2 пати, накај 13-14та недела, и кога ќе влезеш во 9ти месец (36та недела), пред пораѓај. Мислам беа 3-4 брисеви вкупно, последниот пат и за стрептокока прават брис.
Здраво, дали некој знае цена за пап тест и брисеви(кои ординацијата ги носи на испитување), во Гинековита-др Сузана Костовска- како матичен доктор?
Да, во 35та недела во уринокултура и во брисеви. Ми дадоа алмацин. Испив една доза, направив контролна уринокултура после 8 дена и сеуште ја имам, па од вчера почнав ампицилин. Ми рекоа на пораѓај венски обавезно се давало антибиотик.
И јас имав некаде во 10та недела, ми дадоа (мислам 3) вагиналети и крема да мачкам надворешно 10тина дена. Треба да се третира, ќе ти даде и тебе матичниот сигурно. Ќе се среди.
Во првата бременост ја имав,ми даде Ивановски 3 вагиналети канестен ,и кремата канестен ја мачкав надворешно.
Мико пенатран 1200мг една вагиналета во 13та недела. Не е страшно но мораш да го прашаш гинекологот да ти даде нешто соодветно за тебе. Среќно и со лесно.
Вие што ги имате пиено Сумамед за уреаплазма, како ви ги дозираа? Матичниот вика 2 наеднаш и после 7 дена уште едното апче. Друг доктор вика 1х500 плус 4 дена по 250мг, во аптека 3 дена по едно апче. Јас стварно не знам што да правам.
Здраво 35 недела сум и имам стрептокока, многу сум исплашена, може ли да ми кажете искуства како сте поминале на породување и како било бебето зошто читам дека ако се пренесе на бебето може да биде опасно
Здраво, јас исто така имав стрептокока во 35та недела. Пиев амоксоцилин 3х1 5 дена и плус за време на пораѓајот ми дадоа антибиотик. Јас се породив со итен царски. Ми кажаа дека и бебето има стрептокока и додека бевме во болница и он беше на антибиотик после тоа се беше океј. Немој да се плашиш се ќе биде во ред.
Од која недела почнавте со брисеви? И кои брисеви, какви брисеви правевте? Нова сум во ова, не знам уште ништо, како изгубена сум.
Во 12та недела се прават, заедно со Торч. Стандардни брисеви во бременост се. Претходно само крвна слика, урина и ехо да се види како се одвива бррменоста. После брисевите е првиот скрининг, се гледа нухална коска, како се развива бебето, ова е задолжително и многу битно. По желба можеш да си направиш нифти, тоа е хромозомско испитување, хромозомски аномалии на плодот детектира, преку крв. После тоа преглед на еден месец имаш, се до втор скрининг од 20-23та се прави.
Сега само ехо имам правено, за крвна слика планирам наредна недела, моја 6та недела, валда сум на време? На ехо излезе дека во ред се одвива.
Здраво женски, пред 2 месеци имав спонтан абортус без киретажа и без медикаменти. Гинекологот ми рече откако ќе добијам после тоа да направиме испитувања. Направив тромбофилија, брисеви, испадна дека имам ешерихија на брисот но не и на уринокултура, исто така и тромбофилијата даде дека има промена. Но во меѓувреме повторно сум бремена 5 недела, и заради бактеријата ми дадоа антибиотик цефалексин, аспирин заради тромбофилијата и фолна киселина. Прашањето ми е , преплашена сум од антибиотикот што го земам, цело време мислам дека ќе му наштети на плодот, и уште куп негативни мисли. Искуства во врска со ова? Докторката ме искара дека требало да почекам да исчистиме се па после да останам, но ете се случи од само еден пат и искрено сама сум си крива препремногу.Се каам што не почекав се да средам па после да се тера работата..