Које бројче од стикот го користиш? Имаш розев или жолт подтон на лицето? Јас го имам бр.7 и изгледа ужасно портокалово на лице.
9ка ја користам. На лице убаво изгледа, не е портокалова ич. Ако е најтемна, барем така памтам, на лице воопшто не изгледа многу темно кога ке се избленда убаво, баш таман. Имам светол тен со жолт подтон.
Ми треба бронзер, хајлајтер и по можност руменило. Највеќе би сакала да се сите три заедно како сет, но може да ми препорачате и некои посебни што ви се испробани. Фала
Дали знае некоја каде можам да го најдам овој производ, дали воопшто го има во Македонија. Или друг бренд но со оваа нијанса? Изгледа прекрасно за разлика од стандардните портокалови тонови.
Ова е од NYX. Дали конкретниов продукт го има кај нас не знам, меѓутоа NYX како бренд држат во Александар Козметик, спроти ТЦ Зебра, па можеш да си провериш
Имаш вакви сенки, не мора да пишува на продуктот дека е за контури и аамо за тоа да се користи. Мислам катрис имаше нешто слично ако не се лажам, од поединечните сенки. + ако се одлучиш за оваа боја треба ептен да пазиш како и каде нанесуваш. Малце ако претераш може да изгледа како некој да ти мавнал бокс во образ и да ти помодрел.
И јас имам ваков сет, ама никако не ми оди контуирањето. Кога ќе пробам да се нашминкам изгледам како лицето да ми е извалкано.
Од кога ќе ставишш пудра, или коректор, или бб крема, што и да користиш, обавезно сетирај го цело лице со камена пудра. Кога ќе го ставаш бронзерот истреси ја четката да нема вишок продукт на неа и подобро надоградувај го бронзерот, отколку да шлапнеш многу одеднаш.
Таа лево е за контури, второто е хајлајтер и третото е бронзер, кој можеш да го користиш место руменило и од страните на челото. Има уште една нијанса од овој сет што е со розево руменило.
Колку што се чита на последното пишува blusher(руменило), а на првото бронзер. Мада мене и последново поише ми иде како за контури него ли како руменило.