Јас бидејќи скоро секогаш си сетирам со камена пудра или во прав, повеќе ми одговара палетата (ја има неколку постови погоре), со 4 елементи. Ми се допаѓа баш, и нијансите се нежни, за дневна шминка, а може и да се надоградува за појака шминка
@Sexybaby86 Мислам дека некаде прочитав дека ти го користиш дуото за контурирање на Тренд ит ап. Го барав постот ама не можам да го најдам, како си задоволна? Се мислам помеѓу него и палетата на Аура ама мислам дека на Аура не можам цела да ја искористам. И дали знаеш цена на тоа на Тренд ит ап? Ако не си била ти, сори .
Затоа и не можев да го најдам постот, цел саат барам . @CameliaMiller Фала ти, штом така сигурно нема да ја земам палетата. Некој друг производ за контурирање од кој си задоволна?
Јок. Не користам баш баш. Имам мат бронзер со ладен подтон па тој го користам кога сакам подефинирано лице
Дали го користи некој сетов? Дали е добар ? Не е баш ефтин околу 530 денари е па дали вреди за парите? И дали тоа кафеното што е за контури може да се користи и како бронзер за јаболчниците?
Девојки здраво, Не сум многу упатена, прочитав и тука, ама сакав да прашам. Купив палета со контури ама се како сенки (суви) - не знам дали објаснив убаво. Прочитав дека тие се користат врз камена пудра. Прашањрто ми е дали може и само врз течна пудра или нема да има ефект?
Може и врз течна само, но потешко се бленда така и може да ти тргне од пудрата па да изгледа ако лошо нанесено или како флеки. Ако ја сетираш течната со камена тогаш поубаво ќе се нанесе.
Не знам зошто, ама секогаш когга ставам камена порите многу, премногу ми се истакнуваат и затоа не користам. Ама ќе пробам дома да видам . Фала ти
девојки кај да најдам палета за контурирање ама да е мрсна а не во прав? видов аура имаат убави ама во стиснат прав се.