Девојки сали некоја имала микоплазма во бременост. Немам мир веќе какп поминавте во бременоста имаше ли последици на бебетп . Резистентна е на сите леково шѕо се пијат во бременост ве молам за помош
Rezistentna e na sumamed. Mi rece da cekam do 10 nedela bar pa ke mi sade nekoj antibiotici cite vo listata sto gi ima se zabraneti za bremeni
Во прво тромесечие не се препорачуваат антибиотици, затоа повеќе е wait & see пристап, јас ја имав уреаплазма, двете се лоши бактерии бидејќи немаат клеточен ѕид, а повеќето антибиотици се активни така што ги напаѓаат клеточните ѕидови на бактериите. Затоа уреаплазма и микоплазма се резистентни на многу антибиотици. Земај работи за да кренеш имунитет што во бременоста како друго стање знае да опадне доста. Прашај го гинекологот дали може барем да ти препише некои вагиналети на природна база да одржуваат кисела средина. Имаш ли симптоми, исцедок?
Во search побара? Има членка која имала микоплазма и уреаплазма (и двете заедно). Ја излечила со Сумамед, вагиналети, пробиотик и незнам уште што... Сигурно има начин како да ја лечиш. Ако неможеш во старт да пиеш антибиотик, вагиналети бар мора да ти дадат...
Јас ја имав, пиев сумамед ама околу 14та недела. До кај 12 недела не ми дадоа да пијам, се избегнува. Немаше никакви последици кај бебето.
Девојки првите брисеви ви ги земаа со спекулум? Во Систина ми земаа само еден брис без спекулум, матичната ми рече мора со спекулум дека се 4 и цервикално не може без спекулум. Имав повеќе водест исцедок еден ден после брисевите па малце сум загрижена дали може некаков проблем да настане од спекулумот. Го користеше најмалиот спекулум за да не осетам нешто.
Мене ми се направи слергија од спекулумот тој нивниот, до сега приватно одев и имаа пластични секогаш. 14+3 доле воспалена, пликови, веќе 5 ден ништо не помага, матичната вика мачкај кортико крема. Во бременост па може ли? Пластичен спекулум каде да најдам, ме гледаат како од Марс падната по аптекиве.
Мислам дека мора царски, барем на снаа ми и правеа царски поради кондиломите така и беше кажано пред скоро 3год.