене ме интересира кога точно се прават првите присеви и за што се тие? Имав пишувано во труднички моабети дека имам секрет кој што ми мириса и е онака...прљав...дали со првите брисеви може да се види од каде и зошто го имам тој секрет?
во 12 недела се првите, за утврдување на бактерии доколку ги има, брис од вагина, кламидиа, урео плазма, микоплазма, кандида, доколку недај боже нешто друго од посоченово има на самиот брис од вагина ќе се утврди што е и веднаш да се преземе соодветна терапија, а за секретот можно е да имаш и уринарна инфекција немора да значи дека е бактерија од вагината,или може и да е од апчиња доколку пиеш , но секако ова е само нагаѓање како и да е провери се со време.
Ти благодарам на одговорот...мене уште ми е рано за брисевите 5 недела сум...само ме плаши да не биде касно за да откријам од каде е тој секрет...мислам не дај боже да е нешто посериозно...
^сега во 8ма недела би требало ПАП да ти направи, ако претходно во брзо време немаш направено. Па таму исто ќе ти проверат,за превентивно некои вагиналети ако ти препишат.Зошто и онака пред 13та недела не можеш да примаш терапија.
Во март има последно правено ПАП тест имав кокоидна бактерија примав вагинални и ми рече од кога ќе ги ставам сите може да работиме на сличајот бебе..така да ја псолушав ги ставив и првиот месец после вагиналните не се фати бебушко,наредиот се фати...и јас се мислам да не има останато нешто уште од таа кокидна бактерија,но на контрола кога бев(за утврдување бременост) ми рече дека не може ништо да ми даде за секретот.
^кокоидната бактерија и мене ми ја покажа на ПАП во 8ма недела, и гинек. ми кажа дека не е ништо опасна и страшна, дури се мислеше дали воопшто да ми даде терапија, ама ми рече да земам вагиналети 6 дена. Гинекс 3 И сега ми зема брисеви во 13та недела, па ќе видиме сега дали ќе покаже нешто, но сега по 13та недела смеам терапија да примам. Како и да е, не паничи за кокоидната бактерија, + сега набрзо си на контрола, ќе си се консултираш.
Jas na 8 avgus ke odam makedonija a bas toj den ke sum 12 nedela e sega neznam dali ke mosi da patuvam sto mislite mozi da se otkazat tie pregledi za koga ke se vratam ili pak mora da se pravat?
џанина во 12-недела ти се првите најбитни прегледи за утврдување на состојбата на плодот пред се, како за даунов синдром така и за начинот на развој на бебчо, доколку не си во можност тоа да го направиш во земјата каде што живееш можеш и во МК и тука има доволно стручен кадар не се секирај но како и да е мој совет ти е да не го прескокнеш овој преглед, а ти сепак консултирај се со лекарот што ти ја води бременоста