Со пап тест не се испитува бактерија, нешто погрешно сте разбрале. Се земаат брисови кај матичен гинеколог и се испраќаат во лаб.
Дали некоја од вас ги има правено првите брисеви микробиолошки во Ремедика? Колку чини ова? Матичниот ми спомна дека треба да се направат после првиот скрининг и Приска. Па размислувам и за приватно, ме интересира цената, дали има некои пакети што како брисеви спаѓаат во испитувањето и слично.
Убаво ја разбрав дека ми рече ке направиме пап оти оваа бактерија и уште една заборавив која само на пап се покажувале. Не ги имало во пакетот стандард микробиолошки што се.Е сега не знам дали толку знае, а друг пакет правев микробиолошки брисеви на кои имаше брис од вагина, од цервикс, микоплазма и уреаплазма и хламидија.
Здраво девојки, имам бактерија Enterococcus fecalis, колку може да биде опасна ? Дали имате искуство? Каква терапија сте примале ? Уште ова ми требаше 27ма недела сум со скратен цервикс Последниот месец примав 5 Вида антибиотик и ете пак бактерија.. Ако може некој да ми сподели искуство дали лесно се лекува, додека чекам докторката за терапија да ми одговори.. се загрижив многу
Здраво, дали е касно за први брисеви во 14та недела? Кога ќе бидам 12-13та недела баш тогаш матичната ќе биде на одмор тие две недели и денес на прегледот ми рече кога ќе се врати тогаш ќе провериме брисеви.
Здраво, Дали некоја од вас правела брис за стрептокока околу 35та недела во Систина и колку платила за истото?
Здраво, јас треба да правам следната недела. Мислам дека е околу 1000 ден, ама ако не ти е итно ќе ти пишам тогаш колку точно ќе платам.
Што направи со бактеријата? Ја имав и јас на почеток на бременост, пиев амоксицилин 5 дена и се среди
Пиев јас амоксиклав 7 дена , правев контролни брисеви , се среди фала богу... Сега за една недела ќе правам последни брисеви пак, се надевам нема ништо...
Фала ти на инфо, баш сега сакав да ѕвонам да закажам заедно со редовниот преглед. Ме буни малку затоа што кога им се јавив таму, таа не знаеше да ми одговори, па прашуваше некој околу неа, и на крај ми рече околу 3000 денари Ама вака уште повеќе ми одговара
Земање брисеви 2150 Цервикален брис, вагинален брис и PCR за кламидија во брис 3х1650ден. Брис за уреаплазма/микоплазма 1250 Цени од февруари 2024, рачунај сега може и поскапено да е.