Здраво девојки, само што видов дека излегле резултатите од брисеви на мое здравје. Дали можи некој да ми кажи дали е во ред или не, дури одам кај матичната. На останатите брисеви пиши негативно.
Имаш кандида, ништо страшно. Ќе ти даде соодветна терапија. Она знае да биде многу досадна. А во бременоста и честа појава. Малку ќе внимаваш и на исхраната, да не јадеш многу еднолична храна и благо. И пиј повеќе јогурт.
Имаш и Ешерихија коли не е само кандида. И на вагиналниот и на цервикалниот брис. На антибиограмот се дадени антибиотици на кои е сензитивна (таму кај што пишува S, тие антибиотици би делувале против неа), и матичната може да ти препише некој од нив. Немам искуство со оваа бактерија но имам со многу други...мене единствено што ми помогна е вагинален пробиотик.
Позитивна на брис за стрептокока во 36та недела. Ми даде вагиналети и амоксиклав 5 дена да пијам. Се надевам до породување ќе ја снема.
Исто и јас и стрес огромен си направив, а не е ништо страшно доколку се третира. Кои вагиналети ти ги даде?
Девојки искуство со стрептокока?37н сум сега ми пиша матичната дека сум била позитивна да отидам да ми даде антибиотик..Се лечи ли брзо?Немам искуство со никаква бактерија до сега..
Здраво на сите Дали може да ми кажете кога се почнува со правење на брисеви во бременост. Јас сум во рана бременост 7ма недела и не сум информирана, ова е се ново за мене па би сакала да знам кога се почнува и какви испитувања ме очекуваат. Убав ден на сите